На денешен ден…
41 Римскиот цар Калигула, познат по својата ексцентричност и суров деспотизам, е убиен од неговата незадоволна Преторијанска гарда.
1848 Започнува Калифорниската златна треска во Сакраменто.
1946 Со решение на Министерството за народна просвета на Македонија првата македонска граматика е одобрена за учебник во средните училишта. Нејзин автор беше професорот Круме Кепески.
1984 Apple Computer Inc го претстави својот револуционерен Macintosh персонален компјутер
1991 Во Скопје, во издание на НИП „Нова Македонија“, излезе првиот број на независниот македонски неделник „Пулс“.