• Latest

24 јули низ вековите

July 24, 2018
Screenshot

Османи порачува дека нови градби без дозвола под негова одговорност нема да има, Меџити го обвини за лицемерие бидејќи живее во дивограба легализирана за едно евро

October 14, 2025

Ви благодариме што се залагате за вистината и демократијата

October 14, 2025
Demolished Gaza
Photo source: Al Jazeera video screenshot

Ројтерс: ОН соопшти дека земјите се подготвени да помогнат во финансирањето на обновата на Газа од 70 милијарди долари

October 14, 2025
US Embassy Mexico City
Source: Embajada Estados Unidos en México Facebook

САД поништија визи на најмалку 50 мексикански функционери во акцијата на Трамп против нарко-картелите

October 14, 2025

(ВИДЕО) КОЛЕГИУМ: Избори со високи влогови – јасно и директно

October 14, 2025

Лариса Дир: Светот да ја повика Русија на одговорност

October 14, 2025
Tens of thousands join national strike in Belgium over welfare cuts
Source: Screenshot Euronews

Национален штрајк на големите синдикати во Белгија ги погоди јавниот превоз, аеродромите и бродовите

October 14, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Четири дена пред изборите – активности на кандидатите, ветувања, предизборни стратегии, политички наративи и злоупотреба на деца во кампањата

October 14, 2025
Креирано со помош на ВИ

Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

October 14, 2025

Албанскиот политички кампус во финишот на изборната кампања: Меѓу „референдум“, локални состојби и општински столчиња

October 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 јули низ вековите

July 24, 2018 07:49
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1567.- Незадоволното благородништво ја принудило да абдицира шкотската кралица Марија Стјуарт поради нејзиниот обид да ја наметне римокатоличката политика во протестантска Шкотска.

1704.- Британските сили под команда на адмиралот Џорџ Рук го одзеле Гибралтар од Шпанците.

1783.- Во Каракас, Венецуела, е роден Симон Боливар, јужноамерикански револуционер и национален водач. Раководел со борбите за независност на шпанските колонии и нивното национално оформување. Ги ослободил Венецуела, Еквадор, Панама и Перу. Умрел на 17 декември 1830 година.

1802.- Во Вила Котере е роден Александар Дима – таткото, француски писател. Автор е на авантуристички романи, меѓу кои најпознати се „Тројцата мускетари“, „Грофот Монте Кристо“, „Црното лале“ и „Ѓерданот на кралицата“. Умрел во 1870 година.

1824.- Резултати од првото испитување на јавното мислење во светот биле објавени во американската држава Делавер во очи на претседателските избори во САД.

1883.- Во обид да ги преплива брзаците на реката над Нијагарините водопади се удавил Метји Веб, кој во 1875 година прв го препливал каналот Ла Манш.

1908.- Турција била прогласена за уставна монархија. Овој датум се зема како Ден на победата на Младотурската револуција.

1923.- Грција, Турција и сојузничките сили во Првата светска војна ја потпишале Лозанската декларација, врз основа на која било извршено принудно иселување на христијанското население од Турција во Грција и на муслиманското население од Грција во Турција, со што во голема мера бил изменет националниот состав на Егејска Македонија.

1943.- Сојузничкото воздухопловство во Втората светска војна ја почнало операцијата „Гомора“, концентрирано тешко бомбардирање на германскиот пристаништен град Хамбург.

1946.- Во Пацификот, во близина на островот Бакини, САД ја извршиле првата подводна атомска експлозија.

1957.- Во Прилеп умрел Методија Андонов – Ченто, македонски револуционер и државник, прв претседател на Иницијативниот одбор за свикување на Првото заседание на АСНОМ и борец за правата и слободата на македонскиот народ. Во 1946 година со пресуда на Окружниот суд во Скопје, бил осуден според Законот за кривични дела против народот и државата и тоа со лишување од слобода 11 години. Умре како маченик, а бил рехабилитиран во октомври 1990 година. Роден бил во Прилеп, на 17 август 1902 година.

1967.- Францускиот претседател Шарл де Гол во Монтреал го завршил говорот со зборовите „Да живее слободен Квебек“ (канадска покраина со француско етничко мнозинство, некогаш француска колонија), предизвикувајќи скандал во канадската јавност и жесток протест од страна на премиерот Лестер Пирсон. Поради тоа шефот на француската држава бил принуден да ја скрати посетата на Канада.

1974.- Умрел англискиот физичар Џејмс Чедвик, добитник на Нобеловата награда за физика во 1935 година, кој три години претходно го открил неутронот. Во Втората светска војна во Лос Аламос, САД, тој бил главен британски инструктор на проектот за развој на атомска бомба.

1976.- Американскиот вселенски брод „Викинг 1“ се спуштил на Марс со што почнало истражувањето на можноста за живот на оваа планета.

1980.- Умрел англискиот филмски актер Питер Селерс, исклучителен комичар. Филмови: „Д-р Стренџлав“, „Лолита“, „Пукот во темница“, „Затвореникот Зенде“, „Добредојдовте господине Ченс“.

1991.- Умрел еврејскиот писател Исак Башевис Сингер, добитник на Нобеловата награда за литература во 1978 година. Неговите дела се инспирирани од традицијата и фоклорот на Евреите во Источна Европа, особено во родната Полска, каде што живеел до преселувањето во САД во 1935 година. Негови познати дела се „Изгубен во Америка“, „Непријатели“, „Љубовна приказна“, „Москатови“, „Стара љубов“ и други.

1992.- Во Скопје, во издание на Министерството за народна одбрана на Република Македонија бил промовиран првиот број на списанието „Одбрана“.

2005.- Умрел британскиот научник Ричард Дол, кој прв ја утврдил врската помеѓу тутунот и ракот на белите дробови, како и помеѓу алкохолот и ракот на дојките. Исто така го открил и позитивното дејство на аспиринот во лечење на срцевите заболувања.

2005.- Американецот Ленс Армстронг седумпати по ред триумфирал на најголемата светска велосипедска трка – Тур де Франс, завршувајќи ја својата кариера со подвиг за кој се чини дека тешко ќе биде повторен.

2016.- Починал Димитар Мирчев, македонски универзитетски професор, професор Емеритус по политички науки, редовен член на Европската академија на науки и уметности во Одделот за општествени науки, право и економија. Мирчев бил поранешен амбасадор на Македонија во Словенија и нерезидентен амбасадор во Ватикан, а извршувал и важни функции во политичкиот живот на Македонија. Мирчев бил роден во Сливен, во 1942 година. Основно и средно образование завршил во Скопје, а високо на Правниот факултет во Белград. Специјализирал методологија на општествени науки на Универзитетот во Брадфорд, Велика Британија, магистрирал во Скопје, на политички науки, на тема „Изборниот процес во Англо-саксонските земји“. Докторирал на Факултетот за општествени науки на Универзитетот во Љубљана, на тема од политички науки, „Критика на граѓанските теории на партиципацијата“, а бил и на пост-докторски претстој на Школата за јавни работи и меѓународни односи на Универзитетот во Питсбург, САД. Димитар Мирчев бил основач на Младата демократска странка, на Македонскиот совет на Европското движење и еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија. (МИА)

Print Friendly, PDF & Email
Tags: времепловна денешен ден
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Новите нуклеарни закани од Москва со радост се шират во дел од македонските медиуми

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ