• Latest

24 јуни низ вековите

June 24, 2018
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

24 јуни низ вековите

June 24, 2018 08:58
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

79.- Умрел римскиот цар Тит Флавиј Веспазијан, основач на династијата Флавиевци. Во текот на владеењето од 69 година победил во борбата против еврејските востанија во Палестина. Во Рим ги подигнал величествените објекти како што се Колосеумот, Капитол и Амфитеатарот.

1497.- Англискиот морепловец Џон Кебот ја открил Канада и ја прогласил за Северна Америка под влијание на Велика Британија.

1509.- Хенри Осми, вториот монарх од династијата Тјудор, бил крунисан за крал на Англија.

1812.- Францускиот цар Наполеон Први на чело на војската од 611.000 војници (составена од речиси сите европски нации) ја преминал реката Њемен и ја почнал инвазијата врз Русија. Неговата војска наредните месеци претрпела огромни загуби, но во септември 1812 година сепак влегол во Москва која Русите ја напуштиле. Натамошната воена тактика на Русите речиси ги уништила Французите кои до декември 1812 година, кога биле и поразени, ја напуштиле Русија. Од 130.000 до 150.000 војници од француската војска преживеале, а рускиот војсководец фелдмаршалот Михаил Кутузов ги прогонувал се до Париз.

1859.– Во селото Солферино, во близина на Мантова и езерото Гарда, во Италија, во текот на војната за обединување на Италија (1850-1870) се водела една од најтешките битки во текот на 19 век, кога загинале или биле ранети околу 40.000 луѓе. Во битката здружената француско-пиемонтска војска ја поразила австриската. Победата над Австрија го забрзала процесот на обединување на Италија.

1861.– Во Загреб излегол од печат Зборникот на народни песни, епохално дело на браќата Димитар и Константин Миладиновци, македонски преродбеници во 19 век. Зборникот повеќе од еден век бил поетски учебник за идните генерации македонски писатели. Објавувањето на Зборникот го овозможил познатиот хрватски бискуп, Јосип Јурај Штросмаер.

1886.- Умрел рускиот писател Александар Николаевич Островски, чии дела се основа на рускиот класичен драмски репертоар. Дела: „Шума“, „Бура“, „Таленти и обожувачи“, „Без вина виновни“, „Девојка без мираз“, „Сиромаштијата не е порок“, „Свои сме, ќе се спогодиме“, „Волци и овци“.

1894.- Францускиот претседател Мари Франсоа Сади Карно во Лион бил убиен од еден италијански анархист.

1901.- Во Париз била отворена првата изложба на 19-годишниот шпански сликар Пабло Пикасо.

1908.- Умрел американскиот државник Стивен Гровер Кливленд, претседател на САД од 1885 до 1889 и од 1893 до 1897 година.

1909.- Роден е англискиот атомски физичар и математичар Вилијам Џорџ Пени, татко на британската атомска бомба. Под негова контрола била испробана првата британска атомска бомба во 1952 година на островите Монте Вело во западна Австралија.

1916.– Почнала офанзивата на силите на Антантата на реката Сена, во Франција, во која стотици илјади луѓе, со месеци со своите животи ја плаќале кратковидоста на своите команданти. Во таа најкрвава битка во Првата светска војна Французите загубиле 590.000, Англичаните 412.000, а Германија имала половина милион мртви и ранети војници.

1930.- Роден е францускиот филмски режисер Клод Шаброл, претставник на „новиот бран“ во француската кинематографија. Филмови: „Убавиот Серж“, „Роднини“, „Наивни девојки“, „Офелија“, „Шампањски убијци“, „Неверна сопруга“, „Невините со валкани раце“.

1948.- Советските трупи по наредба на Сталин ја почнале блокадата на Западен Берлин, која траела до мај 1949 година.

1973.- Најстариот светски државник Емон де Валеро (90) дал оставка на функцијата претседател на Ирска, на која бил од 1959 година.

1975.– Меѓународната организација на трудот во Женева, ја усвоила Конвенцијата за работниците-емигранти. Конвенцијата предвидувала обврска на сите земји-членки да ги почитуваат основните човекови права на сите странски работници на работа во нивното стопанство и да обезбедат еднакви можности за вработување, социјално осигурување и индивидуални и колективни слободи.

1994.- Во Скопје, во издание на Македонскиот светски конгрес, излегол првиот број на светскиот македонски неделник „Македонско сонце“.

2003.- Претседателот на Русија Владимир Путин ја започнал историската посета на Обединетото Кралство, како прв шеф на руската држава во официјална посета на оваа земја од 1874 година, кога Кралството го посетил рускиот цар Александар Втори.

###

Tags: 24 јунивремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ