• Latest

25 ноември: 20 години ЦИВИЛ, компромисно решение за Малиот групен дом во Визбегово, буџетот, борба против насилството врз жените…

November 25, 2019

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
Кривичен суд - Скопје

Притвор за четири лица осомничени за поткуп во врска со ИПАРД програмата

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

25 ноември: 20 години ЦИВИЛ, компромисно решение за Малиот групен дом во Визбегово, буџетот, борба против насилството врз жените…

November 25, 2019 16:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: 20 години ЦИВИЛ, 20 години броба за човекови права и слободи!

Без коктели и забави, туку работно, како и секогаш, со конференции, јавни настапи и ангажирани мултимедијални културни настани, ЦИВИЛ ќе го одбележи јубилејот. Настаните на оваа организација, како и секогаш, се дестинација за сите свесни и активни граѓанки и граѓани кои имаат енергија, волја и потреба да се вклучат во справувањето со предизвиците во нашето општество и поддршката на демократските процеси и евроинтеграцијата.

ЦИВИЛ ги повикува сите свои членови, поддржувачи, соработници, граѓанки и граѓани заеднички  во наредните две недели да бидат дел од активностите – една голема конференција на 29 ноември, посветена на граѓанското општество „Меѓу стремежите и реалноста“, панел дискусија „Рампа“ по повод 3 декември, Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби, мултимедијален ангажиран Фестивал на слободата, на 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права и низа други активности.

Трите деца вратени, ќе се бара компромисно решение за евентуална дислокација на Малиот групен дом во Визбегово

„Трите деца кои вчера беа префрлени во друг дом, веќе се вратени во Малиот групен дом во Визгебово. Засега нема никаква закана по нивниот живот“, изјави денеска министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.

Според неа, дали Домот ќе се дислоцира како што бараат дел од жителите во Визбегово, допрва ќе се одлучува, зашто дискусијата е во тек, но во секој случај, ќе се бара заедничко, компромисно решение. Во врска со забелешката на некои жители од Визбегово дека воспитувачите не се грижат доволно зашто доцна навечер децата излегувале од Домот и шетале низ населбата, Царовска е децидна.

„Малите групни домови не се затвор. Тие се од отворен тип. Овие деца се соочувале со социјални ризици со кои поголем дел од нас не се соочиле никогаш во животот. Службите не само што се присутни, туку се таму 24 часа“, изјави Царовска.

Буџетот за 2020. за опозицијата е предизборен популизам, за власта реален и развоен

Предлог буџетот на државата за следната година за кој денеска стартуваше расправа во матичната собраниска комисија, според опозициската ВМРО-ДПМНЕ, е нереален, неразвоен, само со социјална компонента и мерки кои се евтин предизборен популизам. Наспроти нивната оценка од парламентарното мнозинство оценија дека буџетската каса се заснова на реални проекти и ќе овозможи вложување во човечкиот капитал, поддршка на приватниот сектор, зголемување на потрошувачката со раст на платите и пензиите, реализација на инфраструктурни проекти.

Буџетот за наредната година ќе изнесува 3,615 милијарди евра. Капиталните инвестиции се проектирани на ниво од 23 милијарди денари, а 56 отсто од вкупните буџетски расходи се за области врз кои се потпира човечкиот капитал. Буџетските проекции се врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8 отсто од БДП и дефицит од 2,3 отсто. 

ФЛЕШ ВЕСТИ

Меѓународен ден за борба против насилството врз жените годинава се одбележува под мотото „Обојте го светот портокалово: Генерацијата еднаквост против силувањето“. Како и претходно и годинава Меѓународен ден ќе го означи отпочнувањето на 16 дена активизам што ќе заврши на 10 декември 2019 година, што е Меѓународен ден на човековите права.

Министерски форум за култура меѓу Кина и земјите од ЦИЕ денеска и утре во Скопје

Министерство за култура тврди дека не било најавено присуство на навивачка група во МНТ

Потпишан Меморандум помеѓу Владата на РСМ и Швајцарската агенција за развој и соработка за изборни реформи со цел да се зајакнат институциите кои спроведуваат фер и ефикасни изборни процеси, со фокус на внатрешно демократизирани политички партии, чии политики и изборни програми се ориентирани кон граѓаните и нивните потреби

Премиерот Зоран Заев денеска коментирајќи ги наводите во медиумите за вандалско однесување и оштетување на инвентарот на Македонскиот народен театар, што се случило во петокот по прославата на Денот на албанската азбука, изјави дека мора да има одговорност од организаторите и надомест на штета.

МИСЛА

На јавноста ѝ се обраќа соработник на децениски режим. На партија која како никогаш досега да не била на власт. Висок функционер на партија која во овие 28 години независност што тој во писмото ги проколнува, како да не владеела цели 16. Ни се обраќа сведок и соучесник во тоталитарното владеење кое земјава и каузата ја водеа во бездна, од корнер Зоран Иванов за „Забегана работа“

„Кодошилак, злоба и антидржавност“ за „Разбирливо е незадоволството, дури и лутината поради обезвластеноста на ВМРО-ДПМНЕ, сомнителниот партиски рејтинг; разбирлив е и различниот (опозициски) поглед врз нештата, немоќта, повредената суета, па и нетрпеливоста кон политичкиот конкурент“, колумна на Милан Банов.

Каде е „нултата точка“ на аферата „Рекет? добро утро со Сашо Орданоски: Ќе успее ли Обвинителството со ваков квалитет на докази да го убеди Судот во наводите од обвинението? Особено кога во сензационалната конструкција на целиот скандал треба доволно убедливо да се аргументира вмешаноста на Јанева? Едно патемно „Сè ќе биде О-Кеј“ и „уапсениот“ тросед ли се крунските докази? Во изминатите години, гледаме, Јанева од СЈО земала толку пари на име на редовни и дополнителни приходи, што таа би можела самата да опреми стоковна куќа за намештај – до троседот од Камчев ли ѝ дошло?!

Биљана Јордановска

во саработка со Маја Ивановска, Диана Тахири, Зоран Иванов, Сашо Орданоски и Милан Банов

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ