• Latest

26 јуни низ вековите

June 26, 2018

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ го обвинува лидерот на СДСМ за молк по објавувањето на дипломатска нота од Бугарија

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

26 јуни низ вековите

June 26, 2018 06:54
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Меѓународен ден за поддршка на жртвите на тортура. Светски ден на борба против дрогата.

1541.– Во судирот меѓу шпанските освојувачи за власт на новооткриените територии бил убиен нивниот водач Франциско Писаро. Тој во 1532 година, со само 200 војници, со измама, ја зазел престолнината на Инките, Кахамарка и го заробил царот Атахуалпа, по што Перу станала шпанска колонија, а во 1535 година ја основал Лима, подоцна престолнина на Перу.

1810.- Умрел Жозеф Моголфие, француски пронаоѓач. Со својот брат Етјен го конструирал првиот аеростат-воздушен балон наполнет со топол воздух. Роден бил во 1740 година.

1824.- Роден е Вилијам Томсон Келвин, англиски физичар. Работел на воведувањето на апсолутен систем на единици и мерења, учествувал во полагањето на трансатлантскиот телефонски кабел и изработил температурна скала. Умрел во Белфаст, на 17 декември 1907 година.

1836.- Умрел францускиот офицер Клод Жозеф Руже де Лил кој во 1792 година ги напишал зборовите и мелодијата на француската химна.

1861.- Во Прага умрел Павел Јозеф Шафарик, словачки филолог и историчар, еден од најистакнатите чешки и словачки народни преродбеници. Неговото дело е од големо значење за словенските народи. Меѓу другото, ги објавил и Житијата на Кирил и Методиј. Роден бил во Кабеларево, на 13 мај 1795 година.

1892.- Родена е Перл Бак, американска писателка. Светска слава стекнала со своите романи за животот на кинескиот народ. Најпознати нејзини дела се „Добра земја“, „Мајка“, „Исток – Запад“, „Синови“, „Разурнат дом“ и други. Добитник била на Пулицеровата награда во 1931 година и на Нобеловата награда за литература во 1938 година. Умрела во Данби, на 6 март 1973 година.

1898.- Роден е германскиот конструктор на авиони и индустријалец Вилхелм Мезершмит, главен конструктор на авионите на нацистичка Германија во Втората светска војна.

1906.– Во францускиот град Ле Ман била одржана првата автомобилска Гранд при трка.

1945.- Во Сан Франциско, во САД, претставници на 50 земји потпишале Повелба за основање Организација на обединетите нации (ООН). Повелбата стапила во сила на 24 октомври 1945 година (овој ден се прославува како Ден на Обединетите нации).

1970.- Александар Дубчек, шеф на Комунистичката партија на Чехословачка и водач на реформското движење наречено „прашка пролет“ до интервенцијата на Варшавскиот пакт во август 1968 година, бил исклучен од владејачката партија.

1992.- Во Скопје била формирана Македонската фармацевтска комора, со цел да ја организира и унапредува фармацијата како неделив елемент на здравството.

2000.- Меѓународниот тим на научници го објавил епохалното откритие – мапата на човечките гени, оценувајќи го тој настан како „историска точка во стоилјадагодишното постоење на човештвото“. (МИА)

Tags: 26 јунивремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ