• Latest

Аналитичари: На Мицкоски му престојат „тешки“ денови – дали Арсовска може да биде „шпицен играч“ место него?

October 10, 2023
Фото: Скриншот од видео на X

Шегата на Еди Рама со Макрон и Алиев стана вирална – реакција од Белата куќа

October 3, 2025
Фото илустрација, генерирано со Ви

Во Норвешка уапсени тројца Германци по инцидентот со дрон

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на The Guardian

ОН: Безбедните зони на југот од Појасот Газа се фарса и места на смртта

October 3, 2025
Фото: Влада

Мицкоски – Мацут: Унапредување на билатералните односи и економската соработка, гасно и коридорско поврзување

October 3, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Во Чешка попладнево започнаа парламентарните избори, учестуваат 26 партии и коалиции и 4.462 кандидати

October 3, 2025

Трамп со ултиматум до Хамас: Имате рок до недела во 18 часот или пеколот ќе се урне врз вас

October 3, 2025

УНИЦЕФ: Локалните лидери мора да ја стават иднината на децата на прво место

October 3, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина

За употребата на токсични хемиски супстанци од страна на Русија против вооружени сили на Украина

October 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Ричард Гир за Доналд Трамп: Имаме претседател кој не е само луд, туку е и темно присуство, за 6 месеци речиси ја уништи нашата земја

October 3, 2025
Пожар избувна во рафинеријата за нафта Орскнефтеоргсинтез во руската област Оренбург на 3 октомври 2025 година. Фото: SBU

Украински дронови ја погодија една од најголемите руски рафинерии во јужен Урал, потврдува извор од СБУ

October 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Аналитичари: На Мицкоски му престојат „тешки“ денови – дали Арсовска може да биде „шпицен играч“ место него?

October 10, 2023 13:19
in ПОЛИТИКА, СТАВОВИ
Share on FacebookShare on Twitter

Новата анкета на неделникот Фокус,покажа драстично разместување на расположението на политичките преференции на граѓаните после последниот жесток партиско-политички судир меѓу поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и Христијан Мицкоски, вели во изјава за „Фронтлајн“ – политичкиот аналитичар, Благојче Атанасоски.

Благојче Атансоски
Благојче Атансоски

– Всушност, таа анкета покажува дека ако Никола Груевски преку градоначалничката на Град Скопје, се појави на следните парламентарни избори преку партиски или граѓански листи ќе нанесе директна штета на резултатот на опозицијата, односно ќе ги преполови десничарските гласови. Тоа според мене е и очекувано, бидејќи станува збор за долгогодишен поранешен премиер, уште повеќе и лидер на ВМРО-ДПМНЕ што сè уште има големо влијание врз десничарските гласачки изборни бази кои во него гледаат херој и патриот, наместо осуден криминалец, смета Атанасоски.

Берат Азизи

Од друга страна, политичкиот аналитичар Берат Азизи смета дека на рејтингот на политичките лидери во Северна Македонија не влијаат многу поединци или нивните противници, туку сè зависи од мислењето и перцепцијата на граѓаните.

– Последните анкети кои покажуваат дека поранешниот премиер Никола Груевски е попоуларен од лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски, во време кога Груевски не е активен во политиката, јасно покажуваат дека јавноста (граѓаните) во земјава сè уште имаат носталгија за поранешниот премиер. Од друга страна, мислам дека политичката иднина на Христијан Мицкоски воопшто не е во рацете на Данела Арсовска, иако таа повеќе не ја поддржува ВМРО-ДПМНЕ. Ова го велам врз основа на фактот дека Данела како кандидат за град Скопје имаше голема поддршка од албанските политички субјекти кои беа одлучувачки за нејзината победа. Друг елемент што мислам дека влијанието на Данела воопшто нема да му наштети на рејтингот на Мицковски е поврзан со тоа што граѓаните секогаш го поддржуваат политичкиот субјект, платформата на политичката партија и политичката програма, игнорирајќи ги поединечните личности, смета Азизи.

Според него, ако Данела создаде политичка партија, тогаш може да имаме поинаква ситуација не само со Мицкоски туку и со другите политички субјекти, бидејќи незадоволните граѓани може да се преселат во таборот на Арсовска.

Зоран Иванов, панел „Уставни измени- Исток или Запад“, 29 јуни 2023 год. фото: Д. Муратов

Долгогодишниот новинар и познавач на политичките случувања во земјава, Зоран Иванов потенцира дека Арсовска е сепак преслаба политичка конкуренција на политичката сцена во Северна Македонија. Но додава дека, тоа не значи дека не е повешта од Мицкоски, но факт е дека зад вториов покрај тридецениска доминантна партиска традиција стои и една цела организирана вмрежена партиска структура, а на таа тема скопската градоначалничка е само флуид.

– Еден со друг не се конкуренција. Најмногу што Арсовска може да посегне во политиката е да се докопа до пратеничко место и тоа евентуално преку некоја предизборна коалициска структура од партиите во најава и ништо повеќе, а и не верувам дека би си го скратила мандатот на привлечната градоначалничка функција за замена за собраниско столче, изјави Иванов за „Фронтлајн“.

Исмет Рамадани
Исмет Рамадани

Политичкиот аналитичар Исмет Рамадани вели дека Данела Арсовска му наштети на Мицкоски од кога храбро му кажа дека со нејзе не може да изведе коруптивни и криминални дејства, како што беше со финансиските срества за Пречистителната станица во Скопје.

– Од друга страна Мицкоски се повлече исплашен од тоа што ќе излизе со „рацете во мед“ и се одлучи со советничката група на ВМРО-ДПМНЕ да ја попречува во остварувањето на програмата ветена за градот Скопје. Градоначалничката Арсовска требаше да оди до крај со Мицкоски во случајот на „рацете во мед“ со докажување пред јавноста и обвинителството. Но како и да е, до некаде му наштети на „чистиот образ“ на Мицкоски, изјави Рамадани за „Фронтлајн“.

На Мицкоски, додава тој, му престојат многу предизвици во кариерата како партиски лидер, бидејќи, смета Рамадани, неговите негаторски ставови ги нарушуват односите со САД и ЕУ, како и со земјите од соседството.

– Во внатрешната политика ги нарушива односите со Албанците, со неговиоте некогашни лидери и значајни истомисленици. Во овие последните е и Данела Арсовска која може да му наштети во намерите за премиер до толку за да им прегори желбата за таа висока и многу одговорна функција. Се надевам дека доволно ќе им биде и на двајцата да останата несудени шпицни играчи. Времето ќе покаже кој кого „изеде“ политички во наредните месеци, нагласи Рамадани.

Проф. Ана Чупеска

Професорката Ана Чупеска во изјава за „Фронтлајн“, вели дека Мицкоски откако е на чело на ВМРО-ДПМНЕ не успеа да се издигне над личните интереси и не направи ниту еден зрел потез во интерес на државата

„Анкетата укажува една сигурна работа а тоа е дека Мицкоски седи на две столчиња а најбитно му е неговото лично. Откако е на чело на ВМРО ДПМНЕ не успеа да се издигне од личните интереси негови и на неговата блиска околина, и не направи ниту еден зрел политички тотез во интерес на државата“, истакна Чупеска

Последната анкета на „Фокус“ покажува дека поранешниот претседател на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, сè уште има подобар рејтинг и е поомилен кај нивните гласачи од сегашниот претседател, Христијан Мицкоски.

Груевски е омилен кај 11,1 отсто од избирачите, додека Мицкоски има поддршка од 10,5 отсто. Дури и шест години по преземањето на претседателското столче во ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски не успева да го надмине рејтингот на својот претходник.

Оваа анкета е прва која излегува по внатрешниот раздор во опозициската партија во кој Мицкоси и Груевски преку медиумите и социјалните мрежи влегоа во отворена битка. Очигледно ваквиот внатрешен раздор се пресликува и во јавноста, но и има ефект врз рејтингот и стабилноста на партијата на политичката сцена. Анкетата на „Фокус“ покажува дека големите поделби во ВМРО-ДПМНЕ ја ослабнаа партијата и го намалуваат нејзиниот партиски рејтинг.

Дестан Јонузи / Фронтлајн

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Ана ЧупескаБерат АзизиБлагојче АтансоскиЗоран ИвановИсмет Рамадани
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Сиљановска-Давкова: Не е точно дека се фотографирав со восочна фигура, фотографијата со Трамп и неговата сопруга е автентична

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ