• Latest

27 февруари: СДСМ и БЕСА во предизборна коалиција, нема нови случаи со корона вирус, јавен увид во Избирачкиот список…

February 27, 2020

Жерновски: Ни ја исклучија струјата сред митинг во Иловица, но не и вербата!

October 12, 2025

„Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

October 12, 2025

Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

October 12, 2025
Фото: А. Мехмети/ЦивилМедиа

Семејни пат’ридии

October 12, 2025

Пакистан и Авганистан на раб на војна: Размена на оган, тенкови и дронови на границата

October 12, 2025

Кампањата за локалните избори 2025 влегува во последната седмица

October 12, 2025

Филипче бара одговор: Дали Владата прифаќа мигранти за милијарди евра – Муцунски демантира: Лага е!

October 12, 2025

Локални избори во Косово

October 12, 2025
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

27 февруари: СДСМ и БЕСА во предизборна коалиција, нема нови случаи со корона вирус, јавен увид во Избирачкиот список…

February 27, 2020 18:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: СДСМ и БЕСА договорија предизборна коалиција

СДСМ и Движењето БЕСА денеска во Музејот на современа уметност го официјализираа предизборниот договор за заедничко учество на изборите.  Лидерите на СДСМ и Беса, Зоран Заев и Биљаљ Касами потпишаа Декларација за заеднички настап на изборите на 12 април. Прв пат во историјата на независна Македонија се постигна предизборна коалиција меѓу партии на Македонците и на Албанците.

-Нашето општество се менува на подобро, граѓанскиот концепт едно општество за сите ги победува стереотипите, времето на поделба заминува во историјата. Денес моноетничкиот концепт кога партиите се обраќаат само на своите или само на етничкиот кампус е поразен… Движењето БЕСА е првата албанска партија, која го надмина амортизираниот концепт – етничките гласови да се употребуваат како бројка за постизборни калкулации за учество во владини коалиции, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев, по официјализирањето на предизборната коалиција меѓу СДСМ и БЕСА за престојните предвремени парламентарни избори, закажани за 12 април.

Лидерот на СДСМ истакна дека во семејството на полноправни членки на ЕУ и НАТО се влегува со дела и визија и додаде дека на изборите во 2016 година СДСМ била првата македонска партија, која со своите принципи привлече десетици илјади албански гласови.

Нема да прифатиме да бидеме уценувани и нема да прифатиме непринципиелни договарања. Оние кои ќе пристапат треба да ги прифатат  нашите принципи, рече Заев по потпишувањето на заедничка изјава со БЕСА за партнерство во наредните 4 години, со обврзувачки карактер.

На потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со СДСМ, лидерот на Движењето Беса, Билал Касами гледа како на историски чин и ги повика гласачите да ја поддржат коалицијата којашто ќе овозможи членство во ЕУ и НАТО алијансата.

„Ова е историски ден. Очекувам албанските гласачи да ја искористат оваа историска можност да бидат членови на владејачката коалиција. Оваа коалиција е продолжение на возот за НАТО и членството во Европската унија“, рече Билал Касами, шеф на движењето БЕСА по потпишувањето на договорот за предизборна коалиција со СДСМ.

БЛИЦ: Заев дрско ги омаловажи „историските“ придобивки на УЧК и ВМРО-ДПМНЕ!

Џабир Дерала: Овој политичар, Заев, кого новинарот Героски своевремено го нарече Балканскиот Ганди, продолжува со надминување на поделбите по етничка основа и предизборно коалицира со партија на Албанците. Каква дрскост! Па ово нема ни у Београду!

ПОЛИТИЧКИ ОК КОРАЛ: Вирусна предизборна кампања

Како се доближува датумот за избори, така се заострува и кампањата. Не се бираат средства, апсолутно се користи секоја ситуација да се нападне политичкиот противник. Дел од препукувањата стана дури и корона вирусот, откорнатите покриви на училишта или фасади од проектот „Скопје 2014“ (кои на социјалните мрежи се шират дезинформации дека тоа е поради неспособноста на оваа власт), а вистината всушност, е дека тие градби, кои ги однесе силниот ветер, се направени во времето на владеењето на лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Никола Груевски.

НЕ ПОМАЛКУ ВАЖНО

Долниот дом на шпанскиот Парламент изутринава го ратификуваше Протоколот за пристапување на Северна Македонија во НАТО. За ратификацијата на својот Фејсбук профил напиша шефот на дипломатијата Никола Димитров.

– Долниот дом во Мадрид, утрово го ратификуваше пристапниот НАТО протокол со 279 гласа ЗА и 1 глас против! Muchas Gracias! Следната и последна станица: Сенатот…, напиша министерот за надворешни работи.

*

Негативни се денешните резултати на пациентката кај која постоеше сомнеж за корона вирус, објави министерот за здравство Венко Филипче.
„Пациентката е една од двата случаи кои се тестираа на Инфективната клиника во Скопје. И двата случаи се негативни на вирусот. Во моментов, веќе хоспитализираната пациентка на Инфективната клиника во Скопје која со комбе допатува од Милано е единствениот регистриран случај заразен со вирусот COVID 19. Таа има лесна форма на клиничка слика, се чувствува добро и се лекува симптоматски на Клиниката за инфективни болести“, соопшти министерот.
*

Односите меѓу Северна Македонија и Руската Федерација се одвиваат на принципиелно и пријателско ниво и постојат потенцијали за унапредување на соработката во областа на економијата, образованието, науката и културата, беше заклучено на денешната средба на техничкиот премиер Оливер Спасовски и рускиот амбасадор во земјава Сергеј Баздникин.

*

Државната изборна комисија го објави Адресарот на подрачни одделенија и канцеларии на ДИК каде граѓаните можат да извршат увид во Избирачкиот список или да дадат поддршка на листи на кандидати за пратеници на предвремените парламентарни избори.

„Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да извршат
увид во своите податоци во избирачкиот список, тоа можат да го направат лично во подрачните
одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија, кои се сместени на горе наведените
локации.

Сите заинтересирани граѓани на Република Северна Македонија, кои сакаат да дадат потпис
за подршка на листа на кандидати за пратеници, предложена од група избирачи, тоа можат да го
направат лично во подрачните одделенија и канцеларии на Државната изборна комисија надлежни
за територијата каде живеат, а кои се сместени на горе наведените локации.

За време на јавниот увид и собирањето потписи за подршка на листи на кандидати за
пратеници предложени од група избирачи, подрачните одделенија и канцеларии ќе бидат отворени
секој ден од 09:00 – 19:00 часот а на 06 март и 11 март 2020 година до 24:00 часот“, соопштуваат од ДИК.

Според роковникот, јавниот увид во Избирачкиот список ќе трае до 11 март до 24 часот, а рокот за собирање потписи за поддршка завршува на 6 март во 24 часот.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Со оглед на зголемениот интерес, како и можностите да се зголеми обемот на изборниот мониторинг, ЦИВИЛ ги повикува своите членови, поддржувачи и учесниците на семинарите за граѓанско новинарство, набљудувачите на претходните изборни процеси, како и сите заинтересирани полнолетни граѓанки и граѓани да аплицираат за краткорочни изборни набљудувачи.

ЛИНК ДО АПЛИКАЦИЈА

Функционери и активисти на политички партии немаат право на учество на овој повик. Не е дозволено да се биде набљудувач на две организации истовремено.

Предност во процесот на избор за набљудувачи, како и секогаш, имаат членовите и поддржувачите на ЦИВИЛ, поранешни набљудувачи, како и оние што учествувале на семинарите за граѓанско новинарство.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Не се грижете, од старост ќе си умрете“, е насловот на колумната на Сашо Орданоски кој пишува за корона вирусот, додавајќи – „Е, добро, де, ќе пропадне некоја екскурзија и повеќето 8-мартовски лумперајки… Голема работа! Какви сме ние, кога ќе помине оваа здравствена непријатност, после тројно ќе надополниме!

Затоа, се молат кафеанските оркестри да не паѓаат во непотребна депресија, а крчмарите да не шират паника… Ќе му се одмаздиме ние на вирусов „со камата“! Нема друго, ќе мора од старост да се умира.

*

Зоран Иванов во својата колумна „Рајнхард Прибе за носител на листа“ пишува дека – „Разочараноста на граѓаните од партиски елити би требало да е добра можност за престојните избори партиите конечно да завртат друг лист. Да ги стегнат своите кадровски критериуми. На македонската политичка сцена да им престават личности. Афирмнирани, докажани, способни, авторитетни, ценети во својата струка, почитувани во средината во која работат и респектирани од нивните конкуренти.

Џевдет Хајредини поентира дека „Никој нема право да се удира в гради дека е претставник на Албанците“, додавајќи – „ДУИ со предизборна коалиција со СДСМ, ги доби скоро сите градоначалници. Сега на Али не му се свиѓа со СДСМ коалиција да прават другите албански партии.

Освен тоа, на последните парламентарни избори, бројот на Албанците кои гласаа за СДСМ не беше многу помал од оние кои гласаа за ДУИ. Затоа, никој нема право да се удира в гради дека само тој е претставник на Албанците“.

Дехран Муратов

Во соработка со: Ангела Петровска, Биљана Јордановска

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    111 shares
    Share 44 Tweet 28
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Семејни пат’ридии

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ