• Latest

27 јуни низ вековите

June 27, 2018
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
Филипче - Мицкоски (фото извор: Wikimedia Commons)

Од Бриж до Егејот: Политиката се дави во препукувања, јавноста останува без информации

August 16, 2026
Колаж од фотографии од јавно достапни архиви за војната во Македонија, 2001 година

Ахмети, Бучковски и Тачи со спротивставени сведоштва за 2001: Имало ли план за поделба на Македонија?

August 16, 2026

Voxeurop ја објави анализата на Џабир Дерала за цената на заробеното правосудство во Северна Македонија

August 16, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

27 јуни низ вековите

June 27, 2018 06:53
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1550.- Роден е францускиот крал Шарл Деветти. Во текот на неговото владеење од 1560 до 1574 година почнале верските војни меѓу римокатолиците и хугенотите (француските калвинисти). По наговор на неговата мајка Катерина де Медичи, која делувала во договор со папата Гргур Тринаесетти, во 1572 година го одобрил колењето на хугенотите во познатата Вартоломејска ноќ.

1574.- Во Фиренца умрел Џорџо Вазари, италијански сликар, архитект и писател, еден од основачите на историјата на уметноста. Неговите биографии на италијанските уметници меѓу 13. и 16. век претставуваат главен извор за проучување на италијанската уметност во тоа време. Роден бил во Аредо, на 30 јули 1511 година.

1858.- Со мирот во Тенцин завршила Кинеско-англиската војна. Кина била принудена на англиските бродови да им отвори свои пристаништа и да ја легализира трговијата со опиум.

1941.- Во селото Ростуше, Гостиварско, бил роден Нијази Лимановски, основоположник на Културно-научната манифестација на Македонците муслимани, доцент на Институтот за географија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, како и претседател на Здружението на етнолозите на Македонија. Умрел на 12 октомври 1997 година.

1941.- Унгарија и Финска му објавиле војна на Советскиот сојуз.

1943. – Во селото Ѓавато, Битолско, е роден Димитар Башевски, македонски романсиер, поет, преведувач и издавач. Завршил Филозофски факултет на Универзитетот во Скопје. Долги години работел како новинар, уредник и постојан дописник на весникот „Нова Македонија“ од Атина. Бил директор и главен уредник на издавачката куќа „Култура“. Сега е главен уредник на издавачката куќа „Слово“. Претседател не Македонскиот ПЕН центар. Член на ДПМ од 1969 година. Најпознати дела: „Тугинец“, „Враќање“, „Раска“, „Нема смрт додека ѕвони“, „Една година од животот на Иван Плевнеш“, „Куќата на животот“, „Сарајановскиот каранфил“, „Дневникот на Ања“, „Привремен престој“, „Совладано време“, „Бунар“, „Аголен камен“, „Братот“ и други. Неговите дела се преведувани и објавувани во странство на англиски, чешки, грчки, романски, српски, црногорски и албански. Застапуван е во антологии на македонската поезија и проза. Преведува од англиски. Добитник е на наградите „11 Октомври“, „Рациново признание“, „Ванчо Николески“ и „Печалбарска повелба“. Во бил прогласен за лауреат на престижната награда „Роман на годината“ на Утрински весник за неговото дело, романот Бунар

1944.- Сојузничките сили во Втората светска војна го зазеле францускиот град Шербур, важно пристаниште на Ламанш.

1946.- Министрите за надворешни работи на Советскиот Сојуз, САД, Велика Британија и на Франција одлучиле на Грција да и припаднат Додеканеските Острови  во југоисточниот дел на Егејското Море, вклучувајќи го и најголемиот Родос, кои од 1912 година биле италијански колонии.

1954.- Првата нуклеарна електрана во светот била отворена во Обниск, близу Москва.

1976.- Генералот Антонио Рамаљо Јанез бил избран за претседател на Португалија на првите претседателски избори.

1977.- Официјално престанала да постои прекуокеанската територија Афар и Иса која станала независна Република Џибути (држава во североисточна Африка).

1978.- Од советскиот космодром Бајконур бил лансиран вселенскиот брод „Сојуз 30“ во кој биле полскиот мајор Мирослав Хермашевски и советскиот полковник Петер Климук. По осумдневниот престој во вселената, во кој и двајцата космонаути се сретнале на орбитната станица „Саљут – 6“ со екипажот на „Сојуз 29“, Владимир Коваљонок и Александар Иванчеков, „Сојуз 30“ се вратиле на Земјата.

1989.- Умрел англискиот филозоф Џулс Алфред Ејер, чија книга „Јазик, вистина и логика“ претставувале своевиден манифест на логичкиот позитивизам. Останати дела: „Основање на емпериското знаење“, „Проблем на сознанијата“.

1995.- Република Македонија и Монголската Народна Република воспоставиле дипломатски односи на ниво на амбасадори.

1998.- Во земјотресот на подрачјето на турскиот град Адан загинале најмалку 120 луѓе.

2000.- Според извештајот објавен во седиштето на Обединетите нации од сида дотогаш ширум светот починале 19 милиони луѓе.

2002.- Русија станала полноправна членка на ексклузивниот клуб на најразвиените земји во светот Г-8.

2013.- Умрел Абдурахман Алити, поранешен претседател на ПДП, пратеник и амбасадор. Алити бил роден во тетовското село Желино во 1945 година. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје во 1969 година. Извршувал повеќе функции во Собранието на општина во Тетово. На првите демократски парламентарни избори бил избран за пратеник во Собранието. Како пратеник на ПДП од вторите парламентарни избори (1994), бил избран за заменик-претседател во Парламентот. Од 2006 година бил претседател на Партијата за демократски просперитет. Од 2005 до 2008 бил амбасадор на Македонија во Бугарија.

2016.- На 87-годишна возраст во Рим починал италијанскиот актер Бад Спенсер чие вистинско име било Карло Педестроли. Бад е најпознат по улогите  во  „шпагети-вестерн“ филмовите и акционите комедии, во кои играл, ги продуцирал и режирал заедно со Теренс Хил. (МИА)

Tags: 27 јунивремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ