• Latest

29 мај низ вековите

May 29, 2018
Илустрација: ЦИВИЛ МЕДИА

Дипломатијата, пропагандата и цената на лажните еквиваленции: Кијив – Белград – Приштина – Москва

August 19, 2026
Photos: NCRO and IMC

Светски ден на хуманитарноста: Повик на ОН за акција и одговорност

August 19, 2026
Photo: UNOCHA

Светски ден на хуманитарноста: Нападите врз хуманитарците не смеат да станат норма, човечноста мора да надвладее

August 19, 2026
Photo source: The Other 98%

Две различни тајни патувања: Бегството на Трамп наспроти храброста на Бајден

August 18, 2026
Од снимката што ја презентира СДСМ на прес конференција, 18 август 2026

Експлозијата во Бардовци предизвика ново политичко препукување: СДСМ бара истрага за корупција, ВМРО-ДПМНЕ обвинува за лажни вести

August 18, 2026

Орбановиот медиумски блицкриг: Како „Алпак капитал“ преку ноќ ги проголта независните медиуми во Србија

August 18, 2026
Economy - photos by Vecteezy

Разбиени илузии: Како конфликтите и вештачката интелигенција влијаат на светската економија – лето 2026

August 17, 2026

Живот и демократија… обнова под оган. Украина

August 17, 2026
Тимоти Снајдер (фото извор: Википедија)

Тимоти Снајдер: „Немаме избор“ е една од најопасните реченици во политиката

August 17, 2026

Крваво лето 2026: Преглед на воени жаришта и кризи

August 17, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

29 мај низ вековите

May 29, 2018 07:00
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1453.- По долга опсада, турската војска го зазела Константинопол, престолнина на некогаш моќната Византија. Некои историчари овој датум го сметаат како крај на средниот век. Оттогаш, па до крајот на Првата светска војна, поточно до 1923 година, Константинопол бил престолнина на Турција (кај Македонците вообичаен е називот Цариград). Во 1930 година го добил денешниот турски назив Истанбул. Од 1923 година главен град на Турција е Анкара, која до 1930 година го имаше називот Ангора.

1879.- Во Охрид е роден Коста Абрашевиќ, пролетерски поет. Се школувал во Охрид. По преселувањето на неговото семејство во Шабац го продолжи образованието и мошне млад почнал да пишува песни. Во 1903 година, посмртно е објавена неговата збирка „Песни“. Пишувал на српскохрватски јазик и е еден од најзначајните поети Македонци кои твореле на други јазици. Умрел во Шабац, на 20 јануари 1898 година.

1894.- Роден е американскиот филмски режисер од австриско потекло Џозеф фон Петернберг, визуелен перфекционист, мајстор на светло и контрасти. Филмови: „Подземје“, „Синиот ангел“, „Мароко“, „Една американска трагедија“, „Шангај експрес“, „Црвената кралица“, „Шангајско подземје“, „Макао“.

1903.- На планината Голак, под врвот Чавките, Делчевско, во борба против турската војска загинал Максим Ненов, дебарски војвода. Тука загинал и подвојводата Димитар Стефанов од селото Јабланица, Струшко, со уште други 40 соборци. Максим Нонев е роден во село Тресонче.

1917.- Во Бруклин, предградие на Бостон, роден е Џон Кенеди, претседател на САД. По Втората светска војна служел во морнарицата на Пацификот, а по војната бил  новинар. Во 1947 година бил избран во Конгресот, а во 1952 година станал сенатор. За претседател на САД бил избран во 1960 година, а инаугуриран на 20 јануари 1961 година. Бил најмлад претседател во историјата на САД. На 22 ноември 1963 година во Далас, во државата Тексас, врз него бил извршен атентат.

1923.- Во Сплит е родена Олга Спиридоновиќ, една од најпознатите театарски и филмски актерки во поранешна Југославија. За улогата на Мис Стон во истоимениот македонски филм и е доделена Златна арена на Пулскиот фестивал. Умрела во Белград, на 15 мај 1994 година.

1927.- Во Битола е роден Димитрие Османли, македонски филмски, театарски и телевизиски режисер. На март 1952 година Османли станал првиот македонски дипломиран режисер, а со реализацијата на филмот „Мирно лето“ (1961 година) станал и првиот македонски режисер на игран филм, а воедно и автор на првата македонска ТВ драма „Домот на мојот татко“ и на првиот ТВ филм „Враќање во рајот“. Османли бил прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје и редовен професор. За неговиот творечки опус  добил бројни уметнички и општествени награди и признанија. Умрел во Скопје на 13 март 2006 година.

1942.- Умрел американскиот филмски и театарски актер Џон Баримор, познат по улогите на љубовник во времето на немиот филм. Филмови: „Ромео и Јулија“, „Д-р Џекил и мистер Хајд“, „Марија Антоанета“.

1953.- Едмонд Хилари и Тенсинг Норкај први во историјата на човештвото се искачиле на највисокиот врв на земјата, “покривот на светот” Монт Еверест, висок 8.848 метри.

1979.- Умрела американската филмска актерка од канадско потекло Мери Пикфорд, ѕвезда на немиот филм. Филмови: „Добриот мал ѓавол“, „Девојка од вчера“, „Една мала богата девојка“, „Малиот лорд Фонтелрој“, „Гаучо“, „Кокета“.

1982.- Во Париз умрела Роми Шнајдер, австриска филмска актерка. Снимила повеќе од 50 филмови, најмногу во Франција и во Италија. Најпознати и се улогите во филмовите „Сиси“, „Кардинал“, „Победници“, „Убиството на Троцки“ и „Директна смрт“. Родена била во Виена, во 1938 година.

1990.- За прв претседател на постсоветска Русија бил избран Борис Елцин.

1996.- Република Македонија во Хелсинки и формално пристапила кон Завршниот документ на Конференцијата за европска безбедност и соработка.

1996.- Во Будимпешта, Република Македонија била примена за рамноправна членка на Европската конференција за транспорт – ЦЕМТ.

1997.- Во Скопје била родена првата четворка во Македонија. Родители на четирите новородени деца (три женски и едно машко) се мајката Валентина и таткото Благојче Јордеви од Штип.

2004.- Како дело на британските и француските градежници биле поврзани двата крака на највисокиот мост во светот, изграден над реката Тарн во Франција. Мостот е наречен Мијау, а коловозот над површината на реката е на височина од 270 метри.

2005.- Француските гласачи на референдум го одбиле Предлог-уставот на Европската унија.

2006.- Повеќе од 50 талибански герилци биле убиени во воздушниот напад кој силите на САД го извршиле врз една џамија во јужната авганистанска област Хелманд. Меѓу загинатите биле и неколку водачи на талибанците.

2011.- На 80 години во Будимпешта починал поранешниот претседател на Унгарија, Ференц Мадел. Бил претседател на Унгарија од 2000 до 2005 година. Од 1987 година бил член на Академијата на науките, а од 1993 до 1994 година и министер за култура во Владата на Јожеф Антал.

Tags: 29 мајвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ