• Latest

30 март, вонредна состојба, ден 12: Македонското знаме се развеа пред седиштето на НАТО, 26 нови случаи на КОВИД-19 и уште еден починат…

March 30, 2020
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (1): Отисокот на руското влијание во Северна Македонија

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

30 март, вонредна состојба, ден 12: Македонското знаме се развеа пред седиштето на НАТО, 26 нови случаи на КОВИД-19 и уште еден починат…

March 30, 2020 16:44
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Македонското знаме се развеа пред седиштето на НАТО во Брисел

Знамето на Северна Македонија попладнево е кренато пред седиштето на НАТО во Брисел, на церемонија со која се означи официјалното пристапувањето на земјава во Северноатлантската алијанса. Знамето беше кренато додека се интонираше химната на Република Северна Македонија.

Пред свеченото кревање на знамето добредојде на нашата земја во Северноатлантската алијанса посака генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.

„Ние сме денеска собрани овде да и посакаме добредојде на Северна Македонија во семејството на НАТО со подигнување на знамето. Триесет знамиња сега ќе се веат заедно како симбол на нашето единство и солидарност. Ова е историски момент за Северна Македонија и доаѓа години посветеност и заложба за реформите“, рече Столтенберг.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Спасовски: Ден за историјата, од денеска ние сме НАТО

„Знамето на Република Северна Македонија е симбол на сигурна, безбедна и просперитетна иднина на нашата земја. Навистина ние денеска водиме една друга битка, битка со короната. Но, за момент ќе си дозволиме да се израдуваме, да се запише дека денеска е ден за паметење, ден историја. Ден кога нашето знаме се развиори заедно и рамноправно со другите од семејството на Северноатлантската алијанса, најмоќниот воено безбедносен сојуз со историјата на човештвото“, рече Спасовски.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 12

Утрово се регистрирани 26 нови случаи на корона вирус во земјата- вкупно 285 дијагностицирани пациенти, објави министерот за здравство Венко Филипче.

*

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје почина еден пациент на 79 години, од Дебар. Пациентот е дијагностициран позитивен на КОВИД-19 на 23 март, а со влошена здравствена состојба хоспитализиран на клиниката во Скопје на 25 март.

*

Денеска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје се испишани 9 пациенти (8 од Дебар и 1 од Скопје) кои на два контролни теста на КОВИД-19 имаа негативен резултат. Нивната здравствена состојба е добра и тие заминаа дома.

*

Заклучно со 14 часот денеска во организација на МНР е направена репатријација на 1.842 наши државјани. Активностите се реализирани по апелот за пријавување на македонски граѓани затекнати во странство и нивно евидентирање со цел враќање во земјата, како и по јавниот повик за организирање на авионски превоз, но и преку хуманитарни конвои.

*

Државниот инспекторат за труд нема точна бројка колку пријави има за непочитување на мерките за заштита и превенција на ширењето на коронавирусот од страна на работодавачите, кои се однесуваат на ослободување од работа на родители со деца до 10 години, хронични болни, но и другите мерки и препораки. Но, како што потенцираат оттаму, првата недела тие пристигнувале во поголем број, а сега постојано се намалуваат.

*

Затворени се дополнителни 22 угостителски објекта во Скопје, Куманово, Гостивар и Тетово, а 60-ина трговци неосновано  покачиле цени на производи, претежно на лимоните, констатирале инспекторите од Државниот пазарен инспекторат во тек на 5.155 надзори што ги спровеле од 22 до 27 месецов. По налог на инспекторите цените се вратени на претходно ниво.

*

Се уште трае инспекцискиот надзор во Охридската општа болница каде не беше примена 66-годишната пациентка од Струга која потоа почина од корона вирус. Во текот на денешниот ден треба да биде готов целиот извештај, но она што досега го потврдиле инспекторите е дека има прекршување во однос на неовозможување на здравствена заштита на пациент.

*

Во однос на забраната за движење во текот на изминатите 24 часа евидентирано е дека на ниво на цела држава 242 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 95 лица, опоменати се 37 лица, а за останатите се изготвени записници,

ФЛЕШ ВЕСТИ

Европската Комисија најави дека се ослободуваат веднаш 38 милиони евра помош за Западниот Балкан за справување со здравствената криза и реалокација на 374 милиони евра за помош во справување со социо-економските последици. Најавата дојде од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји кој порача дека “ЕУ секогаш ќе биде тука за Западниот Балкан“.

*

Индустриското производство во февруари 2020 година, во однос на февруари 2019 година, бележи раст од 3,5 отсто, а за двата месеца од годинава, во односна јануари и февруари минатата година растот е 1,9 отсто, објави Државниот завод за статистика.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Македонија до крајов на март „се држи“ релативно добро. Сите најави се дека наредните две-три недели се критични, бидејќи ќе се покаже дали и колку, во недостаток на вакцина и стекнат природен имунитет, воведените „примитивни“ мерки за општествена изолација ќе дадат резултат. Навистина, мерките се очајнички, средновековни – сите дома, зад своите „ѕидини“, додека вирусот, наместо нас, самиот не цркне – но тоа е единственото нешто кое, за сега, докажано, функционира“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – Вирусот како „подвижна мета“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ