Индиските и пакистанските војници разменија оган трета ноќ по ред долж контролната линија што ги разделува двете земји, соопшти индиската војска.
Односите меѓу соседите се влошија откако Индија го обвини Пакистан за напад врз туристи во индиската држава Џаму и Кашмир претходно оваа недела, во кој загинаа 26 туристи.
Индиската армија соопшти дека нејзините војници одговориле на оган од лесно оружје отворен од пакистанските војници, објави Ал Џезира.
Пакистан засега не ја потврди размената на огнот.
Извор: МИА
Фото: скриншот Х