• Latest

СПЦ во служба на Вучиќ, на поклонение кај рускиот диктатор: Како Москва гледа на Србија пред 9 Мај

April 26, 2025
Креирано со помош на ВИ

Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

April 14, 2026

УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

April 14, 2026

Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

April 14, 2026
Петер Маѓар (ФБ)

Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

April 13, 2026
Џелал Хоџиќ

Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

April 13, 2026
Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

April 13, 2026
Secretary of War Pete Hegseth and Chairman of the Joint Chiefs of Staff U.S. Air Force Gen. Dan Caine conduct a press briefing on Operation Epic Fury at the Pentagon, Washington, D.C., March 31, 2026. (DoW photo by U.S. Navy Petty Officer 1st Class Alexander Kubitza)

„Бог ја заслужува сета слава“ — Не, г. Хегсет. Не ја заслужува.

April 13, 2026

Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

April 12, 2026

Орбан падна. Кој е следен?

April 12, 2026

(ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

April 12, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Европа воздивна со олеснување и му ја честита победата на Маѓар

    Европските демократи: Орбан ги загуби изборите – Трамп и Путин губат една марионета во Европската Унија

    (ВИДЕО) Унгарија го слави крајот на Орбан

    🔴 ОРБАН ПАДНА: КРАЈ НА ЕДНА ЕРА

    95 наспроти 11: Драматичен пресврт во Унгарија – ТИСА доминира во изборните единици

    Први резултати од пребројувањето во Унгарија: ТИСА води, но трката останува неизвесна

    Рекордна излезност и поделени прогнози – неизвесна трка во Унгарија

    Затворени гласачките места во Унгарија: Почнува пребројувањето во неизвесна и историска изборна трка

    Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

  • ПОЛИТИКА
    • Категорија
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ
    Креирано со помош на ВИ

    Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    УТРИНСКА ПОШТА: Пресврт во Унгарија, пад на нафтата и дипломатски ќорсокак со Иран

    Петер Маѓар (ФБ)

    Маѓар победи. Вистинскиот тест за Унгарија започнува.

    Џелал Хоџиќ

    Унгарците го испратија Орбан во историјата – што со „орбановците“ на Балканот?

    Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, 9 април 2026 (скриншот од „Само интервју“ на ТВ Канал 5)

    Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    Орбан падна. Кој е следен?

    ЧУВАРИТЕ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (3): Ги испука ли Фидес сите куршуми?

    Фото; Скриншот од АП видео

    Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    Џелал Хоџиќ

    Како шесте месеци на ВЛЕН станаа децении и генерации на Мицкоски

    Ромите не се проблем – проблем е системот што дискриминира

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • Категорија
    • ИСТОРИЈА

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

    Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Рајот е место каде ништо не се случува

    Демократијата не се брани сама од себе: Што нè научи 2025 година

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • Категорија
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА
    • ТЕЖИШТЕ

    Крајот на „среќната глобализација“

    Кога никој не е виновен: Распрсната одговорност и ризиците во екосистемот на вештачката интелигенција

    Долгогодишно пријателство: Орбан и Путин (RIA Novosti / CC-BY-SA 3.0)

    ИЗРАЕЛСКИТЕ ЧУВАРИ НА ОРБАНОВАТА ФОТЕЛЈА (2): Најновиот непријател беше избран во 2024 – Украина

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home АНАЛИЗИ

СПЦ во служба на Вучиќ, на поклонение кај рускиот диктатор: Како Москва гледа на Србија пред 9 Мај

Путин гласно кажува дека Вучиќ треба да дојде на прославата на Денот на победата на свечената трибина на Црвениот плоштад. Раководството на СПЦ во претходница – Вучиќ вети дека ќе дојде, потврдуваат тие. Двете цркви се гледаат себеси како некаква подвижна цитадела за рускиот поглед на светот. Може ли МПЦ да се најде притисната во таа маневра, кога најгласните проруски владици и онака ја водат политиката која е целосно спротивна на геополитичките определби за кои се изјасниле партиите? Или тие свештеници едноставно читаат како нашата власт молчешкум се оддалечува од европските хоризонти?

April 26, 2025 14:59
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЉУБОМИР КОСТОВСКИ

Деновиве, група великодостојници на СПЦ престојуваше во Москва и беше примена од Путин. Нивниот комплетен разговор е објавен на веб-страницата на Московската патријаршија. Истиот потоа официјален Кремљ го објавил на својата официјална интернет страница. Тие зборувале за настаните во Србија, за западните вредности, за геополитичките позиции на двата народа и за починатиот папа Франциск. Дијалогот или поточно монологот на дојденците од Белград Путин главно ги слушаше, само одвреме-навреме додаваше некаква куса забелешка, секако, на крајот целосно задоволен од фактот дека посетата минала во знакот на осуда на „обоената револуција“ и „западните центри на моќ“. Притоа слушнал за наводната желба на Србија да се приклучи кон рускиот свет, по пораките што поглаварот на СПЦ, Порфирије ги пренел на лице место.

#BREAKING #Serbia #Russia Putin Meets Serbian Patriarch Porfirije, Highlights Deep Russia-Serbia Ties.

Russian President Vladimir Putin hosted a meeting in the Kremlin with Serbian Patriarch Porfirije, head of the Serbian Orthodox Church, joined by Patriarch Kirill of Moscow… pic.twitter.com/E1zWVq3LkW

— The National Independent (@NationalIndNews) April 22, 2025

Средбата се одржала во Кремљ на 22 април, на неа присуствувал и поглаварот на Руската православна црква, Кирил, и митрополитот бачки Иринеј, за кого е речено дека одлично говори руски. Во основа, главно се говорело за љубовта кон Русија, која е „генетски всадена во српскиот народ“ и од друга страна за западното „ѓаволско дело“.

Надворешнополитичкиот аналитичар Бошко Јакшиќ говореше за оваа тема за Радио Слободна Европа (РСЕ). Клучна констатација е дека посетата на поглаварот на Српската православна црква (СПЦ) на Москва е „многу повеќе од гест“.

„Тоа што тој потврди дека Вучиќ ќе дојде во Москва значи дека се сретнал со него пред да замине и дека очигледно добил инструкции или барање да интервенира кај Владимир Путин за да го спаси Вучиќ од она што тој постојано го нарекува обоена револуција“, вели Јакшиќ.

Овој искусен новинар додава дека заминувањето на претседателот на Србија во Москва ќе има „сериозни последици за геостратешката положба на земјата“. И покрај честите предупредувања од Брисел и прокламираниот пат за членство во Европската унија, Белград ја продолжува соработката со Москва и одбива да се приклучи на мерките против Русија поради нејзината инвазија на Украина.

Темата на студентските протести е навистина славната „спојка“ на интересот на официјален Белград со обидот на Путин да одржи сојузништво со еден од навистина ретките владејачки структури на Стариот континент. По години на неодржување на парадата по повод Денот на победата Путин секако на прсти ги брои оние земји на сојузничката коалиција од Втората светска војна кои би му дошле на гости. Значи, нему му треба своевидна „декорација“ за да има интернационален белег парадата, а Србија е одамна избрана како единствена држава од постјугословенската дисолуциона резултанта како таква, иако главнината на отпорот кон окупаторите во текот на целата антифашистичка борба на Балканот се одвиваше надвор од просторот на оваа подоцнежна република!

Што се зборуваше за студентските протести во Москва при посетата?

Поглаварот на СПЦ ги повторил пораките на властите во Белград, кои повеќемесечните студентски протести на кои се бара одговорност за смртта на 16 лица во несреќа во Нови Сад, ги нарекуваат „обоена револуција“ (користен е рускиот термин „цветна“ – м.з.). За разлика од официјален Белград кој не користи поконцизни објаснување кој го увезол немирот во населението кон него, поповите немаат дилеми.

„Се надевам дека ќе го надминеме тоа искушение. Затоа што знаеме и чувствуваме дека центрите на моќ од Запад не сакаат да се развива идентитетот на српскиот народ и неговата култура. Нашите молитви се секогаш со вас и се надевам дека Господ ќе ви помогне“, му порача Порфирије на рускиот претседател.

Терминот „шарена револуција“ има московско потекло и тој беше идеја водилка на рускиот режим за неговата агресија кон Украина, ама и за смирување на отпорите кон сите автократски режими кои ги има доволно на просторите на некогашниот СССР. За тоа Кремљ даваше секакви видови на поддршка – од економски, безбедносни и воено-полициски.

Врвот на СПЦ кај диктаторот Путин (фото извор: веб страница на рускиот претседател)

1 of 3
- +

И Србија ја ужива таквата поддршка а Вучиќ ја користи во изобилство – еве сега доби поддршка и од истражителите на руската Федерална служба за безбедност (ФСБ) по обвинувањата дека е употребено нелегално звучно оружје против демонстрантите на масовниот протест на 15 март во Белград. ФСБ по наводната истрагата во Србија заклучи дека властите не го користеле. Не беше речено дека такво оружје не е користено воопшто.

Путин не одговори директно на наводите на патријархот за „обоената револуција“, но рече дека „знае дека ситуацијата на Балканот не е едноставна“ и дека Русија е свесна за напорите на поглаварот на СПЦ „да ја зајакне позицијата на Србија“. Но од видео снимката се гледа дека единствената насмевка при разговорот на лицето на Путин се појави при уверувањето на српскиот црковен врв дека нема да дозволат студентите (шарената револуција) да победат! Тоа навистина му се допадна.

Теологот Вукашин Милиќевиќ оценува дека вокабуларот што го употребил патријархот покажува дека тој во Москва не отишол како претставник на СПЦ или на српскиот народ, туку „исклучиво како претставник на режимот“.

„Во црквата има сѐ повеќе гласови кои зборуваат отворено и јасно, водени од совеста и верноста кон христијанските вредности и верувам дека бранот промени што ја зафати Србија благодарение на студентите ќе ја зафати и Српската православна црква“, вели Милиќевиќ.

„Познато е дека секогаш постои конфликт меѓу конзервативното и либералното крило на таа црква. Конзервативците сега беа во Москва. Либералното крило беше слушнато во Минхен кога владиката Григорије им одржа поздравен говор на студентите кои одеа со велосипед“, вели Бошко Јакшиќ.

„Големото прашање е дали Вучиќ навистина ја сака Србија во ЕУ или сака да продолжи да ја приближува кон Истокот и утре да ни понуди БРИКС наместо Европска Унија“, вели надворешнополитичкиот аналитичар Бошко Јакшиќ за РСЕ.

Тој додава дека претседателот на Србија „ќе избегнеше критики и на Запад и на Исток“ ако ја организираше комеморацијата на Денот на победата над фашизмот во Белград, наместо да оди во Москва.

„Но, тој се одлучи за Исток“, вели Јакшиќ.

На ова секако може да искоментираме дека на српската власт ѝ лазат морници по грбот ако се спомене било каква јавна манифестација во овие околности. Одвај со целата партиско-државна инфраструктура неодамна донесоа 50 илјади доброволци на митингот на Вучиќ, а камо ли во услови кога народот и онака е постојано на улица да се направи блиска средба меѓу власта и бунтовниците!

Инаку, како кандидат за членство во ЕУ, Србија нема отворено ниту едно преговарачко поглавје од декември 2021 година. Секако дека одењето на Вучиќ на Црвениот плоштад ќе донесе некаква сериозна реакција во Брисел. Таква е и најавена.

„Некои словенски земји, да не ги спомнуваме, под влијание на моќните милитаристички западни сили, привремено ја сменија својата ориентација, потоа зажалија, но се сменија. Србите никогаш не се сменија“, рекол Кирил во оваа пригода.

Патријархот Порфирије ги цитирал зборовите на претходниот патријарх Иринеј, кој рекол дека „мал српски брод, кој плови во немирно море, секогаш треба да биде врзан за голем руски брод“.

„Нашиот став во однос на Косово, Република Српска и Црна Гора, верувам и чувствувам дека зависи од позицијата на Руската Федерација на глобално ниво. Мојата желба и желбата на мнозинството во нашата Црква е во иднина, доколку дојде до ново геополитичко прегрупирање, да бидеме блиску до таа руска средина, во рускиот свет“, рече Порфирије.

На оваа порака реагираше официјална Подгорица. МНР на Црна Гора ги окарактеризирало изјавите на српскиот патријарх како „непримерни и недозволиви“. Министерството соопштило дека државните прашања се исклучива надлежност на институциите на Црна Гора, која е секуларна земја, членка на НАТО и кандидат за членство во Европската унија.

„Порфирије му упати вистинска ода на Путин за неговата поддршка за Косово, Република Српска и српскиот народ во Црна Гора, а потоа, ми се чини, директно зачекори на територија што треба да му биде забранета во номинално секуларна земја. Тоа не беше порака од божји човек, туку од човекот на Вучиќ“, оценува. Јакшиќ.

Теологот Вукашин Милиќевиќ ги толкува пораките на поглаварот на Српската православна црква во Москва како неодговорни.

„Кога станува збор за начинот на кој руската надворешна политика и воопшто нивното влијание се пробива низ нашиот регион, нема сомнеж дека е деструктивен, бидејќи е јасно дека на Русија ѝ одговара да отвори што повеќе точки на конфликт“, рече Милиќевиќ.

Во март 2022 година, Европскиот парламент изрази загриженост поради „обидите на Православната црква во Србија, Црна Гора и босанско-херцеговскиот ентитет Република Српска да ја промовира Русија како заштитник на традиционалните семејни вредности и да ги зајакне односите меѓу државата и Црквата“.

Членовите на Европскиот парламент ги осудија напорите на Русија да ги искористи етничките тензии на Западен Балкан „со цел да се разгорат конфликти и да се подели заедниците“.

За волја на вистината, дури шест епископи на Српската православна црква: митрополитот германски Григорије, митрополитот црногорско-приморски, митрополитот Јоаникије Жистин Јустин, митрополитот Захумско-херцеговски и приморски Димитриј, архиепископот Западна Америка Максим објавија дека ги почитуваат студентите и нивните барања! Соопштението дојде како реакција на текстот на митрополитот крушевачки Давид, кој во својот последен текст, кој го пренесе и официјалната веб-страница на СПЦ, ги става студентите во контекст на „обоената револуција“, означувајќи ги како „српски усташи“.

Може ли МПЦ да се најде вклештена во таа маневра на објективно влошување на ситуациите на Балканот што е резултат на дејствувањето на т.н. руски свет на Балканот, а при видливиот исчекор што официјален Белград ја прави кон Москва? Впрочем, најгласните проруски владици кај нас и онака ја водат политиката која е целосно спротивна на геополитичките определби за кои се изјасниле нашите партии. Или тие свештеници едноставно читаат како нашата актуелна власт молчешкум се оддалечува од европските хоризонти.

Тука мора да се забележи дека првосвештеникот на МПЦ Стефан во своето утринско велигденско послание, кога посакуваше добро здравје за владиците од другите православни цркви, најпрвин го спомена патријархот Вартоломеј од Вселенската патријаршија, што гледано од еден дипломатско-црквен агол сепак покажува дека првиот човек на РПЦ Кирил требаше да чека на ред. Дали овој редослед на честитки води и кон внатрешно поместување на центрите на моќ во МПЦ, каде неколку владици, на чело со владиката Петар, посебно со промената на световната власт во земјата, го засилија својот глас?

Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА. Текстот е личен став на Авторот. Сите права се задржани.
Tags: ПорфиријеПутинСПЦ
Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, вапца јајца (фото извор: ФБ страница на Претседателката)

    Претседателката вапца јајца

    136 shares
    Share 54 Tweet 34
  • Орбан падна, Мицкоски молчи, ВМРО-ДПМНЕ во паника

    107 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Што знае Николоски: Кога самоувереноста открива повеќе отколку што треба

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Словенија по изборите: Политички пазари, хибридни закани и рекордна енергетска криза

    101 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Политика, бизнис и ПР: Што стои зад посетата на Трамп Помладиот во Бања Лука

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ