• Latest
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Илустрација: Синергија меѓу новинарската работа и вештачката интелигенција – под човечка, професионална и уредничка контрола.

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026
Фотографија: НАТО

Самитот во Анкара: НАТО договори нови одбранбени инвестиции, Европа презема поголема безбедносна одговорност

July 8, 2026

ЗНМ: Нов Кодекс на новинарите – етичка рамка која одговара на дигиталната ера

July 8, 2026

СВЕТСКИ СКАНДАЛ: Авторитаризмот на Трамп и корупцијата во ФИФА поразени од пркосот на тимот од една мала европска држава

July 7, 2026

РЕАКЦИИ: Од семејството до институциите – каде граѓаните го лоцираат проблемот со врсничкото насилство

July 7, 2026
Илустрација ВИ

До 15 јули рок за договор: Политичките партии сѐ уште без консензус за гласањето на дијаспората

July 7, 2026
Фото: НАТО

Самит на НАТО во Анкара: Европа го засилува вооружувањето, Украина останува во фокусот

July 7, 2026

Летна хроника на една пропадната држава

July 6, 2026

Слободата е најсилниот јазик што го разбира светот! САД 250 години

July 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026 12:16
in ВЕСТИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Фото: МИА архива

Фото: МИА архива

Share on FacebookShare on Twitter

Повеќе од две години по францускиот предлог, спорот меѓу Софија и Скопје повторно се актуализира околу тоа дали техничките уставни измени можат да бидат придружени со политички гаранции од ЕУ. Додека од бугарска страна се инсистира дека договорената европска рамка не смее да се менува или дополнува со нови политички толкувања, ЕУ поракате е дека ниту една држава досега не добила гаранција дека ќе стане членка, 

Според бугарската потпретседателка Илијана Јотова, европскиот компромис од 2022 година е единствената основа за продолжување на преговорите. Таа оценува дека барањата за политички декларации или дополнителни гаранции не треба да се поврзуваат со техничките обврски што произлегуваат од преговарачката рамка, бидејќи тоа би значело отворање на веќе затворени договори. Според Јотова, Бугарија останува на ставот дека внесувањето на Бугарите во Уставот е преземена обврска на Северна Македонија и дека процесот треба да се одвива според веќе усвоените европски документи.

Од друга страна, еврокомесарката за проширување Марта Кос признава дека постои чувство на разочараност во земјата поради долгото чекање на почетокот на преговорите. Во интервју за МИА таа истакнува дека разбира зошто македонските граѓани бараат поголема извесност, но нагласува дека ЕУ не може однапред да гарантира членство на ниту една држава-кандидат. Кос потсетува дека успехот на преговорите зависи од исполнувањето на критериумите, а не од политички ветувања.

Во исто време, таа прави разлика меѓу Северна Македонија и другите кандидати, оценувајќи дека Украина и Молдавија заслужено ги започнале преговорите поради спроведените реформи и исполнетите услови, отфрлајќи ги оценките дека нивниот напредок е исклучиво резултат на геополитичките околности.

Пораките од Софија и Брисел покажуваат дека, иако постои свесност за политичката чувствителност на процесот, нема подготвеност за промена на преговарачката рамка. Додека Бугарија инсистира на строго почитување на договорените услови без дополнителни политички интерпретации, Европската комисија испраќа сигнал дека разбирањето за македонските очекувања не значи и можност за формални гаранции за членство.

ЦИВИЛ Медиа Деск


Во ера на дезинформации, националистички популизам и авторитаризам, неопходна е вашата поддршка за ЦИВИЛ.

Поддржете ги независните медиумски платформи на ЦИВИЛ во борбата против дезинформациите, национализмот, хибридните закани и авторитаризмот

Дајте го својот придонес СЕГА.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ