Не стивнуваат нападите меѓу Израел и Иран шести ден по ред. Во нападите загинаа стотици цивили, а илјадници се повредени.
Американскиот претседател Доналд Трамп го предупредува Иран „нашето трпение се исцрпува“, а потоа побара: „БЕЗУСЛОВНО ПРЕДАВАЊЕ!“.
Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, во зори издаде предупредување на социјалните медиуми, велејќи му на Израел: „Битката започнува“. Во знак на пркос, Хамнеи вели дека Иран никогаш нема да направи компромис со Израел и „ние нема да покажеме милост кон ционистите“.
ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за конфликтот помеѓу Израел и Иран?
Редакција ЦивилМедиа ги повикува граѓанките и граѓаните да одговорат на ова, но и на претходните прашања на денот во коментарите на објавата.
Некои прашања се деликатни, така што, освен во коментари, секогаш постои можноста да се биде анонимен, па одговорите на ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ да се даваат анонимно, во порака на месинџер или на другите онлајн контакти на ЦИВИЛ.
Најдобрите одговори ќе бидат објавени во посебен прилог.
Сите прашања на денот може да се најдат во рубриката ФОРУМ на интернет весникот ЦивилМедиа.
Редакција ЦивилМедиа
фото: ВИ