• Latest

4 мај, вонредна состојба ден 46: Намалување на БДП од 3,4%, избори се ближат, се намалува и бројот на заболени…

May 4, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

4 мај, вонредна состојба ден 46: Намалување на БДП од 3,4%, избори се ближат, се намалува и бројот на заболени…

May 4, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: БДП ќе се намали за 3,4%

Економската активност во државава годинава ќе се намали за 3,4 проценти како последица од кризата со КОВИД -19, а стапката на инфлација ќе има надолна ревизија и ќе изнесува 0,2 проценти, покажуваат денеска претставените проекции за економијата на Министерството за финансии според кои, оценува министерка Нина Ангеловска,  засега работите се одвиваат подобро од очекувањата со попретпазливото сценарио на овој ресор за справување со кризата.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ангеловска: Да се зачуваат што повеќе работни места, а товарот од кризата да го понесеме сите

Прашана дали смета дека треба да има намалување на платите во јавната администрација, министерката за финансии Нина Ангеловска изјави дека сите треба да понесат товар од аспект на кризната состојба во која се наоѓаме, но оти Владата е колективен орган и ќе известат за одлуките што ќе се донесат.

„Дел од товарот го носат и работниците од приватниот сектор кои можеби овој период имаат намалени плати или кои загубиле работа и ако сето тоа го имаме предвид и ако ги имаме предвид мерките што значеа и намалување на работните активности на администрацијата, односно работат од дома преку еден ден која што се имплементираше, јас кажав дека сметам оти товарот треба да го понесеме сите. Од финансиски аспект се спроведе кратење во однос на реалокации помеѓу буџетски корисници со цел да се овозможат средства за реализација на мерките, бидејќи треба да го помогнеме приватниот сектор, којшто ги генерира даночните приходи кои се паднати за 31 отсто, а тие приходи се користат за да се исплатат обврските меѓу кои и платите на јавната администрација. Ако сето тоа го имаме предвид јас го кажав мојот став, меѓутоа секако Владата е колективен орган, носи заеднички одлуки и во однос на понатамошните случувања околу тоа секако дека ќе информираме“, рече Ангеловска.

БЕЗ ФИЛТЕР – видео колумна со Џабир Дерала

„За некои политичари и нивните партии кампањата никогаш и не престана. Онаа стара, добра, црна, деструктивна кампања… Колку тоа претставува ‘пукање во колено’, а колку ќе има делотворно дејство врз гласачите ќе видиме веќе во јуни“, вели Џабир Дерала во денешната видео колумна – Избори во јуни!

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Министерството за здравство информира дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 47 оздравени пациенти во: Скопје-9, Куманово-9, Прилеп-8, Тетово-13, Охрид-1, Гостивар-5, Кочани-1 и Крива Паланка-1.

*

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина еден пациент од Скопје на 65 годишна возраст, хоспитализиран на клиниката од 27 април.

*

Во изминатите 24 часа направени се 113 тестирања, а потврдени се 7 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-1, Прилеп-1, Тетово-4 и Кратово-1.

*

Околу 7.000 компании аплицирале, ги користат или ќе користат некоја од мерките од двата сета економски мерки што ги претстави досега Владата.

*

Во текот на изминатото деноноќие по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 55 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 45 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

*

Основното јавно обвинителство Скопје денеска поднесе предлози за издавање казнени налози против вкупно 30 лица за кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од ОЈО Скопје.

ФЛЕШ ВЕСТИ

По седницата на Уставниот суд во среда,  ќе имаме работен состанок на кој судиите ќе заземе став дали да ја прифатиме иницијативата и под службена должност да поведеме постапка за распуштањето на Собранието и распишувањето на изборите, изјави претседателот на Уставниот суд Сали Мурати. Тој не сакаше да прејудицира каква ќе биде одлуката, вели дека дали ќе се поведе постапка, ќе зависи од мнозинството судии.

*

Во земјава денеска се одбележуваат 117 години од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. Делегации на државни институции, здруженија и граѓани во чест и сеќавање на Делчев ќе положија цвеќе на неговиот гроб во црквата „Свети Спас“ во Скопје.

*

На денешен ден пред 40 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980).

*

Непријатно е млади деца, волонтерите организирани од општинските кризни штабови, кои ја сервисираат цела Македонија со прехранбени продукти,  да се држат до сабајле со закани и уцени,  и да влезат без налог во приватен простор е  навистина непријатно, и потсети на годините на режимот, истакна претседателот на СДСМ Зоран Заев во гостувањето на Утрински брифинг.

*

Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска изјави дека опозицијата се плаши од избори, има чувство дека ќе загуби, дека ќе бидат казнети нивните погубни политики.

„Политичката иднина и кариера на Мицкоски е во прашање ако излезе на избори, но јасно е дека тој што губи – си оди“, рече Заев, додавајќи дека нешто чудно се случува во опозицијата во последно време, бидејќи Мицкоски често е коригиран од своите сопартијци.

*

Состанок на лидерите на земјите членки на ЕУ и Западен Балкан ќе се одржи в среда, 6 мај, преку видео конференциска врска поради пандемијата на новиот коронавирус, соопшти хрватското претседателство со ЕУ.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

ЦИВИЛ: Постигнувањата во областа на слободата на изразувањето се евидентни, но придружени со низа слабости и предизвици

ЦИВИЛ, организација за човекови права и слободи, основана во 1999 година и која во 2009 година ја формираше организациската единица ЦИВИЛ Медиа, вчерашниот Светски ден на слободата во медиумите го одбележа со околу 40 прилози, вклучувајќи и 25 изјави од истакнати новинари и експерти од областа на медиумите. Борбата за слобода на изразувањето и информирањето не трае само еден ден, така што во наредниот период, оваа активност на Организацијата ќе продолжи со несмалено темпо.

СЛОБОДНА ЗОНА

Навистина, дури и вон изборен контекст, не постои „позапалива“ тема за анализирање и пишување во Македонија од онаа за македонско-бугарската расправија за тоа кој бил што бил и кога бил и зошто бил и каде бил и дали бил и… Секоја историја е збир на факти (што) и нивни интерпретации (зошто), но кога станува збор за идентитетски, па згора на тоа и актуелни прашања, тогаш значењето на интерпретациите убедливо го надминуваат значењето на фактите, бидејќи за контекстуализирање (интерпретирање) на историските настани, на личностите и на нивните постапки и ставови, секогаш има доволно факти и за едните и за другите, спротивставени толкувања“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна – Предизборни јадици, педалинки и зајачки пуфки.

„Веќе во втората половина на јуни, ситуацијата со коронавирусот во нашата земја ќе биде под целосна контрола. Ете, тоа е времето за одржување парламентарни избори за оваа година. Што порано, тоа подобро. Секако, во координација со епидемиолозите. Значи, избори во јуни… Предвремени, се разбира. Со сите одлики на старата добра ненормалност…“, пишува Џабир Дерала во денешниот рафал – Во новата нормалност, со старата ненормалност.

Маја Ивановска во соработка со Дијана Тахири 

Print Friendly, PDF & Email
Share40Tweet25Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ