• Latest

450 жители на село во Општина Могила се пет дена без вода!

June 29, 2017

Вештачката интелигенција што создава подобра верзија од себе: Кога технологијата почнува да го забрзува сопствениот развој

September 5, 2026

СРПСКА СТВАРНОСТ: Нема избори без израелски прсти

September 5, 2026
Државни и воени почести за воениот злосторник, осуден доживотно од Хашкиот трибунал, Белград, 3 септември 2026

МРАЧЕН ЧИН: Србија го пречека ковчегот на воениот злосторник Младиќ со владин авион, војска и институционални почести

September 5, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов, Собрание на РСМ, 28 јануари 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Андонов со „викенд прашања“ до Мисајловски: За модернизацијата на Армијата, Воената академија и законската одговорност

September 5, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Без мажи – нема деца

September 5, 2026

Државно организиран секс – кој ќе ја плати сметката?

September 5, 2026
Муцунски - Сибига, Кијив, 4 септември 2026

Сибига и Муцунски во Кијив: Поддршка за Украина, европска интеграција и соработка во обновата

September 4, 2026

Воениот злосторник меѓу хашката пресуда и политичката митологија – анализа на Костовски

September 4, 2026
Фотографија: СДСМ

Филипче на одбележувањето на 35 години независност: Глигоров, Европа и одговорноста за иднината

September 4, 2026

Европратеникот Брандштетер бара суспензија на преговорите и запирање на исплатите на ЕУ кон Србија поради величањето на Младиќ

September 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

450 жители на село во Општина Могила се пет дена без вода!

June 29, 2017 15:29
in ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Над 450 жители на селото Трновци, во Општина Могила, пет дена се оставени без вода за пиење! ЕВН го исклучила доводот на електрична енергија до пумпата, којашто се користи за испумпување вода – од изворот што се наоѓа во непосредна близина на селото, до најоддалечените корисници на вода од водоводната мрежа. Со селскиот водовод стопанисуваат жителите, но тие година ипол, никому не ги платиле трошоците за вода.

„Благајникот што во улога на инкасатор наплаќа такса од 10 денари за потрошен кубик вода, не доаѓа со месеци… Зошто, ние жителите не знаеме. Од друга страна, Месната заедница во селото не функционира, во спротивно, немаше да се случи овој проблем. Претседателот на Месната заедница е од друго село, така што не го ни засега овој проблем. А, ние пак, не знаеме како и каде натаму да го бараме решението. Се обративме до Општина Могила, но конкретен одговор не добивме… А, подготвени сме долгот кон ЕВН од десетици илјади евра да го платиме, но на рати, и конечно да го решиме проблемот“, велат жители на селото кои се обратија до ЦИВИЛ Медиа.

Тие се  незадоволни зашто, како што велат, без пρедупρедување и без пρетходно тужбено побаρување за наплата на долгот, ЕВН го исκлучил од напојување селсκиот водовод во Трновци. На овие пеκолни горештини, жителите се принудени да ја користат водата од селските бунари, чија бактериолошка и здравствена исправност не е проверена.
„Заканата од сериозни заболувања е реална и застрашувачκа. Бараме веднаш да биде вклучено напојувањето со електрична енергија на водоводните пумпи, а да се поведе и постапκа и активности за наплата на долгот“, бараат жителите.

ЦИВИЛ Медиа се обиде да го контактира градоначалникот на Општина Могила, за да добие одговор, дали постојат реални можности да се реши проблемот и општинското комунално претпријатие да ги преземе надлежностите врз селскиот водовод, за да стопанисува во иднина. Градоначалникот Стево Пивковски не одговори ниту на пораките, ниту на телефонските повици.

Жителите очекуваат итна интервенција на надлежните. Бараат да се спречи појава на епидемија, зашто опасноста од зарази демне од сите страни. На овие високи температури, потребите од вода се неколку пати поголеми во селските отколку во урбаните средини.

М. Талеска

Tags: водаЕВНепидемијазаразиМогиланеплатени сметкиселски водоводТрновци
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ