• Latest

5 мај, вонредна состојба, ден 47: Партиите со спротиставени ставови за избори, казни за непочитување полициски час, скрининг за КОВИД за ризични категории, Ден Дончев поднесе оставка…

May 5, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

5 мај, вонредна состојба, ден 47: Партиите со спротиставени ставови за избори, казни за непочитување полициски час, скрининг за КОВИД за ризични категории, Ден Дончев поднесе оставка…

May 5, 2020 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: СДСМ за избори пред евентуалниот втор пик, за ВМРО-ДПМНЕ има други приоритети

Двете најголеми партии во државата и натаму со спротивни ставови околу изборите. Според владејачката СДСМ, треба да се искористи првата можност за избори, тие да се одржат во најбрз рок, веднаш штом се создадат услови, по завршувањето на вонредната состојба и пред евентуалниот втор корона-пик зашто на земјава и требаат кредибилни институции кои ќе носат храбри, но и одговорни одлуки. За ВМРО-ДПМНЕ, приоритет се здравјето и економската стабилност.

Меѓусебните обвинивувања продолжија и вчера. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев изјави дека Мицкоски се плаши, знае дека ќе изгуби на изборите и дека ќе бидат казнети неговите, како што рече, погубни политики. Мицкоски возврати дека на Заев му се најважни власта и фотелјата, а не здравјето на граѓаните.

И додека траат препукувањата, министерот за здравство, Венко Филипче е дециден: Кога и да се одржат изборите, тие мора да се спроведат по строг протокол за заштита на здравјето на граѓаните кој ќе биде изработен од Комисијата за заразни болести. Притоа, нема да се дозволи никаква организација што може да го загрози успешното менаџирање на здравствената криза.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Димитров: Рано во јуни очекуваме да ја добиеме предлог преговарачката рамка со ЕУ

Рано во јуни очекуваме да ја добиеме предлог преговарачката рамка и во зависност од корона кризата во период од неколку месеци таа да биде одобрена и да започнеме со првиот вистински чекор во преговорите – првата меѓувладина седница, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Тој нагласи дека е во онлајн контакт со претставници од Европската комисија, вклучително и со еврокомесарот за проширување и соседска политика Оливер Вархеји, кои работат на предлог преговарачката рамка.

БЕЗ ФИЛТЕР – видео колумна со Џабир Дерала

„Сѐ додека има медиуми што се финансираат со црни пари од антизападни центри на моќта, а тоа се толерира во јавноста и од институциите, кога има неказнивост, во општеството ќе владее страв и неизвесност…„, вели Џабир Дерала во денешната видео колумна – Избори во јуни!

 

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА: 

Министерството за здравство соопшти дека денеска Институтот за јавно здравје регистрира 21 оздравен пациент и тоа во Скопје-8, Куманово-6, Штип-1, Прилеп-2, Тетово-1, Велес-1, Кочани-1 и Македонски Брод-1. Во ГОБ „8 Септември“ почина пациентка од Тетово на возраст од 59 години, која 15 дена била во тешка состојба и на респираторна машина.

Во изминатите 24 часа направени се 185 тестирања, а потврдени се осум нови случаи со КОВИД-19 и тоа во: Скопје-3, Битола-1 и Велес-4.

*

Во Градската општа болница „8 Септември“ во Скопје пред три часа од респираторна машина е ослободен 37-годишен пациент, кој пред три недели бил примен во тешка состојба. Пациентот сам дише и неговата состојба сега е стабилна, изјави за МИА директорот на таа јавна здравствена установа Христијан Костов.

*

Центарот за јавно здравје во Скопје, заедно со Институтот за јавно здравје прави план за скрининг на лица за кои се смета дека се во критични категории, како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижување на стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација, соопшти Министерството за здравство.

*

Вкупно 25 лица на ниво на цела држава изминатото деноноќие не ја почитувале забраната за движење. Притоа 17 лица се приведени, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

*

Битолското јавно обвинителство до Основниот суд Битола поднесе  предлози за издавање на казнени налози за вкупно 11 лица, поради непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

*

Основното јавно обвинителство Скопје предложи казни од по 2.000 евра за секој за 37 лица за непочитување на полицискиот час.

*

За играње оро во полициски час, ОЈО Гевгелија побара 30.000 евра казна за 30 играорци од Прилеп и 13.000 евра за лица кои се движеле пеш или со возила со што не ја почитувале забраната за движење.

*

Двата пазара во Куманово денеска почнаа да работат,  информираа од јавното претпријатие „Пазаришта“. Тие се лоцирани на булеварите „Трета МУБ“ и „Октомвриска револуција“ и ќе работат од понеделник до петок од 8 до 16 часот.

*

Туристичко угостителската комора информира дека спровела истражување за состојбата со која се соочуваат угостителите во изминатиот период од почетокот на здравствено-економската криза, како и за мерките што ги презема Владата за ублажување на последиците во секторот.

ФЛЕШ ВЕСТИ: 

Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Ден Дончев поднесе оставка и ја достави до Владата.

*

Кривичниот суд во Скопје не го прифати предлогот на првообвинетиот во предметот „Рекет”, Бојан Јовановски – Боки 13, во дополнение на доказната постапка како сведок да биде сослушан Горан Николовски, поранешен директор на некогашната Управа за безбедност и контраразузнавање.

*

За мерката за финансиска поддршка за исплата на плати за април и мај во износ од најмногу 14.500 денари за која аплицирањето почна на 1 мај досега во Управата за јавни приходи (УЈП)  се пристигнати над 12.380 апликации.

*

Фатмир Битиќи, советник на премиерот, вели  дека во ниту еден момент нема да се доведе во прашање давање услуги од администрацијата за граѓаните и за бизнисот без оглед на мерките за пандемијата со кои, меѓу останатото, се предвидува администрација да го искористи ланскиот одмор заклучно со крајот на месецов, а од работа се ослободени вработените во овој сектор со деца до 10 години.

*

Народната банка ја ревидираше проекцијата за раст на економијата за годинава. Новата проекција е намалување на економската активност од 3,5 проценти за годинава и закрепнување во наредната година за кога Народата банка проектира раст од 4,7 отсто, со враќање кон среднорочните прогнози од 4 отсто во 2022 година.

*

Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Филиповска Грашкоска денеска на прес-конференција информираше дека во периодот од 27 април до 3 мај инспекциските служби извршиле 3.086 надзори потенцирајќи дека генерално се почитуваат владините мерки за заштита и спречување на ширење на коронавирусот. Секое непочитување и нерегуларност, потенцира, ќе биде санкционирана без исклучок.

*

На средбата која денеска ја имаше премиерот Оливер Спасовски со Томас Герберих, амбасадор на Германија кој го завршува својот мандат во нашата држава,  поздравени се историските исчекори на земјава во демократските процеси, добрососедските односи, членството во НАТО и отворените европски перспективи со одлуката на ЕУ за почеток на преговорите на Република Северна Македонија со Европската Унија.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Срцка е министерот Чулев! Не го познавам лично човекот, но толку многу потсетува на времињата на Груевски – ах, тие златни, незаборавни години, будат такви фриволни мвро-вмро сентименти! – што човек да помисли дека е барем десетина години помлад, некаде околу 2010, на пример. Кога таа екипа, барем за пошироката, помалку упатена јавност, беше уште невина, ветувачка и технократски надежна власт!“, пишува Сашо Орданоски во денешната колумна „Срцка е министерот Чулев!“

Ангела Петровска

 

 

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ