• Latest

„5 минути омраза“, мразачите одговорија на видеото на ЦИВИЛ: Признаваат дека свесно навредуваат, но тоа не било говор на омраза?!

September 8, 2020
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026

„Женското е туѓа фамилија“

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ГОВОР НА ОМРАЗА

„5 минути омраза“, мразачите одговорија на видеото на ЦИВИЛ: Признаваат дека свесно навредуваат, но тоа не било говор на омраза?!

September 8, 2020 20:33
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Серијата текстови, интервјуа, панел дискусии на ЦИВИЛ на тема – национализам и говор на омраза, почнаа да даваат резултати. По панел дискусиите и интервјуа на граѓанскиот форум за учество во креирање на владини политики на ЦИВИЛ на тема – национализам, се јавија националистите и мразачите.

На Фејсбук страницата Секула Војвода Фан клуб преку онлајн емисија лицата Петар Котевски и Сашо Панговски од движењето „Бојкотирам“ се препознаа на темата – Национализам и говор на омраза.

Во текот на видеото, тие признаваат и се свесни дека во нивните јавни објави навредуваат луѓе, но не го сметаат тоа говор на омраза! Бараат ЦИВИЛ да ги повика на дебата на тема национализам за да „објаснат што е национализам“.

Покрај тоа што самите се препознаваат во видеото на ЦИВИЛ „5 минути омраза“ во кое има скриншотови со говор на омраза од објави на Фејсбук и Твитер, тие препознаваат и голем дел од мрежата на мразачи, истакнувајќи дека има голем дел и од „движењето“.

Но, додека коментираат, забележително е дека овој пат внимаваат повеќе на изборот на зборови, секако нецелосно.

Па така, има сексистички коментари – „а добро е девојчево“, или активистката Мерсиха Смаиловиќ ја етикетираат со „а таа завитканата“… додека Борис Искокаев им коментира: „Што убав чаршав за на маса ќе биде ова нејзино фереџе или како се вика хаха“. Секако, водителот на емисијата не се оградува од вакви коментари и не ги повикува граѓаните да не користат навреди и говор на омраза.

Но, како да се оградат од навредите, кога и самите признаваат дека навредуваат, но велат дека „навреда не е говор на омраза“!?

Сепак, нашите закони велат поинаку. Предизвикувањето омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа сепак е кривично дело, и е казниво со затворска казна според неколку члена од Кривичниот законик.

Член 319

(1) Тој што со присилба, малтретирање, загрозување на сигурноста, излагање на подбив на националните, етничките, верските и други симболи, со палење, уништување или на друг начин оштетување на знаме на Република Македонија или знамиња на други држави, со оштетување туѓи предмети, со сквернавење споменици, гробови или на друг дискриминаторен начин, непосредно или посредно, ќе предизвика или ќе разгори омраза, раздор или нетрпеливост врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години. (2) Тој којшто делото од ставот (1) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем

Член 394-г

(1)Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години. (2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој којшто делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање. (3) Тој што делото од ставовите (1) и (2) на овој член го врши со злоупотреба на положбата или на овластувањето или ако поради тие дела дошло до безредие и насилства спрема луѓе или до имотна штета од големи размери, ќе се казни со затвор од една до десет години.

Ставот на ЦИВИЛ е да не им даде простор на мразачите, националистите, ксенофобите… сѐ додека навистина не сакаат да дебатираат со аргументи и факти без да користат говор на омраза!

Дехран Муратов

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ