По повод Меѓународниот ден на жената 8 ми Март под мотото Сега е моментот – сите за родова еднаквост!, по девети пат, годинава ќе се оддржи „Вечери на женски права“, со почеток во 20.00 часот во Кино „Фросина“, во МКЦ.
Вечерите на женски права кои традиционално се одржуваат по повод Меѓународниот ден на жената, во своето деветто издание годинава ќе го претстават шпанскиот документарен филм „Граници и ветувања“ (возраст 12+) на режисерката Роисин Меколи, по кој ќе следуваат разговори за феминизмот, е манципацијата, женскиот активизам и многу други теми со Ана Јовковска и нејзините соговорници Лабина Митевска, Мерсиха Смаиловиќ, Ненад Марковиќ, Ана Бунтеска, Огнен Јанески, женски слем поезија перформанс со Елена Пренџова и музичко дружење со Џун.
На Вечерите на женски права ќе биде претставена и изложбата „Признаените vs. невидливите жени“ која содржи две збирки – шведската изложба „Пионерските чекори во воведувањето на надворешна феминистичка политика“ во која се претставени клучни жени и одредници во шведската надворешна феминистичка политика, како и македонскиот „еквивалент“ во кој се претставени невидливите жени од нашата историја.
Оваа година, настанот за одбележување на 8ми Март, во рамките на Вечерите за женски права, е
организиран од UN Women канцеларијата во Скопје, Град Скопје и Институтот за човекови права, во соработка со Амбасадата на Шведска во Скопје.
Како дел од овогодинешните Вечери на женски права ќе биде организирана Недела на вечери на женски права (26 – 31 мај 2018) во Кинотеката на Македонија, проследена со дебати со ученици во средните училишта.