Набавени медицински апарати кои не се користат во болниците, исплатени пензии на починати лица, институции кои ги прекршуваат законите, како и сомнеж за проневерени пари се дел од забелешките на ревизорите кои во своите извештаи им ги доставуваат на Обвинителството и полицијата. Но, што се случува со ревизорските извештаи, дали се постапува по нив и до каде е постапката – информација нема, пишува Радио Слободна Европа.
Како што известуваат, за период од 2016 година до 2018 година од Државниот завод за ревизија испратиле вкупно 42 извештаи до Јавното обвинителство, потоа 8 до Антикорупциска комисија, 4 до МВР и 2 до Финансиската полиција. Новиот директорот на Завод за ревизија, Максим Ацевски во интервју за Радио Слободна Европа вели дека се надева дека во наредниот период ќе добијат повратна информација за тоа што во суштина е направено со ревизорските извештаи во кои има индиции за сторено кривично или прекршочно дело.