• Latest
Последици од бомбардирањето на Белград, 6 април 1941 година (фото извор: Wikimedia Commons)

6 април 1941: Пакт, демонстрации, пуч и одмазда

April 6, 2023
Фото: МИА

Евроинтеграции: Проширувањето добива нова динамика, Македонија сè уште чека отворање на првиот кластер

July 15, 2026
Илустрација: ВИ

Нетранспарентен процес, без јавна дебата: Правото на глас и Изборниот законик – играчка во рацете на моќните

July 15, 2026
Фото: МИА архива

Изборниот законик останува заглавен: ЕУ и дијаспората во центарот на партиските судири за изборните реформи

July 15, 2026

Генерален ремонт на Изборниот законик (2)

July 15, 2026

Украина отвори нов преговарачки кластер со ЕУ: и во услови на брутална руска агресија, Кијив сигурно напредува кон членство

July 14, 2026

Коалицијата на волните формира антиракетен штит; Северна Македонија примена во отсуство; прорускиот Радев го повлече членството на Бугарија

July 14, 2026
Премиерот Христијан Мицкоски, седница во Собранието за реконструкција на владата, 13 јули 2026 (фото извор: Влада)

Скандалозна реконструкција на Владата: Навредите на Стоиљковиќ – мрачен потсетник за состојбата на политичката култура и демократијата во земјата

July 14, 2026
Џелал Хоџиќ

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Сеќавањето на Сребреница е цивилизациска обврска – последната фаза од геноцидот е неговото негирање

July 14, 2026

Случај „Мазут“: На што се жали ЕСМ ако претходно „им симнувале капа“ на РКМ?

July 13, 2026
Андриј Сибига

Украина бара меѓународен механизам за враќање на цивилните заложници: Русија спроведува системска политика на киднапирање и тортура

July 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

6 април 1941: Пакт, демонстрации, пуч и одмазда

April 6, 2023 11:37
in КОНТЕКСТ, СВЕТ, ТОП 5
Последици од бомбардирањето на Белград, 6 април 1941 година (фото извор: Wikimedia Commons)

Последици од бомбардирањето на Белград, 6 април 1941 година (фото извор: Wikimedia Commons)

Share on FacebookShare on Twitter

Операцијата Unternehmen Strafgericht, позната како Операција „Одмазда“ (Retribution) почна во раните утрински часови на 6 април 1941 година, со бомбардирање на Белград по наредба на тогашниот нацистички лидер на Германија, Адолф Хитлер.

Бомбардирањето на Белград дојде како „казна“ поради воениот пуч со кој се собори југословенската влада во Белград на 27 април, која претходно го потпиша Тројниот пакт, со што Југославија требаше да се приклучи кон силите на Оската Берлин – Рим – Токио.

На воениот пуч во Белград му претходеа големи демонстрации. „Боље рат, него пакт“ и „Боље роб, него гроб“ беа главните пароли во деновите по потпишувањето на пактот, што доведе и до пад на тогашната влада.

27 април 1941, демонстрации против Тројниот пакт (фото извор: Wikimedia Commons)

Воздухопловните сили на тогашната кралска југословенска армија располагаше со 77 модерни борбени авиони за одбрана на Белград, наспроти стотиците германски борбени авиони и бомбардери кои беа во првиот бран на бомбардирањето, утрото на 6 април.

На тој ден, германската авијација спроведе бомбардирање на Белград во вкупно четири бранови со разорни последици кои целосно ја парализираа југословенската цивилна и воена команда, уништија голем дел од инфраструктурата и предизвикаа бројни цивилни жртви.

Истовремено, почна и копнената инвазија на Југославија, а воздушни напади беа извршени и врз аеродромите на кралската југословенска армија и други стратешки цели низ цела Југославија. Меѓу цивилните цели на германскиот Луфтвафе (Luftwaffe) беа погодени и Националната библиотека на Србија, која изгоре до темел, заедно со стотици илјади книги и ракописи. Настрада и белградската зоолошка градина. Југославија капитулира 11 дена подоцна, на 17 април. Пучот и демонстрациите против пактот го одложија спроведувањето на Операцијата „Барбароса“ (Operation Fritz) за напад на СССР за нешто повеќе од два месеци.

Подготви: Џ. Дерала

Tags: Белградбомбардирањевтора светска војнаЈугославија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ