На денешен ден…
1508 Максимилијан Први е прогласен за Светиот римски император.
1899 На Филипините избувна востание против американската окупациска армија. По американско-шпанската војна, САД ги приграбија Куба, Порторико и Филипини, што го означи крајот на шпанското колонијално царство.
1921 излегува немиот филм “The Kid” во кој глумат Чарли Чаплин и Џеки Коган.
1922 Во Вашингтон заврши конференцијата на претставниците на САД, Велика Британија, Франција, Италија, Белгија, Холандија, Португалија, Јапонија и Кина на која е извршена нова поделба на колонии и се одредени сферите на влијание на Далечниот Исток и Тихиот Океан. Договорот што е потпишан на конференцијата предвидуваше почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на Кина. Истиот ден, „петмината“ (САД, Велика Британија, Јапонија, Франција и Италија) потпишаа Договор со кој се ограничува поморското вооружување на земјите потписнички.
1943 Американскиот генерал Двајт Ајзенхауер е именуван за врховен командант на сојузничките сили во Северна Африка за време на Втората светска војна.
1945 Во Скопје почна со работа првата предучилишна установа „Орце Николов“.
1952 Кралицата Елизабета II го наследи кралот Џорџ VI на британскиот престол, станувајќи Кралица на Обединетото Кралство и другите царства на Комонвелтот, вклучувајќи ги Канада, Австралија и Нов Зеланд.
1992 Република Турција ја призна Република Македонија.