• Latest

7 април, вонредна состојба, ден 20: Дозволи за движење во полициски час, нови случаи на КОВИД-19, онлајн настава и државна матура…

April 7, 2020

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (5): Стратешки препораки за зајакнување на институционалната и граѓанската отпорност

November 9, 2025
Скриншот од видео на
The Telegraph

Што доби – и што не доби Орбан од Трамп

November 9, 2025

Кремљовскиот режим на тортура

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (4): Траекторија на ризикот за следните 3-6 месеци

November 9, 2025
Поранешниот претседател на Северна Македонија, проф. д-р Стево Пендаровски и директорот на IGES, д-р Аднан Капо. Фото: IGES

Пендаровски: Ниту една земја што се затворила не станала голема, изолацијата не е добра

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (3): Индикатори и сигнали за рано предупредување за Северна Македонија

November 9, 2025

Супорт Кочани распредели околу 11 милиони денари на 137 лица, држата наплати 1 милион денари данок од собраната помош

November 9, 2025
Фотоколаж од Фејсбук на Окомура и Х на Јана Чернохова/ Expatz.cz

Отстранувањето на украинското знамето му се врати како бумеранг: На чешкиот парламент сега се истакнати уште повеќе сино-жолти знамиња

November 9, 2025

БОИШТЕ НА НАРАТИВИ (2): Прокси мрежи и локални овозможувачи, стратешки ранливости на Северна Македонија

November 9, 2025

Русија врбува агенти и провокатори за субверзивни активности во западна Европа: Како се спроведуваат хибридните операции

November 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

7 април, вонредна состојба, ден 20: Дозволи за движење во полициски час, нови случаи на КОВИД-19, онлајн настава и државна матура…

April 7, 2020 17:13
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Издадени 27.000 дозволи за движење во полициски час, може да се добијат и за негување лице

Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) досега на претставници на институции или други категорија граѓани им издало вкупно 27 илјади дозволи за движење за време на полициски час, кој е на сила поради вонредната состојба со пандемијата на КОВИД-19. Таква дозвола може да добијат и оние кои негуваат немоќно или болно лице, информира денеска ресорниот министер Дамјан Манчевски.

 

До МИОА, како што рече Манчевски, по електронси пат треба да се достават лични датоци за барателот на дозволата, односно име и презиме, матичен број и телефонски број, како и медицинска потврда што ја докажува медицинската состојба на лицата за кои тие се грижат.  Дозволата се издава исто така електронски и секој ќе ја добие на својот мејл, рече Манчевски на прес-конференцијата, на која беше најавена донација во интернет од Телеком за децата од социјално ранливите семејства.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Пендаровски: Само заедно можеме да ја добиеме битката против коронавирусот, да бидеме одговорни и дисциплинирани

„Со стотици илјади смртни случаи во целиот свет, вирусот #COVID19 сè уште претставува глобална закана по сечиј живот. На денешниот #СветскиДенНаЗдравјето уште еднаш повикувам да бидеме одговорни и да бидеме дисциплинирани. Од секој од нас зависи дали ќе има потреба и натаму да се заоструваат мерките за заштита. Од секој од нас зависи до кога ќе биде неопходен полицискиот час или вонредната состојба, истакнува во својата порака на Фејсбук претседтелот Пендаровски.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА, ДЕН 20

Починаа 4 пациенти заболени од коронавирус денеска на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје: пациент од Куманово (52), пациентка од Лабуништа-Струга (65), пациентка од Челопек – Тетово (62) и една пациентка од Штип (81). Во Куманово дома починал уште еден пациент, на возраст од 53 години, кај кого бил потврден вирусот.

Во изминатите 24 часа, регистрирани се 29 нови случаи, позитивни на коронавирусот. По градови: Скопје – 15, Куманово – 7, Прилеп – 1, Струга – 3 и Кочани – 3.

*

Стабилна е безбедносната состојба на подрачјето на општините Дебар и Центар Жупа, каде е прогласена кризна состојба. Не се регистрирани собирања на граѓани на јавни места, нема нарушувања на јавниот ред и мир и нема регистрирани сообраќајни незгоди.

*

Директорот на Центарот за јавно здравје Куманово, доктор Ариф Љатифи, денеска информираше дека за 24 часа има регистрирано седум позитивни пациенти од коронавирус. Тој додаде дека во кумановската болница се извршени повеќе од 70 тестирања .

*

Јавното сообраќајно претпријатие ги информира граѓаните дека од утре, среда (8.04.2020 год) согласно одлуката на Владата за забрана за движење на сите граѓани од понеделник до петок од 16 до 5 часот наредниот ден, како и забраната за движење oд петок од 16 часот до 5 часот во понеделник, ќе има измени во возниот ред на јавниот превоз, а изменето работно време ќе имаат и билетарниците и центрите за персонализација.

*

Фирма од Гостивар започна со пробно производство на „хигиненски тунели“ (sanitary gate) во кои би се спроведувала дезинфекција при влез во објекти во кои има поголема посетеност. Првиот тунел компанијата го донираше на општина Гостивар и денеска го постави пред влезот на зградата на општинската администрација.

*

Економските оператори што работат во прва смена треба да го организираат работниот процес согласно забраната и посебниот режим на движење, а производствените капацитети кои работат и во втора, трета и четврта смена да го организираат својот начин на работа како и досега, со издадени дозволи за движење од страна на работодавачот согласно пропишаниот образец, стои во заклучокот на Владата од вчерашната седница на која беа донесени дополнителни мерки и активности за превенција од ширење на вирусот КОВИД-19.

*

Новопоставенот директор на Општата болница во Охрид д-р Горан Балевски денеска соопшти дека состојбата со заразата со коронавирусот будно се следи, уверувајќи оти здравствената установа има доволно капацитети и знаење за справување со предизвиците што ги носи епидемијата.

*

Во земјава нема тестови за коронавирус кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), соопшти денеска директорката на МАЛМЕД Висаре Риза.

ФЛЕШ ВЕСТИ

По петицијата која ја покренаа средношколците за откажување на одинешната државна матура, министерот за образование Арбер Адеми вели дека конечна одлука се уште нема, бидејќи состојбата се анализира, но напомена дека сите опции се отворени.

*

Телеком ќе донира мобилен интернет за сите 30.000 основци и средношколци кои доаѓаат од семејства во социјален ризик за да ги следат наставните програми на платформите за далечниско учење, определени од Министерството за образование и наука, до крајот на учебната година, најави денеска директорот на Македонски телеком Никола Љушев.

*

Министерството за труд и социјална политика, во партнерство со Програмата на Обединетите нации за развој (УНДП), а со поддршка на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), реализира услуги за поддршка на лица со попреченост и други ранливи категории во услови на КОВИД-19.

 

*

Во првите два месеца годинава вкупната вредност на извозот на стоки од нашата држава изнесува 1.074.461.000 долари и бележи пад од 0,2 проценти во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

*

Студентите кои имаат потреба да ги посетат студентските домови за да подигнат дел од личните работите кои ги имаат оставено можат да го направат тоа во следните 4 дена почнувајќи од денес, во определен временски интервал согласно полицискиот час и дополнителните ограничувања во слободата на движење, информира директорот на Државниот студентски центар, Дарио Николовски.

*

Државниот инспекторат за труд апелира до вработените да не потпишуваат договори или отказни решенија ако не се сигурни што тие значат. Препорака е да се внимава што се потпишува или да се направи консултација со стручни лица.

СЛОБОДНА ЗОНА

„Вчерашната прес-конференција на Владата, со која се објави подигнувањето на нивото на рестрикциите во движењето на територијата на целата земја, и реакциите по неа, ме потсетија на една прочуена изјава на Роналд Реган, 40-тиот американски претседател, иконата на тврдиот американски конзервативизам. Имено, во 1986 година, критикувајќи ги обидите за мешање на власта во слободата на пазарната економија, на една своја прес-конференција Реган ги дефинираше „деветте најстрашни зборови во англискиот јазик“: “I’m from the government, and I’m here to help” („Јас сум од владата и тука сум за да помогнам“)“, пишува Сашо Орданоски во „Останете здрави и живи, после ќе му ја мислиме за изборите!“.

„Навидум добронамерна докторка, со совети за чекори што и онака се подразбираат и секако се преземаат, во услови на здравствен систем што го разори нејзината партија, д-р Нелоска тргна во борба против своите колеги, оние што деноноќно се на првите линии на фронтот за одбрана на здравјето на луѓето“… повеќе во коментарот на Џабир Дерала „Докторката во партиска униформа“.

Ангела Петровска 

Share34Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ