• Latest

7 јули низ вековите

July 7, 2018

Изданија на ЦИВИЛ достапни во „Или-Или“ по пријателски летни цени

June 9, 2026
Илустрација: ВИ

Изборниот законик повторно отвори политички судир: ЛДП се заканува со повлекување, Министерството возвраќа, а дебатата за една изборна единица останува нерешена

June 9, 2026

Политика на множење со нула: Од дигиталните илузии до европските скенери

June 9, 2026
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, 32 Конгрес на СДСМ, 7 јуни 2026 (фото извор: СДСМ)

Идеолошко ресетирање во време на проевропска фасада и заробена држава

June 8, 2026

Јазот меѓу проевропската фасада и националистичката реторика на власта

June 7, 2026

Хроника на недовршените процеси, скандалите и ерозијата: Анализи и истражувања што не застаруваат

June 7, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Партизаните, идентитетот и ЕУ

June 7, 2026

ТЕЦ Неготино, мазутот и обвиненијата: Што велат официјалните податоци?

June 6, 2026

Путиновата споредба на Зеленски со Рамбо е признание на немоќ и страв

June 6, 2026

Кабинетот на Мицкоски молчи за транзитот на советски ракетни системи вредни 11 милиони евра од Словачка до Уганда во 2025 година

June 5, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

7 јули низ вековите

July 7, 2018 10:18
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

1533.- Во Ферари умрел Лодовико Ариосто, прославен италијански епски поет, чиј витешки еп „Бесниот Роналдо“ станал блескав поетски израз на духот на уметничките и на модерните тенденции на италијанската ренесанса.  Пишувал и лирски песни, комедии и сатири. Роден бил на 8 септември 1474 година.

1854.- Умре германскиот физичар Георг Симон Ом, кој го открил односот на струјата на електромоторните сили и отпорот во електирчното коло, наречен по него Омов закон. Единицата за мрење на електричниот отпор во меѓународниот систем на мерки во негова чест е наречена Оm.

1860.- Во Калиш, во Чешка, е роден Густав Малер, австриски композитор. Бил директор на Државната опера во Виена. Дела: десет симфонии, циклуси соло песни за глас и оркестар „Песна за земјата“, „Песна за момчето-патник“, „Песна за мртвите деца“. Умрел во Виена, на 18 мај 1911 година.

1887.- Во Витебск, во Русија, е роден Марк Шагал, еден од најоргиналните европски сликари. Создал фантастични композиции од животот на Евреите и на руските селани. Се занимавал со графика и сценографија. Умрел во Ница, во Франција, на 28 март 1985 година.

1893.- Во Загреб е роден Мирослав Крлежа, хрватски писател, еден од најзначајните личности на културно-книжевните случувања во периодот по Првата светска војна. Неговиот книжевен опус опфаќа поезија, критики, полемики, драми, есеи, студии, романи и друго. Најзначајни негови дела се „Хрватскиот бог Марс“, „На работ од умот“, „Господа Глембаеви“, „Во агонија“ и други. Умрел во Загреб, на 29 декември 1981 година.

1898.- САД ги анектирале Хавајските Острови. Во прво време Хаваи имале статус на колонија, а во 1959 година станале педесетта сојузна држава во САД.

1899.- Во Њујорк е роден Џорџ Кјукор, познат американски режисер. Автор бил на многубројни филмови кои влегле во антологијата на светската кинематографија, меѓу кои најпознати се „Вчера во осум“, „Плинска светлина“, „Ѕвездата е родена“ и други. Умрел во Лос Анџелес, на 24 јануари 1983 година.

1911.- Роден е италијанскиот композитор Џан Карло Меноти, Дела: оперите „Конзул“, „Медиум“, „Амелија на бал“, радио-операта „Девојка и арамија“, „Телефон“, балетот „Себастијан“.

1921.- Во селото Брусник, Битолско, е роден Васко Карангелески, народен херој на Македонија. Загинал во несреќен случај, на 3 февруари 1977 година.

1930.- Умре англискиот писател Артур Конан Дојл, лекар по професија, кој се прославил со криминалистичките романи и раскази во кои главните јунаци се измислениот детектив Шерлок Холмс и неговиот пријател д-р Вотсон. Дела: романите „Гримизна студија“, „Спомените на Шерлок Холмс“, „Баскервилски пес“, „Белиот одред“, „Изгубен свет“, „Големата бурска војна“, историската студија „Историја на британскиот поход во Франција и Фландрија“.

1937.- Јапонската армија го нападнала кинескиот гарнизон кај Лучиоа, во близина на Пекинг. Кинеските сили се спротивставиле, па Јапонија тоа го искористила како повод за агресија врз Кина. Кинеско-јапонската војна траела се до капитулацијата на Јапонија во септември 1945 година.

1978.- Соломонските острови во југозападниот дел на Тихиот Океан се стекнале со независност и влегле во Британскиот комонвелт по 85 години британска колонијална управа.

1992.- Со 91 глас „против“, 7 „воздржани“ и 2 гласа „за“, пратениците на Собранието на Република Македонија не и изгласале доверба на Владата на Република Македонија. Првпат во историјата на Македонија „паднала“ влада.

1995.- Поранешниот шеф на италијанската дипломатија Џани де Микелис бил осуден на четири години затвор поради корупција.

2005.- Во серија експлозии кои го потресле лондонското метро и разнесле еден градски автобус загинале 52, а биле повредени околу 700 луѓе. Терористичката мрежа Ал-Каида-Џихад во Европа ја презела одговорноста за овие бомбашки напади во самиот центар на бритнаската престолнина.

2007.- Прогласени биле „новите“ седум светски чуда во текот на свеченоста која се одржала на стадионот „Бенфика“ во Лисабон: Големиот ѕид во Кина, Петра во Јордан, Статуата на Христос Спасителот во Бразил, Мачу Пикчу во Перу, пирамидата Чичен-ица во Мексико, Колосеумот во Рим и Таџ Махал во Индија. До овој избор дошло по гласовите на околу 100 милиони луѓе ширум светот на Интернет и по мобилни телефони. Критичарите на овој избор меѓу кои и УНЕСКО сметале дека светските чуда не треба да се избираат со јавно гласање. Египетските пирамиди во Гиза се единствените кои останале на првата листа на седумте светски чуда на стариот век.

2014.- Во Тбилиси по долго боледување починал поранешниот претседател на Грузија Едуард Шеварнадѕе. Шеварнадѕе бил претседател на Грузија од 1995 до 2003 година. Тој бил роден на 25 јануари 1928 година.

2014.- Во Мадрид на 88-годишна возраст починал легендарниот фудбалер Алфредо Ди Стефано. Најдобриот фудбалер во историјата на Реал Мадрид и почесен претседател на „кралскиот тим’’ родум од Аргентина. Својата богата фудбалска кариера ја започнал во родната земја, во редовите на Ривер Плата. Потоа бил фудбалер на Милионариос, од каде преминал во Шпанија и 11 години бил лидер на Реал Мадрид, а кариерата ја завршил во Еспањол. Ди Стефано бил прогласен за најдобар играч во историјата на Реал за кого одиграл 392 официјални натпревари и притоа постигнал 305 голови, што долг период преставувал и рекорд на клубот. Ди Стефано двапати го освоил престижното признание „Златна топка“, а во Лигата на шампионите или поранешниот Куп на шампиони дури пет пати се радувал на трофејот наменет за најдобриот тим во Европа. Алфредо Ди Стефано светот го познавал и како единствениот фудбалер кој настапувал за три репрезентации: Аргентина, Колумбија и Шпанија. Во кариерата одиграл вкупно 510 официјални натпревари и постигна 418 погодоци. (МИА)

Tags: 7 јуливремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ