• Latest

7 мај низ вековите

May 7, 2018
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026

Помалку празници, повеќе продуктивност – а плата?

October 6, 2026

Атлантската океанска циркулација слабее: Европа се подготвува за климатски ризик со системски последици

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

7 мај низ вековите

May 7, 2018 07:12
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Денеска е Ден на македонската полиција.

1755.- На иницијатива на големиот руски научник Михаил Василевич Ломоносов бил отворен Московскиот универзитет, кој првобитно имал само филозофски, правен и медицински факултет. Универзитетот набргу станал центар на руската наука.

1833.–  Во лутеранско семејство се родил Јоханес Брамс. Семејството на Брамс било бедно, така што младиот композитор и музичар свирел по гостилниците. Преку концертните турнеи тој посетил многу германски градови, како и многу градови надвор од Германија. Станал ученик на Роберт Шуман и верен пријател на неговото семејство. Немајќи работа во Хамбург, Брамс се преселил во Виена, каде починал на 3 април 1897 година. Брамс компонирал симфонии, оркестарски серенади, клавирски сонати и соло песни. Најпозната симфониска творба му е „Германски реквием“. Од неговите концерти се издвојува Концертот за виолина и оркестар, опус 77, а од клавирските творби – „Унгарскиот танц“.

1838.- Францускиот сликар Луј Дагер го открил методот на механичко сликање, односно ја пронашле фотографијата.

1840.- Во Камско-Воткинск е роден Петар Илич Чајковски, најистакнат руски композитор и еден од најголемите симфоничари на 19 век. Негови најпознати дела се оперите „Евгениј Онегин“ и „Пиковата дама“, балетите „Лебедово езеро“ и „Заспаната убавица“. Умрел во Петроград, на 6 ноември 1893 година.

1861.- Во Калкута е роден Рабиндранат Тагоре, индиски поет и филозоф. Меѓу неговите најпознати дела се збирките песни „Градинарот“ и „Гитанџали“, романите „Дом и свет“ и „Бродолом“, драмите „Сударшана“ и „Водопад“ и публицистичкиот труд „Национализам“. За својата литературна работа во 1913 година ја добил Нобеловата награда. Умрел во Калкута, на 7 август 1941 година.

1901.- Роден е американскиот филмски актер Френк Џејмс Купер, познат како Гари Купер, еден од најомилените актери во историјата на Холивуд. Тој снимил 84 филмови од кои во светската филмска антологија остануваат засекогаш – „Законот на Дивиот Запад“, „Точно на пладне“, „Вера Круз“, „Љубов попладне“ и други.

1929.- За првпат била востановена наградата „Оскар“ што секоја година ја доделува Академијата за филмска уметност и наука во Холивуд, САД, за најдобар американски филм, за најдобра машка и женска улога, за режија, сценарио и други остварувања во филмската уметност.

1939.- Германија и Италија склучиле пакт, познат како „Оска Берлин – Рим“.

1954.- Француските колонијални сили потпишале капитулација со што завршила познатата битка кај Диен Биен Фу. Во битката ослободителните сили на Виетнам под команда на генерал Џап извојувале победа над француските колонијалисти.

1971.- Во Охрид (од 7 до 31 мај) се одржал Првиот меѓузонски турнир за светска првенка во шах. Учествувале Нана Александрија (СССР), Татјана Затуловскаја (СССР) и Милунка Лазаревиќ (СФРЈ) кои заедно со поранешната претендентка Ала Кумнир (СССР), требало да ја одредат новата предизвикувачка на актуелниот шампион Нона Гаприндашвили (ССССР). Најуспешна меѓу нив била Александрија. Тоа е најсилниот турнир на шахистки дотогаш одржан во Македонија за кој претседателот на ФИДЕ Макс Еве, оддавајќи признание за одличната организација, изјавил дека македонските шаховски работници и ентузијасти го оправдале високото реноме што оваа земја го има во светот. Во наредната година во Скопје се одржала и женската шаховска олимпијада.

1991.- Во Москва умрел Васил Икономов, македонски писател и преведувач. Тој бил еден од основачите и првите уредници на Книгоиздателството „Мисла“ во Скопје, член на Друштвото на писателите на Македонија и на Сојузот на писателите на СССР. Автор е на стихозбирките „Жерави во пламен“, „Разделбата на крвта со огнот“, „Мртвите пешачат боси“ и „Кон една генеза. Роден бил во Скопје, во 1945 година.

1993.- Со одлука на Владата на Република Македонија од 20 април 1993 година, 7 Мај бил востановен како Ден на македонската полиција, а во чест на истиот ден во 1903 година кога на Смилевскиот конгрес на ТМОРО била извршена реорганизација на власта и безбедноста.

1995.- Кандидатот на конзервативците, градоначалникот на Париз, Жак Ширак, победил на претседателските избори во Франција.

2002.- Во напад на исламски терорист-самоубиец во еден клуб јужно од Тел Авив загинале најмалку 15 лица. Одговорноста за нападот ја презеде терористичката организација Хамас. (МИА)

Tags: 7 мајвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ