• Latest

8 април низ вековите

April 8, 2018
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје се незаконски и немаат правни последици

August 10, 2026
Шумски пожар (фото извор: ЦУК)

Европа и светот во пламен: Климатска криза, човечка небрежност и разорни последици

August 10, 2026
Скриншот од видеото што го промовира премиерот Христијан Мицкоски, Фејсбук, 9 август 2026

Битка за минатото и слепило за иднината

August 10, 2026
фото извор: Алта банка

СКАНДАЛ: Алта банка тргна и кон Црна Гора, Владата прво рече „да“, па „не“

August 10, 2026

Косово и Украина се на иста страна

August 10, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Хипокризија

August 9, 2026

SNAFU… Сите губат, некои само побрзо

August 9, 2026

ТЕРОР: Во последните 48 часа, Одеса, Кијив и 12 области под руски напад; најмалку четворица цивили загинаа во Кијив и областа, меѓу нив и тригодишно дете

August 9, 2026

Кога протоколот ја отсликува надворешната политика

August 8, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Два залaка и чувство на сопственост

August 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

8 април низ вековите

April 8, 2018 07:31
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

– Денеска е Светски ден на Ромите

1513.- Хуан Понсе де Леон ја открил Флорида и ја прогласил за територија на Шпанија.

1692.- Роден е италијанскиот виолински виртуоз и композитор Џузепе Тартини, кој ги открил одделните акустичните појави во музиката. Компонирал виолински концерти и сонати.

1818.- Роден е германскиот хемичар Август Вилхелм фон Хофман, познат по истражувањата во органската хемија. Основач бил на модерната индустрија на анилински бои од катран на камен јаглен.

1848.- Во Бергамо умре Гаетано Доницети, италијански оперски композитор, романтичар, творец на музика полна со драмска динамика. Главни негови дела се „Ќерката на полкот“, „Дон Пасквале“, „Лучија ди Ламермур“ и „Љубовен напиток“. Роден бил во Бергамо, на 29 ноември 1797 година.

1893.- Роден е американската филмска актерка од канадско потекло Гледис Смит, позната како Мери Пикфорд, ѕвезда на немиот филм. Филмови: „Добриот мал ѓавол“, „Девојката од вчера“, „Една малечка богата девојка“, „Малиот лорд Гонтелрој“. „Гаучо“, „Кокета“.

1894.- Умрел индискиот писател Банким Чандар Чатерџи, прв значаен автор кој пишувал на бенгалски јазик. Бил значително под влијание на шкотскиот писател Волтер Скот и главно пишувал романтични романи со домашни теми и со моралистички тон. Дела: романите „Капалкундала“, „Мриналини“, „Јургалангурија“, „Кришнакантер Чил“, „Анандамат“, „Ситарам“.

1907.- Франција и Велика Британија потпишале конвенција со која била потврдена независноста на Сијам (сегашен Тајланд).

1909.- Во Прилеп е роден Круме Кепески, македонски педагог, лингвист, преведувач, собирач на македонски народни умотворби, граматичар, автор на првата Македонска граматика, објавена во 1946 година, коавтор (со Шаип Јусуф) на првата Ромска граматика, објавена во 1980 година, на збирката анегдоти, хуморески и легенди „Островот бил парче земја фрлен во вода“, објавена во 1993 година и на други дела. Умрел на 3 ноември 1988 година.

1929.- Роден е Жак Брел, француско-белгијски шансониер. Познати се неговите хитови “Ne me quitte pas”, “Amsterdam”, “Mathilde”. Иако е роден Белгиец, поголем дел од животот живеел во Париз, а во Француска Полинезија ги поминал последните години од животот каде умрел и е погребан, недалеку од гробот на францускиот сликар Пол Гоген.

1936.- Умрел австрискиот лекар Роберт Барањи, добитник на Нобеловата награда за медицина во 1914 година. Ја расветлил функцијата на вестибуларниот апарат – орган кој ја регулира рамнотежата на човечкото тело и тонусот на мускулите. Тој придонесол за подобро запознавање на функциите на малиот мозок и лекувањето на некои заболувања на тој дел од мозокот.

1946.- Одрана била последната седница на Лигата на народите во Женева пред таа организација да биде заменета со Обединетите нации.

1950.- Умрел рускиот балетски играч и кореограф Владимир Фомич Нижински, можеби најголемиот во историјата на балетот чија кариера како балетан траеше само четири години, бидејќи во 1917 година заболел од неизлечлива душевна болест. Неговите креации никој не ги надмина, а скоковите во балетот „Сонот за розите“, поради невообичаените височини и убавини, влегоа во легендата како недостигнат идеал.

1971.- Во Лондон почнал Првиот конгрес на Ромите кој траел до 11 април. По тој повод Организацијата на обединетите нации го прогласила овој ден за Светски ден на Ромите.

1973.- Во својата вила, во малото место Мужен, на француската ривиера, умрел Пабло Пикасо (вистинското име му е Роиуз), шпанско-француски сликар, еден од најголемите светски сликари. Тој е основач на кубизмот. Посебно место во неговиот уметнички опус заземаат композициите „Госпоѓиците од Авињон“, „Герника“ и големата ѕидна слика во палатата на УНЕСКО во Париз. Тој се соживеал со скопската трагедија од земјотресот во 1963 година и бил меѓу првите кои се огласил на солидарната акција за собирање на уметнички дела, испраќајќи ја својата позната слика „Глава на жена. Роден е во Малага, Шпанија, на 25 октомври 1881 година.

1984.- Умрел рускиот физичар Пјотор Леонидович Капица, еден од најистакнатите физичари на 20-от век, добитник на Нобеловата награда за физика.

1993.- Република Македонија со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации била примена за 181 полноправна членка на Светската организација. Со тоа е потврден меѓународно-правниот субјективитет на државата по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна Република Македонија. Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, која не го прифаќа нашето уставно име, зачленувањето во ОН било направено под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија. Двете земји со посредство на ОН почнале преговори за надминување на разликите околу името.

1993.- Република Македонија воспоставила дипломатски односи со Нов Зеланд.

1996.- Република Македонија и Сојузна Република Југославија потпишале договор за нормализација на односите.

2003.- Граната испукана од тенк на американските сили врз хотел полн со новинари во Багдад ги усмртила камерманите на Ројтерс и на „Теле 5“, Тарас Протајук и Хосе Коус.

2012.- Во Канада, во Сатон Вест, умрел Методија (Тед) Петков, најстариот Македонец во светот, кој на 31 јануари го прославил 108-иот роденден. Петков на јубилејната прослава по повод државниот празник 8-ми Септември, на покана од генералниот конзул на Македонија во Торонто Драган Ѓурчевски, го подигнал македонското знаме во паркот пред Парламентот на Онтарио во Торонто. Роден бил во селото Цапари, Битолско, а во Торонто се доселил во 1930 година.


извор: МИА

Tags: 8 Априлвремепловна денешен ден
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ