• Latest

8 мај, вонредна состојба ден 50: Се бара оставка и одговорност од Чулев, фактите контра Катица Јанева, кампања за заштита од семејно насилство…

May 8, 2020

Мир 2025: Потпишан договорот за прекин на огнот во Газа

October 13, 2025
Фото: Здружение Иницијатива за правата на жените од Шуто Оризари

Жените во Шуто Оризари „гласаа“: Бесплатно здравје за сите

October 13, 2025

Трагедијата во Кочани ја зема 63-та жртва: Во притвор почина осомничениот инспектор Владо Петров

October 13, 2025

ДКСК расправа за изборни нерегуларности кои завршуваат без санкции

October 13, 2025
Илустрација: ВИ

Се печатат гласачките ливчиња за Локални избори 2025, во четврток и петок дистрибуција на доверливиот материјал до ОИК

October 13, 2025

ВУЧИЌ: Издрибланиот дриблер

October 13, 2025
Фото; Креирано со помош на ВИ

Локални избори 2025: Кандидатите најавуваат зелени површини, дигитализација, спорт и поддршка за млади и семејства

October 13, 2025

Децата како изборен реквизит – политичка трка без срам и граници!

October 13, 2025

Меѓународна конференција на ЦИВИЛ во Скопје: Парламентарци и експерти од Европа и пошироко говорат за иднината на Европа и Украина

October 13, 2025
Креирано со помош на ВИ

Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

October 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

8 мај, вонредна состојба ден 50: Се бара оставка и одговорност од Чулев, фактите контра Катица Јанева, кампања за заштита од семејно насилство…

May 8, 2020 17:09
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Барање за оставка од Чулев

По вчерашниот настан во Струга кога се одржа традиционалната Струшка Еордија – Литија со моштите и чудотворната икона на Свети Георгиј Победоносец, граѓаните на социјалните мрежи се јавија со бурни реакции за масовниот собир на граѓани и покрај воведените владини мерки за справување со КОВИД-19.

Ваквото масовно групирање на граѓаните наиде на осуда – и кон организаторите, и, особено, кон Министерството за внатрешни работи, чии службени лица, полицајци, го одржуваа јавниот ред и мир како во нормални услови.

Одговорност денеска побараа и СДСМ, Владата, како и министерот за здравство, Венко Филипче, а обвинителството отвори предмет по објавување на снимките и фотографиите на социјалните мрежи. Во насока на утврдување на факти во предметот, струшкото обвинителство поднесе Барање до МВР – ОВР Струга за проверка на настанот и откривање на евентуални сторители на кривичното дело.

„Најостро го осудувам сите кои не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага од институциите за собирот во Струга. Мора да се санкционираат извршителите и построго да дејствуваат за да нема вакви случаи“, изјави Филипче на денешната прес-конференција, нагласувајќи дека токму со мерките, кон кои повеќето граѓани се придржувале, се стабилизираше епидемијата во земјава.

Владата најостро го осуди организирањето на настанот во Струга, со кој се одбележува верски празник, како и организирањето на прославата за Денот на полицијата во Скопје, двата настани што се случија вчера.

„Организирањето на овие настани во услови на пандемија значи свесно кршење на забраните за јавни собири, и е резултат на крајно неодговорни одлуки кои се закануваат да ги доведат во ризик и прашање сите ефекти и резултати што беа постигнати во спречувањето на ширењето на корона вирусот“.

„Наќе Чулев од ВМРО-ДПМНЕ  е одговорен за загрозување на здравјето и безбедноста на граѓаните, за непостапување при настанот во Струга, за нападот врз новинар и чадната бомба во Скопје и токму затоа мора  да поднесе оставка“, велат од СДСМ, а на прес-конференција портпаролот на партијата Костадин Костадинов потсети дека за Чулев останува само еден логичен чекор –оставка.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ: Вилма Рускоска: Факт е дека Катица Јанева примила пари

„Факт е дека поранешната колешка примила 50 илјади евра од Бојан Јовановски, што апсолутно не е дозволиво за ниту еден обвинител. Воопшто не битно дали тие потекнуваат од брачната двојка Камчеви или од некое други лице. Главно, примила пари што не е дозволиво по закон, изјави Вилма Русковска по завршување на денешното рочиште за случајот „Рекет“, на кое Катица Јанева се изјасни дека не е виновна, Орце Камчев не бил привилигиран и дека нема земено пари.

ВОНРЕДНА СОСТОЈБА

Во изминатото деноноќие потврдени се 14 нови случаи на КОВИД-19, а почина пациент од Тетово на возраст од 61 година, хоспитализиран на 28 априла во ГОБ „8 септември“. На Институтот за јавно здравје денеска се регистрира 20 оздравени пациенти, по градови во: Скопје и Битола по еден, во Куманово девет, Прилеп двајца, Велес седум, информира Министерството за здравство. Во изминатите 24 часа направени се 242 тестирања, а потврдени се 14 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-5, Прилеп-2, Тетово-1 и Велес-6.

*

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) денеска објави нова статистичка анализа за состојбата со КОВИД-19 заклучно со 5 мај, кога во земјава беа регистрирани 1.539 случаи. Според анализата и исходот од заболувањето, 25.6 отсто се активни случаи, 68.7 отсто се водат како оздравени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување. Најголем број на заболени се на возраст над 60 години или 334 лица. Од 15 април кога биле регистрирани најмногу заболени – 107, бројот на нови случаи бележи пад.

*

Во текот на изминатото деноноќие, според статистиката на МВР, евидентирано е дека на ниво на целата држава 49 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 37 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки. Исто така според статистичките податоци за изминатото деноноќие на 26 лица им се издадени решенија за изолација, а 84 лица потпишале изјави за самоизолација.

*

Вкупно 1.860 пакети со храна и хигиенски продукти се како итен одговор и поддршка за оние кои се најсилно засегнати од кризата предизвикана од КОВИД-19 обезбеди телото на Обединетите нации за родова еднаквост и зајакнување на жените – UN Woman. Во тесна соработка со Министерството за труд и социјална политика, оваа поддршка е наменета за 368 еднородителски семејства, од којшто најголемиот процент (95 отсто) се жени, 329 регистрирани жртви на семејно насилство, како и за шелтерите и кризните центри за жртвите на родово-базирано насилство во целата земја.

*

Постепеното враќање во нормала ќе зависи од бројките на новодијагностицирани, порача денеска министерот за здравство Венко Филипче

ФЛЕШ ВЕСТИ

Под мотото „Сите сме црвени“, денеска се одбележува 8 мај – Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина. Годинава, од организацијата, денот го посветија на волонтерскиот ангажман на 8 илјади волонтери и 11 илјади членови на Црвениот крст во Северна Македонија, но и 17 милиони на светско ниво. Секретарот на Црвениот крст на град Скопје, Сузана Тунева – Пауновска им оддаде почит и на волонтерите низ целиот свет кој го загубија животот борејќи се да спасат луѓе заразени од Ковид-19.

*

Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, подготви кампања за превенција и заштита од семејно насилство во вонредна состојба COVID-19 преку која жртвите на семејно насилство и јавностa се информираат за препознавање на формите на семејно насилство, каде да се обратат и да пријават за помош и кои се постоечките сервиси за заштита на жртвите на семејно насилство.

*

СДСМ работи и развива нов пакет мерки кои треба да креираат додадена вредност за да се реконструира економијата, во правец на директна поддршка за граѓаните и домаќинствата преку јакнење на јавната и приватната потрошувачка, за полесно надминување на економските последици од корона вирусот и навремено да можеме да фатиме чекор за заживување на македонската економија, соопштија денска од партијата.

*

Македонските компании ќе имаат можност за добивање на неповратна финансиска помош за отворање на своја е-продавница со сопствено софтверско решение или како дел од постоечки локален онлајн пазар преку иницијативата „Ecommerce4All” која се реализира од страна на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија, со поддршка на Проектот на УСАИД за развој на деловниот екосистем.

*

Вкупно 8.700 граѓани го донирале повратот на ДДВ за справување со корона вирусот, соопшти директорката на Управата за јавни приходи (УЈП) Сања Лукаревска.

*

Исламската верска заедница на Република Северна Македонија (ИВЗ) на вчерашниот вонреден состанок донесе одлука: „Oд 12 мај 2020 година, вторник, џамиите ќе бидат во служба на верниците за да извршуваат колективни верски обврски“.

*

СЛОБОДНА ЗОНА

„Ете што била работата со спотот на Чулев: да се направи долг круг на полициските возила околу електро-крстот во Аеродром, за да знаат сите нехристијани во земјава (Шиптарите, бе!) дека МВР, со официјален спот платен од Министерството за Денот на полицијата, е тука за да ги чува каурите…“ – Сашо Орданоски во денешната колумна „Лош Ден на полицијата“

„Со евроатлантските интеграции, ние добиваме крилја. Но, за да полетаме, треба да се ослободиме од прангите на (не)видливиот непријател на правдата. Исклучително тешко, но возможно. Потребно е само да ја препознаеме волјата. А таа, верувале или не, постои“, вели Џабир Дерала во денешниот рафал „Една површна белешка за тајните инсталации “

Б. Јордановска
во соработка со Д. Муратов

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Share36Tweet22Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    115 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Не бараме одмазда, бараме правда“ – протест на Ромите во Виница за претепаниот советник Умут Скопко

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ