• Latest
Напад на Собрание, 27 април 2017

9 јануари: Одобрен обвинителен акт за 27 април, државните интереси во прв план, перспективите на пописот за 2020, семинар на ЦИВИЛ за транспарентни и одговорни политички процеси…

January 9, 2020

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

9 јануари: Одобрен обвинителен акт за 27 април, државните интереси во прв план, перспективите на пописот за 2020, семинар на ЦИВИЛ за транспарентни и одговорни политички процеси…

January 9, 2020 16:02
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Напад на Собрание, 27 април 2017

Напад на Собрание, 27 април 2017

Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ: Одобрен обвинителниот акт за настаните во Собранието од 27 април

Советот за оцена на обвинителниот акт при Основниот кривичен суд Скопје донесе решение со кое обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, се одобрува во целост.

„Заради интерес на медиумите, ја информираме јавноста дека Советот за оценка на обвинителен акт надлежен да постапува по обвинителниот акт КО бр 21/19 поврзан со настаните од 27 април 2017 година во Собранието на РМ, по одржана јавна седница како и ценење на фактите и доказите во истиот, донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост“, информираат од Основниот кривичен суд Скопје.

Обвинението се однесува за организирање на настаните во Собранието на 27 април 2017 година, а осомничени се поранешни министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, поранешниот претседател на Собранието, Трајко Велјановски и екс-директорот на УБК, Владимир Атанасовски.

Спасовски-Тимоние: Државата се движи во вистинската насока, државните интереси мора за сите да се во прв план

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, денеска имаше средба со францускиот амбасадор во земјава, Кристијан Тимоние, на која е констатирано дека Република Северна Македонија постигна многу на домашен и на меѓународен план и оти се движи во вистинската насока во однос на интеграциите. На средбата, како соопшти владиниот Сектор за односи со јавноста, била изразена надеж дека преодната Влада ќе се фокусира на обезбедување фер и демократски избори, како и очекување дека ќе продолжат реформските процеси со активно темпо и придонес на позитивен развој на процесите.

„Ќе продолжиме со политиките на дијалог што придонесуваат кон добра клима во државата. Општите и државните интереси мора да бидат во прв план кај сите политички субјекти. 2020 година е значајна година за граѓаните на нашата држава, поради остварувањето на полноправното членство во НАТО, но подеднакво важни за нас се и европските интеграции“, порача премиерот Спасовски.

Дисциплински органи на Адвокатската комора ќе утврдат дали адвокатот Страшевски сторил повреда

Адвокатската комора на Република Северна Македонија по прибирањето на сите материјали во врска со преписките меѓу Основниот кривичен суд Скопје и адвокатот Јовица Страшевски ќе ги предаде на дисциплински органи на Комората, кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокатот.

Од Адвокатската комора на РСМ наведуваат дека по прибирање на сите докази, заради утврдување на фактичката состојба, истото ќе ги проследи до дисциплинските органи на Комората кои се надлежни за утврдување на евентуална повреда сторена од адвокат.

ФЛЕШ ВЕСТИ

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев, и генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски, денеска се сретнаа со амбасадорот на Народна Република Кина во Република Северна Македонија, Н.Е. Џанг Ѕоу

До крајот на месецов се очекува да биде објавен тендерот за првите 20 километри локални патишта со проектот за подобрување на локалната патна мрежа за кој неодамна беше обезбеден кредит од 70 милиони евра од Светска банка, соопшти министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.

Македонскиот пасош на 47 место на листата „Хенли Паспорт Индекс“ на „најмоќни патни исправи“ во светот, според кој со македонски пасош може слободно без виза да се патува во 123 земји ширум светот

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими претседавачот на воениот комитет на НАТО, воздухопловниот маршал Стјуарт Пич, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија

Собраниската Комисија за здравство денеска  ја одржа 33. седница на чиј дневен ред беше Предлог-закон за контрола на опојни дрои и психотропни супстанции во прво читање

Град Скопје ја потпиша Париската декларација за ставање крај на епидемијата на ХИВ

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Перспективи 2020 – Герасимовски: Подготовките за пописот во 2019 година не се остварија

„Препораките и сугестиите за 2020 година се да бидеме успешни, бидејќи нашите интенции се многу познати во однос на креирањето на нашите политики кон институциите на системот, надвор кон НАТО и ЕУ, кои ги бараат сите овие обврски брзо реализирани и исполнување на условите, комуникација со граѓаните и едно општество за сите“, изјави Донко Герасимовски во разговор со ЦИВИЛ Медиа.

Семинар на ЦИВИЛ за транспарентни и одгворни политички процеси во Гостивар 

ЦИВИЛ влегува во новата 2020 година со вообичаеното, интензивно темпо на активности. На самиот почеток на годината, меѓу многубројните активности, се издвојуваат секогаш интересните семинари посветени на транспарентните и одговорни политички процеси, а со кои се поттикнуваат активизмот, граѓанското учество и граѓанското новинарство.

Апликација за учество на регионален семинар „Граѓански објектив“ во Гостивар

Првиот семинар од 2020 година ќе се одржи на 25 јануари во Гостивар, а право на учество ќе имаат граѓанките и граѓаните од Полошкиот плански регион.

Биљана Јордановска

во соработка со Дехран Муратов, Ангела Петровска и Петар Клинчарски

 

 

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ