• Latest

Политиката е виновна за одземената слобода на македонските граѓани

August 11, 2016
Албанија, судири со полицијата, октомври 2026 (скриншот од видео на globalnews.ca)

Протести низ Европа: Како Кремљ ги користи општествените тензии за хибридно влијание во Европа?

October 20, 2026
Олександар Левченко

Дизел договорот на Трамп со Путин: Економски отстапки за Москва и стратешки ризици за Украина

October 20, 2026
Марко Маневски (фото извор: Марколепсија, блог на авторот)

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Додека ЕУ ги отвора вратите за нови членки, Северна Македонија останува заглавена

October 20, 2026
Фото: Фејсбук на министерот за правда Јетон Шасивари

Правосудниот испит на албански јазик – меѓу институционалното решение и улицата

October 20, 2026

Јавање на бранот: Анатомија на „дозволениот пребег“ и удбашката култура на владеење

October 19, 2026

Трето продолжување на кризната состојба со нафтата: Северна Македонија останува зависна од увозот

October 19, 2026
Италија, 16 октомври 2026

Од Париз и Тирана до Лисабон и Милано – протести, незадоволство и насилство на улиците

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Теророт на рускиот агресор продолжува: Ракети врз Кијив, дронови кон Лвив, а Путин би кроел „мир“ со Трамп и Си – за Украина без Украина

October 19, 2026

Изборна анализа на ЦИВИЛ: Брвеница го чека вториот круг – во трката останаа кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ

October 19, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Политиката е виновна за одземената слобода на македонските граѓани

August 11, 2016 22:25
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Ние сме неслободен народ, научени сме да бидеме неслободни!“ „Слободата на говор, на мислење и искажување на сопствената волја е целосно уназадена!“ „Политиката и политичарите се виновни за одземената слобода на граѓаните во Македонија!“… Ова се дел од заклучоците на панелистите во дебатата „Македонија: со или без слобода“, што се одржа вечерва во Струмица, како дел од агендатата на Караванот за слобода, во организација на ЦИВИЛ – Центар за слобода.

Според професорката д-р Мирјана Најческа, експерт од Институтот за социолошки и политичко-правни науки при УКИМ во Скопје и панелист на вечерашната дебата, „за да се внесе слободата во Македонија, мора најпрвин, да се внесе слободата во мислите на граѓаните“.

Mirjana Najceska

„Слободата многу лесно се заборава. Да бидеш слободен е неверојатно тешко, зашто треба да го направиш својот избор, но треба да имаш и минимум знаења, а потоа, и да сакаш да избираш. И најтешкиот елемент на слободата е одговорноста. Ама, одговорност и за последиците од своите постапки, и не може вината да се префрли на некој друг. Неслучајно во Преамбулата на Универзалната декларација за човековите права е слободата од страв и слободата од немаштија. Се додека човекот се плаши за егзистенција на неговото семејство, се додека се плаши да не биде повреден, тој не може да биде слободен“, смета д-р Најческа.

Според неа во Македонија има и дополнителен проблем, зашто има различно поимање на терминот „слобода“.

„Во демократијата не верувам во елити, ниту во водач на бел коњ, кој ќе не поведе во демократија и слобода. Не е работата неколкумина да се качат на врвот на слободата, туку сите макотрпно да работат и да се качат по тие скали до ридот. Мора да пристапиме кон градење на демократијата, но без големи ветувања и очекувања, без лажни надежи на луѓето, дека за неколку години ќе влеземе во една посветла иднина. Затоа, сега ќе мора да се вратиме назад, да се симнеме на дното од ридот и заедно со другите граѓани, да ги градиме скалилата. Ние сме во моментов – неслободен народ, научени сме да бидеме неслободни“, порача професорката Најческа.

Новинарот, водител и творец, Ѓорѓи Калајџиев, говорејќи за неслободата во Македонија, посочи на цензурата која што владее во македонската медиумска сфера и потребата од враќање на слободата на говорот.

Ѓорѓи Калајџиев

„Ако направиме обратна треаекторија на времето, ќе направиме некаков развој, зашто тогаш, пред 2.5 децении, Македонија беше слободна и Македонците имаа слобода. Се надевам дека Караванот на слободата ќе го изоди својот пат, и ќе го даде значајниот придонес кон враќање на слободите на граѓаните. Зашто, во Македонија денес, ако некој го крене гласот против власта, ќе биде казнет. А, политиката и политичарите се главни виновници за одземената слобода во државата и ако ме прашувате, има ли слобода во Македонија или не? Ќе кажам има и тоа неограничена! И ако ме прашате, нема ли слобода? Ќе речам, да, нема!“, поентираше новинарот Калајџиев. Според него, само „врхушката во власта ја има таа слобода да прави што сака, а народот во Македонија нема слобода“.

Граѓанската активистка, Ленче Христова, една од учесничките во Шарената револуција, тврди дека слободата на говор, на мислење и искажување на сопствената волја е целосно уназадена, па оттука, улогата на граѓанските организации и активист(к)и е постојано да ги поттикнуваат процесите за да си ја обезбедат слободата која ја заслужуваат.

Ленче Христова

„Слободата треба сами да си ја земеме, и никој не треба да ни ја даде. А, граѓанскиот сектор треба да биде меѓу граѓаните, особено во населените места, каде што немаат доволно телевизиски сигнал за сите медиуми. Овие граѓани кои примаат информации само од провладините медиуми, не можеме да ги обвинуваме за нивните ставови, туку ние треба да придонесеме за да ги информираме објективно“, порача Христова.

Модераторот на дебатата, уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ, акцентирајќи ги сите скалила на кршење на слободата во Македонија, посочи на улогата на новинарите и медиумите во процесот на враќање на слободата и демократијата во државата.

Синиша Станковиќ

„Слободата на изразување во Македонија е најголем проблем. ЦИВИЛ Медиа, впрочем, е формирана, со цел да го даде својот придонес, да не згасне новинарството во Македонија. Она новинарство кое постоеше, зашто во оваа држава, до пред една деценија имаше слободоумни луѓе, новинари. ЦИВИЛ Медиа сака да покаже и докаже дека не сме ‘темен вилает’ на Балканот“порача Станковиќ.

Моника Талеска

 

Tags: дебатаЃорѓи КалајџиевКараван на слободатаЛенче ХристоваМакедонија: со или без слободаМирјана НајческаСиниша СтанковиќСтрумица
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ