• Latest

МКЦ – младински културен центар, центар на независната култура, по малку од двете или ни едното од двете?

June 24, 2019

Пред избори, споменици никнуваат како печурки по дожд: Во Слупчане поставена спомен-плоча на загинати борци на УЧК

August 6, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: Османи го повлече барањето за собранието до уставниот суд, за аналитичарите повлекувањето создава институционална несигурност; Новиот Кривичен законик во Албанија ги ублажува казните за корупција за високи функционери

August 6, 2025

МВР во координација со Обвинителство за утврдување говор на омраза кај навивачите на натпреварот меѓу Шкендија и Карабах

August 6, 2025
Фото: Фејсбук ФК Шкендија

„Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на Украински сили за специјални операции објавено на УкринформТВ

Зеленски и Сирски, една година од упадот кај Курск: Украинските сили го одржуваат присуството во рускиот Курски регион 

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
Фото: Скриншот од видео на CNN

Видеото од тортурата врз транс жената Сара Милереј ја шокираше Колумбија, но убиствата не застанаа тука

August 6, 2025
Фото: Укринформ

Литванија бара помош од НАТО за зајакнување на воздушната одбрана откако втор дрон ја премина границата

August 6, 2025

Урбаната приказна што недостасува

August 6, 2025
Фото МИА

Молдавска политичарка осудена за финансирање партија со руско влијание

August 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

МКЦ – младински културен центар, центар на независната култура, по малку од двете или ни едното од двете?

MIDNIGHT EXPRESS: Во идеални услови, сметам дека Скопје заслужува да има посебен центар за независната културна сцена и посебен младински културен центар. Ние, за жал, сме како општество далеку од идеалното, а културата е речиси секогаш на маргините на вниманието на политиката и јавноста. Затоа, засега, сметам дека МКЦ има доволно простор и капацитети да почне да работи на зајакнување на двете компоненти

June 24, 2019 22:09
in СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ПЕТРИТ САРАЧИНИ

Како што најавив, драги пријател(к)и, денес пред вас ќе ги изложам моите размислувања за МКЦ и во која насока тој треба да се развива. Ставовите ги изложувам како човек кој е повеќе од 25 години на сцена, добар дел од кои поминал (а богами и отсвирел) и во некогашниот Дом на млади, а и сегашниот Младински културен центар.

И вчера нагласив, текстов можеби ќе ги разочара оние што се влезени во филмот „борба на тронови“ и фатиле бусија во некој Фејсбук или Твитер „ров“. Тие битки, преокупираноста со лични и парцијални интереси, интригите, хајките, навредите и беспоштедната омраза, никогаш не биле мој филм. Наместо тоа, ќе зборувам за суштината, верувам дека и вас таа ве интересира, а зошто и не би, кога за целата „приказна“ плаќаме – сите ние. Значи, да прејдеме на важното: МКЦ, дали имаме младински културен центар, центар на независната култура, по малку од двете или ни едното од двете?

Мојата теза е дека имаме помалку и од двете, и центар за млади и за независна и алтернативна уметност, со прилично сериозна доминација на програмата на независната сцена, наспроти програма која што ја произведуваат самите млади, особено оние – помладите, или пак програмата што е наменета за развој на културата кај младите. МКЦ, од 90та наваму, се разви во сосем друг правец, и стана дом, што не е само дом на млади, туку нешто многу повеќе, култно место за независната културна сцена, честопати и единствено место во кое вирееше и можеше да се вкуси нешто поинакво од културниот мејнстрим.

МКЦ, драги мои, не е само концертната сала, кино Фросина и изложбениот простор, МОТ, Синедејс, Таксират, Здраво млади, Рокфест…Во тој простор, пред сѐ, би требало да функционираат работилници и курсеви за млади за различни области од уметноста, да има хор, оркестар, работилница за филм, театарска група. Тој центар треба да има организиран систем на соработка и комуникација со средните училишта и факултетите, а особено со оние во кои се изучува уметноста и културата. Оттаму треба да се црпат талентите, да се вклучуваат во работилниците и групите и да се извадат на сцената на МКЦ.

Колку често гледате концерти на средношколски или студентски бендови во МКЦ, колку такви театарски претстави гледате? Колку често концертираат во МКЦ младите од средното музичко училиште, од Факултетот за музички уметници? Колку често изложби од средното уметничко или од академијата? Каква е соработката на МКЦ со младинските сојузи и организации, дали имаат заеднички зафати, акции, проекти, настани, конференции, фестивали? Има ли во МКЦ често концерти, изложби, претстави или други уметнички перформанси на кои доаѓаат организирано училиштата и факултетите, или сами ги организираат?

Вистина е, во МКЦ функционираат, но само некои од овие работи. Тука е Детското креативно катче, спорадично има работилници, во домот можете да сретнете хорови, млади театарски групи од независната сцена, екипата на МКЦ знае да им излезе во пресрет на млади уметници кои самите веќе творат, концерти секако малку повеќе… но се гледа и од авион дека тоа не е организиран систем, и далеку поминорно во однос на она што се пласира како главна програма – претежно од етаблирани уметници и за општа публика, а не само за млади.

Тоа не значи дека во МКЦ не доаѓаат млади. Доаѓаат многу, но млади кои веќе изградиле однос кон независната сцена или се нејзин дел. Тоа воопшто и не е нужно спорно и лошо, драги мои, особено кога МКЦ, ќе повторам, е честопати единственото место за вакви уметнички искуства. Но, стои и фактот дека не можеме да го карактеризираме како место, кон кое би гравитирале младите општо, на поорганизиран начин.

И сега што? Дом на млади или Дом на независна култура? Јас мислам дека треба да ги имаме и двете. Она што претставува МКЦ како култно место, треба да се сочува, и да се унапреди. А младинската компонента, која е сега засега поминорна, да се ревитализира и организира. Во моите дилеми погоре околу вклученоста на младите, секој малку поумен ќе ги детектира и решенијата.

Во идеални услови, сметам дека Скопје заслужува да има посебен центар за независната културна сцена и посебен младински културен центар. Ние, за жал, сме како општество далеку од идеалното, а културата е речиси секогаш на маргините на вниманието на политиката и јавноста. Затоа, засега, сметам дека МКЦ има доволно простор и капацитети да почне да работи на зајакнување на двете компоненти.

Но, и од друга страна би било добро да не ги идеализираме работите. Оти, знаеме дека и на култниот МКЦ, многу работи му недостасуваат. Од елементарна хигиена, опрема за попрофесионално опслужување на разновидни уметнички настани, повеќе луѓе, повеќе експертиза и надоградување на знаења во некои области, подобри плати…

Но, за сѐ треба од некаде да се почне. Јас би да почнеме од тоа што и во дебатата за МКЦ, ќе се бавиме повеќе со суштината и она што го сакаат и им треба на младите за културен развој. Така, МКЦ ќе ни остане вечно млад и вечно култен.

#SiteZaednoZaMKC

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share224Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ