• Latest

26 јуни: Оценката на ГРЕКО, судир на интереси, затвори, еко акции и ЦИВИЛ на отворено

June 26, 2019
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025

Меџити и Ѓорѓиевски не гледаат проблем што независните кандидати ќе можат со два потписа да се кандидираат на локалните избори

August 19, 2025

Избирачкиот список под лупа – што е што во изборен контекст

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Се разгледува опцијата Додик да биде кандидат за претседател на Србија по Вучиќ

August 19, 2025
Последната и единствена средба меѓу Зеленски и Путин во Париз во декември 2019 година. Фото: Скриншот од видео на kremlin YouTube каналот

Унгарија се нуди како потенцијално место за средбата Зеленски-Путин, во игра и Швајцарија и Турција

August 19, 2025

Албанскиот политички кампус во пресрет на локалните избори: Меѓу наративите и политичкиот прагматизам

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

26 јуни: Оценката на ГРЕКО, судир на интереси, затвори, еко акции и ЦИВИЛ на отворено

ДНЕВНИК: ЦИВИЛ со најактуелните дневни вести за корупцијата, реконструкицја препораки, еко акции, ЦИВИЛни активности...

June 26, 2019 18:35
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Оценката на ГРЕКО

Во петтиот круг на оценката на ГРЕКО (Група на држави против коруоција) во извештајот под наслов „Спречување на корупција и промовирање на интегритет кај централната власт (највисоките извршни функции) и органите за спроведување на законот“, се упатуваат вкупно 23 препораки од кои 9 се однесуваат на централната власт, а 14 се однесуваат на Министерството за внатрешни работи. Целта на овој извештај е да се оцени ефективноста на мерките усвоени од властите во државата за спречување на корупцијата и промовирање на интегритетот кај централната власт и кај органите за спроведување на законот. Извештајот содржи критичка анализа на ситуацијата, а воедно ги идентификува можните недостатоци и дава препораки за подобрување.

Во извештајот се наведува дека, иако Специјалното јавно обвинителство оформи предмети за неколку случаи на корупција на високо ниво кои произлегуваа од скандалот со прислушување, обвинителите генерално не гонат систематски случаи од висок профил или политички чувствителни случаи. Се смета дека напредокот во оваа област зависи од тоа дали судството во земјава може да почне да функционира независно и непристрасно. Северна Македонија има 18 месеци од усвојувањето на извштајот да поднесе извештај за преземените активности по пепораките на ГРЕКО.

Судир на интереси

Во Собранието денеска почнува дебатата за реконструкцијата на Владата што ја предложи премиерот Зоран Заев. За нов министер за земјоделство е предложен Трајан Димковски, Насер Нуредини за животна средина и просторно планирање, Хусни Исмаили за култура, Горан Милевски за локална самоуправа, Садула Дураки за политички систем и односи меѓу заедниците. Самиот премиер се предолжи да биде идниот министер за финансии.

Вакавата одлука на Заев наиде на бурни реакции во јавноста и на социјалните мрежи, но најважната пристигна од Државната комисија за спречување на корупција и судир на интереси.  ДКСК се обрати до Собранитето на Република Северна Македонија и Талат Џафери, како претседател, со известување и укажување за можен судир на интереси доколку премиерот истовремено се изгласа и за министер за финансии.

„Во случај кога Претседателот на Владата на Република Северна Македонија би се избрал за министер за финансии, ќе настане повреда на горецитираните одредби, при што, Државната комисија ќе биде принудена да преземе конкретни мерки согласно нејзните надлежности утврдени во Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси“, соопшти ДКСК.

Кратко по оваа соопштение Зоран Заев од собраниската говорница најави дека ќе достави предлог за повлекување од негово назначување на функцијата министер за финансии.

„Уставот и Законот за Влада дозволуваат премиерот да биде и министер. Сепак, му дадов налог на кабинетот да ја повлече мојата кандидатура за министер за финансии. Согласно овлатувастувањата со Законот за Влада, ќе раководам со Министерството за финансии, се до изборот на нов министер“, изјави Заев.

НАТО

Министерката за одбрана, Радмила Шекеринска, овие два дена ќе учествува на редовниот состанок на министрите за одбрана на земјите членки на НАТО во Брисел. На состанокот, како што јави дописничката на МИА, министрите ќе разговараат за буџетските трошења на земјите членки во делот на одбраната. Секоја земја има обврска до 2024-та година да постигне стапка од два отсто од бруто домашниот производ за одбраната и со тоа да го зголеми својот придонес кон операциите на Алијансата. На дневен ред ќе биде и дискусија за етаблирање рамка за идната вселенска политика на НАТО, а ќе се дискутира и за Авганистан и Иран.

Ова е второ учество на министерката Шекеринска на министерски состанок во овој формат, со што Северна Македонија стана и активен учесник во функционирањето на Алијансата. Во Брисел, министерката Шекеринска ќе има билатерални средби со министрите за одбрана на Шпанија, Холандија, Италија, Норвешка и Полска.

Затвори

Според извештај на Народниот правобранител за сосотјбата на затворите, дел од забелешките се однесуваат на скинатите ќебиња, распаднатите душеци, тоалетите надвор од затворската зграда, негрижата за здравјето на затворениците и нехуманиот третман од страна на затворските службеници. Во извештајната постапка биле спроведени вкупно 42 превентивни посети, од кои 11 на полициски станици и затвори и 31 посета во местата за сместување и задржување бегалци. Освен ова, било спроведено и едно истражување за степенот на почитување на правата на странските државјани кои издржуваат казна затвор во КПД „Идризово“ за што биле спроведени 2 наменски посети во оваа установа.

Народниот правобранител ќе го достави извештајот до Владата, Собранието, надлежните министерства и до другите институции и установи во кои се врши лишување или ограничување на слободата на движење. Извештајот ќе го добијат и меѓународните институции и организации што работат на полето на превенција и заштита на човековите права, вклучително и Поткомитетот за превенција од тортура на Обединетите нации и Европскиот комитет за спречување тортура и нечовечно понижувачко постапување или казнување.

Иловица, блокади, иницијативи…

Одлуката за одземање на концесијата за рудникот Иловица е практично донесена, бидејќи се стекнати формално-правно условите за раскинување на договорот со концесионерот „Еуромакс Рисорсис“, брифираат извори од владата, јавува МЕТА. Со оглед на тоа дека концесијата за рудникот Иловица е истечена уште пред три години, на што постојано укажуваа и еко-активистите и претставниците на локалното население кое веќе подолго време се спротиставува на отворањето на рудникот, извесно е дека одлуката на Министерството за економија ќе биде во полза на барањата да не се отвори рудникот за бакар Иловица.

Жителите и вчера по деветти пат го блокираа влезот во просторот на рудникот Иловица за вработените на концесионерот „Еуромакс Рисорсис“ и на археолозите од струмичкиот Завод за заштита на споменици и Археолошки музеј, бидејќи стравуваа дека археолошките ископувања на просторот на концесијата, финансирани од концесионерот, практично значат подготовка за отворање на рудникот.

Во Битола, пак,  Независна група на советници во Советот на Општина Битола „Поинаку“ упатувајќи апел дека многу е лесно да се направи нешто #Поинаку доколку се има волја и желба нештата да се промени на подобро. Имено Габриела Илевска, независен советник во општината, на својот Твитер профил преку фотографии ја илустираше акцијата преку поставување на 50 монтажни држачи за кеси за ѓубре.

„Држачите се ефтини, лесно одржливи и не оштетуваат.Молба до Комуналец да ги менува редовно, вреќи ќе ви дајме гратис. За поинаква и чиста Битола“, напиша Илиевска.

ЦИВИЛ на отворено: „Граѓаните за државата или државата за граѓаните“

Мултимедијалниот настан за граѓанско учество, што ЦИВИЛ вчера го одржа во Градскиот парк во Скопје,,  помина во опуштена атмосфера со одлична музика, граѓански стории и панел дискусија со наслов „Граѓаните за државата или државата за граѓаните“. Пред панелот присутните имаа можност на платно, на отворено, односно преку модулот Street Media да видат дел од најуспешните видео стории кои ги направија граѓанските новинар(к)и. Дехран Муратов, ЦИВИЛ, вестите на улица, во случајот во парк,  ги започна со сторијата за жителите на битолски Баир кои и во 21 век, сé уште живеат без вода. Повеќе за тоа раскажа граѓанската новинарка, Јована Здравевска. Покрај сторијата за битолски Баир дека и во 21 век, сé уште живеат без вода, граѓан(к)ите имаа прилика да видат стории и за хоророт во казнено-поправните домови во земјата, за социјалната (не)правда и секојневните проблеми со кои се соочуваат граѓанките и граѓаните, за дискриминацијата…

На панел дискусијата што започна во 21 часот, зборуваа професорката Мирјана Најчевска, активистката Мерита Максути и професорката Јасна Бачовска, за (не)транспарентноста и (не)одговорноста во политичките процеси, владеењето на правото, човековите права, медиумите и граѓанското учество. Панел дискусијата беше отворена со прашањата за тоа дали транспарентноста соодвестува со реалната слика за институциите и за тоа што се претставува служба на државата кон граѓаните.

Б. Јордановска

 

Print Friendly, PDF & Email
Share71Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ