• Latest

Со изложбата „Гласање и гласови“, швајцарската амбасада го одбележа почетокот на проектот „Поддршка за изборните реформи во Северна Македонија“

June 28, 2019
Ф-16. Фото: Скриншот

Романски и германски авиони реагираа на руски напади близу границата со Украина

November 4, 2025

Европа зборува, Северна Македонија стои

November 4, 2025
Фото: МИА архива

Извештај на ЕУ: Украина мора да ги забрза реформите за да ја исполни целта за пристапување во ЕУ

November 4, 2025

Пицула предупредува: Одложувањето на политичко решение ја турка Србија кон конфликти

November 4, 2025

Европската комисија денека ќе го презентира пакетот извештаи за земјите кандидати за членство во ЕУ

November 4, 2025
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

November 4, 2025

ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

November 3, 2025
Фото: Украинска амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Русија продолжува со воздушниот терор против мирните градови, единствениот одговор се – строги санкции, поголема поддршка за Украина

November 3, 2025

Северна Македонија не ги усвои уставните измени, треба да работи на почитувањрто на правото и борбата против корупција, се наведува во Извештајот на Европската комисија

November 3, 2025
Креирано со помош на ВИ

Четири жени избрани за градоначалнички на локалните избори 2025, останува „рекордот“ од дури 6 избрани во 2017

November 3, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Со изложбата „Гласање и гласови“, швајцарската амбасада го одбележа почетокот на проектот „Поддршка за изборните реформи во Северна Македонија“

Проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ има за цел да ги поддржи демократските и веродостојните изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност

June 28, 2019 09:30
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Сибил Зутер, Амбасадорката на Швајцарија во Северна Македонија, вчера во Музејот на Современа уметност во Скопје ја отвори изложбата „Гласање и гласови“ – постери од швајцарските кампањи од 1918 до денес на  Museum für Gestaltung Zürich. Со отворањето на изложбата се одбележува почетокот на проектот поддржан од Швајцарија „Поддршка за изборните реформи во Северна Македонија“.

Амбасадорката на Швајцарија, Н. Е. Сибил Зутер

По тој повод, Амбасадорката Зутер рече дека изложбата покажува дека граѓаните на Швајцарија не само што имаат право, туку имаат и инструменти кои им овозможуваат значајно да се вклучат во политичкиот процес. „Граѓаните се највисокиот политички авторитет во сите демократски системи, но еднакво е важно и да имаат инструменти кои им овозможуваат да ја применуваат таа демократска моќ. Оваа изложба се случува во мошне интересен момент за Северна Македонија, кога се одвива нов циклус дебати за изборните реформи. Во следните 10 години, во рамките на Проектот за изборни реформи, ќе работиме кон остварување подемократски и поверодостојни изборни процеси, кои ќе вклучат бројни државни институции, политички партии, граѓанското општество и гласачите. Мошне ми е драго што проектот доби целосна поддршка од страна на Владата, како и од сите други чинители, што претставува клучен предуслов за успех во овој процес.“   Изложбата „Гласање и гласови“ ги прикажува стратегиите за визуелно аргументирање и сликовитата реторика кои што им дадоа облик на постерите за швајцарските кампањи уште од 1918 до денешен ден. Како чувствителни индикатори на општествено-политичкото расположение и како вредни современи документи, изложените постери ја отсликуваат не само историјата на швајцарскиот пристап, туку и глобалните трендови општествено

„Постерите од швајцарските кампањи од 1918 до денес ги придружуваат референдумите како централен инструмент на директната демократија. Околу половина од сите референдуми на светско ниво се одржуваат во Швајцарија, а оттаму се и важен елемент на еден складен политички систем уште од формирањето на сојузната држава во 1848 година“, рече Бетина Рихтер, кураторка на изложбата на Museum für Gestaltung Zürich, на отворањето на настанот. „Постојано, актуелните прашање ги возбудуваат луѓето и доведуваат до жестоки идеолошки борби. Доказ за ваквите спорови се постерите од кампањите со кои се прави обид да се влијае на јавното мислење уште од почетокот на XX век. Клишеа, претерани поедноставување, репертоар на драстични мотиви и слогани што лесно се памтат кореспондираат на законите на медиумите, чија цел е директна манипулација со масите.

Изложбата „Гласање и гласови“ на Museum für Gestaltung Zürich, водечки швајцарски музеј за дизајн и визуелна комуникација, ќе биде поставена од 27 јуни до 12 август 2019. Организирана од страна на Амбасадата на Швајцарија во Северна Македонија, во соработка со Музејот на современа уметност, изложбата претставува 50 постери за референдумите во Швајцарија покривајќи го периодот од 1918 до денешен ден.

Проектот „Поддршка на изборните реформи во Северна Македонија“ има за цел да ги поддржи демократските и веродостојните изборни процеси кои го олеснуваат политичкото учество и социјалната интеграција со тоа што на гласачите им овозможуваат да ги изберат своите претставници и од нив да бараат отчетност. Проектот е на Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), го спроведуваат Меѓународната фондација за изборни системи (ИФЕС) и нејзиниот партнер Националниот младински совет на Македонија (НМСМ), а е одговор на новите приоритети и настани во политичката и изборната арена, со поддршка на напорите на земјата кон Евро-атланските интеграции.

 

 


Од 1992 година наваму, Швајцарија ги поддржува процесите на транзиција во Северна Македонија. Оваа соработка се темели врз швајцарската традиција на солидарност и одговорност, и ја отсликува важноста што им ја посветува Швајцарија на стабилноста и просперитетот на Западниот Балкан. Денес, Швајцарија е меѓу најголемите билатерални партнери за соработка на Северна Македонија, овозможувајќи финансиска поддршка од 69 милиони евра за периодот 2017 – 2020 година. Швајцарската програма за соработка е фокусирана на три приоритетни области: демократско владеење, вработување и економски развој и инфраструктура и животна средина. За повеќе информации, посетете ја  веб страната www.eda.admin.ch/north-macedonia и  Facebook страната https://www.facebook.com/SwissEmbassySkopje/

За повеќе информации обратете се до Амбасадата на Швајцарија в Северна Македонија: +389 2 310 33 00 или skopje@eda.admin.ch

Share67Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    169 shares
    Share 68 Tweet 42
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Деца и училишни ресурси како алатка за кампања во Пробиштип!

    140 shares
    Share 56 Tweet 35
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ