• Latest

Без срам, без совест, без одговорност

July 3, 2019

Правдата и правосудството меѓу чеканот и наковалната

May 30, 2026
Фото: Zakie Andiko Ramadhani / vecteezy.com

Математиката не лаже, политиката притиска: Случајот „Мазут“ се распаѓа пред фактите

May 30, 2026

Путин сакаше ослабено НАТО, но може да добие многу поопасна и понепредвидлива Алијанса

May 30, 2026

Новиот Европски граѓански форум отвора ново поглавје во Берлин

May 29, 2026

„Неспортско однесување“ или „нормализација“ на руската агресија

May 29, 2026

Руско беспилотно летало експлодираше во зграда во Романија; Букурешт го протера рускиот конзул и ја затвора мисијата

May 29, 2026
Полскиот претседател Анджеј Дуда му го врачува Орденот на Белиот Орел на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Варшава, април 2023 година (фото: Кабинет на Претседателот на Украина)

Дипломатски земјотрес меѓу Варшава и Кијив: Полското државно водство остро реагира на именувањето на воена единица по „Украинската востаничка армија“

May 29, 2026
Илустрација ВИ

РЕАКЦИИ: Партизација, корупција и сиромаштија – Граѓаните револтирани по пораката дека реформите се завршени

May 28, 2026

Школската година завршува, а децата што научија?

May 28, 2026

Сирените на „братството и единството“

May 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА КОМПАС

Без срам, без совест, без одговорност

РАФАЛ: Ги гледаме со години како трујат сѐ околу себе. Богати, пребогати, размазени до изопаченост, валкани и грди, а уште повеќе - ограничени и злобни. Вулгарни, несовесни и неморални. Курири на најлошото што може да се замисли во едно општество. Апологети на неправдата и насилството, криминалот и корупцијата.

July 3, 2019 13:22
in КОМПАС, СЛОБОДНА ЗОНА
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА 

Седнуваме со двајца колеги во кафулето во близина на нашето седиште и нарачуваме кафе и вода. Јас сум таму секој ден, па момчето знае дека водата ја пијам со мраз, лете-зиме. Резервите со мраз наутро се ограничени, пред набавувачот да им ја донесе потребната дневна количина, па во чашите на моите колеги нема мраз. „Каква е оваа дискриминација?“ – реагираат веднаш тие.

Горд во себе, што имам такви колеги што реагираат на неправда, сепак, решавам да ја извртам ситуацијата. „Гледаш ли?“ – му се обраќам на келнерот – „Човек не може ни вода со мраз да се напие, а да не му љубоморат!“ Сите се смееме. „Одлична илустрација за курирска манипулација. Класика!“- се согласуваме, додека последните коцки мраз пристигнуваат и во нивните чаши. И, ете, тема за утринското кафе…

Од повластена позиција, од позиција на моќ, со само една реченица, може да се изманипулираат луѓето. Ги набројуваме примерите од историјата и сегашноста, од нашето поднебје и ширум светот. Заклучокот е едноставен. Насилниот моќник и криминалец, често успешно, глуми жртва и со тоа да успева да го одвлече вниманието од неправдата што самиот ја предизвикал.

Ништо полесно од тоа. Го користеле многу касапи и разбојници во историјата, а го користат и сега и ќе го користат во иднина. Структури со крајно нечовечни и криминални агенди и постапки, преку медиумите, успеваат да се прикажат како жртви и, не само да ја избегнат одговорноста, туку да направат уште поголеми злодела.

Ги гледаме со години како трујат сѐ околу себе. Богати, пребогати, размазени до изопаченост, валкани и грди, а уште повеќе – ограничени и злобни. Вулгарни, несовесни и неморални. Курири на најлошото што може да се замисли во едно општество. Апологети на неправдата и насилството, криминалот и корупцијата. Зад нивните добро и богато опремени ТВ студија и разиграни портали, со добро платени и бројни екипи, стои една голема, гнојосана лага и дрска кражба. Стои насилништво и нечесност. И, сиве овие години, стана очигледно дека се безнадежен случај, дека нема да прифатат ниедна добронамерна понуда за помирување и трансформација во барем приближно нормални луѓе, не мора чесни. Тој факт мора да се прифати, како што, од друга страна, не смее да се прифати фактот дека тие се практично амнестирани и вградени во јавниот дискурс како „втората страна“.

Од типично пропагандистички машинерии и индустрија на лажни вести и говор на омразата, тие се претопија во „критички и опозициски медиуми“. Ако законот не ги дофатил, поради некоја политичка или друга одлука или поради инфицираност на системот, не значи дека и општеството треба да ги прифати.

Секако, не смее да се заборави дека во оваа валкана игра не изостануваат ни работните задачи што ги добиваат отаде границите. Па така, рускиот амбасадор во Белград, Александар Боцан-Харченко, ќе „предупреди“ дека „откога почна процесот на „вовлекување“ на Македонија во НАТО, етничките проблеми во земјата само се влошија“. Албанците, според Харченко, со поддршка од Тирана, сè поактивно и понаметливо ги изнесуваат своите барања, надвор од рамките на Охридскиот договор. На вакви небулози може да им се одговори само со „шта ми наприча, јеботе!“.

Ќе мора посебно да се занимаваме со политичко-криминалните структури што се под диктат на Москва, а сега само уште една, ни оддалеку безначајна, поента. А тоа е дека овие квази-медиуми, инаку добро организирани и полни со пари, немаат проблем да се „послужат“ со колумни и текстови на интелектуалци и аналитичари за кои истовремено распишуваат своевидни потерници и повикуваат на нивна ликвидација. Без прашање ги објавуваат, цитираат и толкуваат текстовите на луѓе што имаат критички тон за политиките на Владата, без трошка срам, иако систематски работат токму на нивно дискредитирање подолго од една деценија.

Упорни се. Како и нивниот газда во Будимпешта и нивните шефови што се вгнездени на стратешки места во институциите, тие гласно и гнасно говорат за проблемите на оваа земја како тие никогаш да не биле одговорни токму за тие проблеми. И, за жал, им поминува.

Мислевме дека борбата за слобода и правда ќе заврши со падот на Груевски, но таа ни оддалеку не е завршена. Слободата и правдата требаше да дојде за сите, па и за овие гадинки и бацили расеани низ медиумскиот простор. Со таа разлика што слободата ним им значи сигнал на слабост и немоќ, па удираат уште повалкано и пожестоко по сите придобивки на демократијата. Мотивите ги знаеме. Работат на тоа да се врати старото, да се одвлече земјава од патот кон европската иднина. Без срам, без совест, без одговорност.

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Share150TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ