• Latest

Заев: Очекуваме датум во октомври, проширувањето може да оди паралелно со реформите во ЕУ

July 5, 2019
Меморијал во близина на домот на Ана Политовскаја, Москва, 2006 (фото извор: Wikimedia)

„Путин не разбира дека луѓето имаат права“: 20 години од убиството на Ана Политковскаја, нарачателите сè уште непознати

October 9, 2026
Патување низ лавиринтот на европскиот сон (илустрација: ChatGPT / ЦИВИЛ МЕДИА)

Случај Северна Македонија: Земја изгубена во лавиринтот на сопствените блокади

October 9, 2026
Михаил Звинчук

Црна Гора: Приведен Звинчук, шефот на руската пропагандна мрежа „Рибар“

October 9, 2026
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Заев: Очекуваме датум во октомври, проширувањето може да оди паралелно со реформите во ЕУ

July 5, 2019 13:37
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Премиерот Зоран Заев очекува дека ветувањето за јасна поддршка за старт на преговорите во октомври оваа година ќе биде исполнето и оти земјава ќе  добие датум за нивно започнување. Реформите во ЕУ, смета тој, можат да бидат паралелен процес со процесот на проширување со земјите од регионот.

„Таквата одлука ќе ја потврди кредибилноста на ЕУ во регионот и ќе биде препорака за земјите со кандидатски статус да ги продолжат реформите за остварување на европските стандарди и за да се охрабрат политиките што ќе им донесат просперитет, демократија и стабилност во регионот. Ја разбираме и ја поддржуваме дебатата за реформи во ЕУ, но убедени сме дека тој процес може да оди паралелно со процесот на преговори и за проширување со земјите од регионот“, истакна во своето обраќање премиерот Заев за време на работниот појадок на Самитот за Западен Балкан во Познањ.

Заев потенцира и дека посветеноста кон проширувањето ќе потврди дека регионот е од стратешки интерес за ЕУ, и оти со тие политики ќе се минимизираат интересите на трети страни.

Премиерот Заев, соопшти владината прес-служба, денеска ги почна своите активности од програмата на шефовите на влади на Самитот за Западен Балкан во рамките на годишната конференција која оваа година се одржува во Полска која претседаваше во изминатите 12 месеци со Берлинскиот процес за земјите од регионот, како платформа за европски дијалог и соработка за поддршка на политиката на проширување на ЕУ со земјите од регионот.

Премиерот Заев и другите шефови на влади учесници на самитот, ги пречека премиерот на Република Полска Матеуш Моравјецки, по што заминаа на работен појадок.

„За време на оваа работна сесија од форумот на шефови на влади на земјите од Западен Балкан, премиерот Заев се заблагодари за претседавањето на Република Полска со Берлинскиот процес, во период во кој е направен напредок во регионот и во период кога Република Северна Македонија ги оствари сите препораки на Европскиот Совет од јуни 2018 година, по што следуваше досега најсилната и безусловна препорака на Европската Комисија земјата да ги отпочне преговорите за членство со ЕУ“, се додава во соопштението од владината прес-служба.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ