• Latest
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
Марта Кос

ЕУ не сака „нов Орбан“: Новите членки би биле под 15-годишен демократски надзор

October 7, 2026

Врсничко насилство: Проблемот е распространет, а системот доцни или не дејствува

October 7, 2026
Прилуки, Украина, 7 октомври 2026

Ракети врз домови додека луѓето спијат: Најмалку 11 загинати во новиот руски напад врз Украина

October 7, 2026
Илустрација ВИ

Anthropic меѓу Пентагон и технолошките гиганти: Безбедноста, цената и контролата стануваат поважни од најмоќниот модел на вештачка интелигенција

October 7, 2026
Фото: ВИ

Од европски совет до „дијалог на коњопој“

October 7, 2026
Пребарување на морето – во барањето на преживеани ама и на евентуално непријателски бродови учествува бугарската и романската морнарица и воздухопловство ( Credit: US DEPARTMENT OF WAR / Cpl. Hernan Vidana)

Туристичката сезона ги сокри драмите со потопените бродови во Црното Море, сега за нив се говори поотворено

October 6, 2026
Харкив, 6 октомври 2026 (ДСНС)

Руски терор во Украина: Шест загинати во Харкив, напад врз болница и цивилен брод

October 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026 11:47
in ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Share on FacebookShare on Twitter

Војо Маневски

Премиерот најави дека нѐ очекува втор ребаланс на буџетот во наредните недели. Недостатокот на приходната страна бил околу 130 милиони евра.

Објаснувањето е дека поради тоа што владата се откажа од делот од акцизите и делот од ДДВ поради цената на нафтата на светскиот пазар, приходната страна останала пократка за тие средства. Да потсетиме дека ова е втор ребаланс на овој буџет. Првиот ребаланс беше со објаснување дека поради истите причини недостасуваат околу 37 милиони евра. По ребалансот се зголемија средствата од задолжување за над сто милиони евра. Нешто во соодносот меѓу планираното и реализираното не е добро. Во превод, државата троши повеќе одошто може да собере од даноци и акцизи.

Како и да е, и следниот буџет ни е во припрема. Анкетите низ министерствата се веќе во тек. Каде се греши при димензионирањето на приходите и расходите, па сѐ поголемите буџети не ни дозволуваат да врземе крај со крај? Не верувам дека е проблемот во стручноста на службите во министерството за финансии. Мислам дека е во политичките цели на владата која нема сили да влезе во реформи на администрацијата,  пензискиот и здравствениот систем.

Нема сили затоа што политика со популистички методи не носи добри резултати таму каде што се потребни објективни критериуми.

Корупцијата и даночната евазија со сивата економија се постојани придружници на сите влади и на целото општество во целина. Тоа е лице на нашиот менталитет на недоволна одговорност кон државата која ја сакаме само во песните и тоа под дејство на домашните течни олеснители.

Кога треба да се преземе одговорност, наоѓаме сто начини да не си ја извршиме должноста кон државата.

Реформата во администрацијата не само дека е нужна, туку се плашам и дека веќе е добро задоцнета. Погледнете ја структурата на буџетот и ќе видите колкав дел од него оди за плати и придонеси на чиновниците.

Меѓу граѓаните постои веќе уверување дека зголемените плати во судството, образованието, администрацијата не ја зголемија нивната продуктивност. Напротив сите имаат чувство дека се оди надолу и само поединечниот ангажман на некои од судиите, професорите или лекарите го држи системот да не потоне.

Понекогаш се јавува надеж дека работите можат да се надминат само ако стручните луѓе го кажат својот збор. Проектот на Finance Think за реформи во пензискиот систем треба сериозно да се разгледа и да се дојде до подолгорочен план за реформи во него. Конечно да слушнеме за предлози на интелектуалците и евалуација на нивното знаење а не само прогресија на докторските титули.

Цената за регрутација на политичари од пониските партиски структури без поголеми знаења и докажани резултати ќе си ја платиме како царина на мост. Треба да знаеме дека тоа што ќе го платиме е цена на нашата неодговорност кон иднината на оваа држава и цена за нашата неодговорност кон идните генерации.

Ребалансот и не бара повеќе објаснување од легендарната реченица на Милка Планинц кога во осумдесеттите ја презеде сојузната влада на Југославија: ПАРИ НЕМА и затоа мораме да влеземе во процес на штедење и стабилизација. Постарите се сеќаваат како заврши и штедењето и стабилизацијата. Стравот од реформи ја уништи таа држава, а има шанси и оваа да влезе во таков процес.

 


Специјално за ЦИВИЛ МЕДИА | Сите права се задржани.


Војо Маневски е долгогодишен новинар, уредник и политички аналитичар, со богато искуство во следењето и анализата на политичките, економските и општествените процеси во земјата и регионот. Во своите текстови се осврнува на актуелните политички случувања, економските политики и трендови, функционирањето на институциите, демократските процеси и пошироките општествени предизвици.


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: буџетдефицитребаланс
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ