• Latest

Дали и колку македонскиот образовен систем е подготвен за инклузија?

July 11, 2019

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мирни локални избори засенети од висока политичка поларизација, висок број неважечки ливчиња, прекршување на молкот и говор на омраза

October 21, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Приливот на храна во Газа е сè уште далеку под целите, посочуваат од Светската програма за храна

October 21, 2025

Според меѓународните набљудувачи, локалните избори беа засенети од правни недостатоци, ограничени институционални капацитети и висока политичка поларизација

October 21, 2025
фото: Џ.Д. / ЦИВИЛ

Владата наложи вонредна инспекција во Град Скопје и ЈП „Комунална хигиена“ поради кризата со отпадот

October 21, 2025

Европскиот парламент со резолуција за Србија: Растечка репресија, кинеско влијание и најголеми демонстрации во последните децении

October 21, 2025

Македонски туристи во Кина принудени да го тргнат македонското државно знаме

October 21, 2025
Скриншот од видео на FRANCE 24 English

Саркози започна со отслужување на петгодишната затворска казна

October 21, 2025
Фото: ВИ

Прекршување на изборниот молк, лажни вести и говор на омраза

October 21, 2025
Скриншот од видео на The Hill

(ВИДЕО) Трамп до австралискиот амбасадор: И јас не те сакам и веројатно никогаш нема да те сакам

October 21, 2025
Моментот кога Санае Такаичи ќе победи на Долниот дом на Јапонија. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Санае Такаичи стана првата жена премиер на Јапонија

October 21, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СОЦИЈАЛНА ПРАВДА

Дали и колку македонскиот образовен систем е подготвен за инклузија?

Колку и да е добронамерна пораката која поддржувачите на тоталната инклузија сакаат да ја пренесат со овие реакции, и целта што Владата сака да ја постигне со новиот предлог-закон, сепак многу е важно да се земат предвид сите аспекти, а најмногу фактот дека образовниот систем во државата е тотално девастиран и неподготвен за вакви промени. И не е само образовниот, туку општествениот систем воопшто.

July 11, 2019 16:17
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО, СОЦИЈАЛНА ПРАВДА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за образование и наука, Арбер Адеми на вчерашната прес-конференција ги презентираше промените во основното образование од септември оваа година. На вчерашната владина седница беа усвоени двете законски решенија, односно предлог – законот за основно образование и предлог – законот за професионален и кариерен развој на наставниците и стручните соработници, и сега, како што рече министерот Адеми, „на потег е Собранието“.

Законот за основното образование се фокусира на подобрување на квалитетот на наставата и воопшто на воспитно образовниот процес, на јакнење на темелните уставни вредности во образованието, обезбедувајќи нови и повеќе можности за учениците воопшто, вклучувајќи ги учениците со посебни образовни потреби.

Токму околу инклузијата на учениците со посебни образовни потреби, на вчерашната прес-конференција се отвори важна дебата. Потребата од инклузија на овие ученици во редовниот образовен систем е повеќе од очигледна, но колку навистина системот е подготвен за да ги прими истите е сосема друго прашање.

Реакциите се различни, а во јавноста се создава впечаток дека дилемата е „за“ или „против“ инклузија на децата со посебни образовни потреби во редовниот образовен систем, наместо да се постават суштинските прашања: Колку македонскиот образовен систем е подготвен да излезе во пресрет на стандардите и колку може да обезбеди вистинска инклузија?

И додека министерот за образование зборува за тотална инклузија, од Институтот за специјална едукација и рехабилитација при Филозофскиот факултет во Скопје сметаат дека најдобро е и понатаму да се практикува комбиниран модел на инклузивно образование. Тие во својата реакција по повод вчерашната прес-конференција на министерот Адеми, инстистираат на тоа дека треба да се почитува правото на родителите на избор за упис на своето дете во редовни училишта, во посебни паралелки при редовните училишта или во посебни основни училишта, како што е и во земјите на Европската Унија.

Професорката Мирјана Најчевска, пак, реагираше на оваа изјава од Институтот, велејќи дека апсолутна инклузија не може да има, но дека инклузија на над 90% од децата кои сега учат во посебни училишта и паралелки може да има.

„Не станува збор за ЕУ или светски искуства, туку за желба да се задржат работните места, привилегираниот статус и големо, ГООООЛЕМОООО, незнаење. Направени се многу истражувања (во дел од нив сум била вклучена и јас) и секое од нив зборува за инклузија, а не за изолација која ја предлагате“, напиша професорката Најчевска на својот Фејсбук профил, додавајќи дека само затворањето на специјалните училишта и специјалните паралелки може да овозможи вистинско почитување на правата на секое дете и овозможување на децата со попреченост да добијат исти образовни шанси.

Колку и да е добронамерна пораката која поддржувачите на тоталната инклузија сакаат да ја пренесат со овие реакции, и целта што Владата сака да ја постигне со новиот предлог-закон, сепак многу е важно да се земат предвид сите аспекти, а најмногу фактот дека образовниот систем во државата е тотално девастиран и неподготвен за вакви промени. И не е само образовниот, туку општествениот систем воопшто.

Да се потсетиме, пред само една година ни се случи Тимјаник.

„Ние сме за целосна инклузија или тоа што е реално најблиску до целосна инклузија. ЦИВИЛ уште од самото основање во 1999 година ја промовира идејата за деинституционализација на корисниците на услугите на институциите за ментално здравје, каде што се врши изолација, би рекол, и дехуманизација на лицата со попреченост. Овој процес е комплементарен со тие заложби. ЦИВИЛ не го ни поставува прашањето за инклузија, бидејќи поддршката на овој процес се подразбира самата по себе, но далеку посуштинско е прашањето за капацитетите на системот, како и на општеството, за квалитетно да спроведе еден ваков процес. Нашето општество мора да се извлече од канџите на своето насилничко и дискриминаторско минато. Без современо и инклузивно општество, нема надеж за успех на вакви процеси. Впрочем, процесот на инклузија на учениците со посебни образовни потреби е во хармонија со владината стратегија Едно општество за сите, за чие спроведување се потребни политичка волја, зрело и посветено граѓанско општество, како и огромни човечки и финансиски ресурси“ – изјави Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ.

Имајќи ги предвид параметрите кои укажуваат на огромна стапка на функционална неписменост во нашето општество, каде со години наназад свесно и систематски се уназадува населението преку ужасните „реформи“ во образованието, закоравените и катастрофални политики. Искрено и нема што да се очекува од општество каде што менталната болест се смета за казна и се чува во најстрога тајност, а посетата на психолог или дефектолог е табу-тема, каде огромен број на граѓани попрво би си ги однеле децата на бајачка, отколку на доктор. Сосема друга тема е што училиштата воопшто и немаат соодветен стручен кадар, ни квалитативно, ни квантитативно.

Мора да сфатиме дека живееме во едно крајно затворено општество кое со години се учи, но никако да се научи, да живее и да ги прифати различните од себе. И колку и да се декларираме себе си како отворени и мулти од секаков вид, мораме да го согледаме коренот на сите проблеми, за да можеме конечно да тргнеме макар половина чекор напред. И најважно од се мора да сфатиме дека инклузијата не ги подразбира само основното училиште и образованието. Таа започнува (или барем мора да започне) многу порано!

Маја Ивановска

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share96Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • EУ испрати порака, Мицкоски молчи – Андонов со жестока критика

    179 shares
    Share 72 Tweet 45
  • Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    164 shares
    Share 66 Tweet 41
  • Моќната ракета Томахавк ги собори Садам и Гадафи, може да го собори и Путин

    123 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    118 shares
    Share 47 Tweet 30
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ