• Latest

Прашања и одговори

July 15, 2019

Уставниот суд не поведе постапка по иницијативата на Левица со која се оспоруваат точки од Упатството за радиодифузерите за локалните избори

October 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Што пропушти да каже Урсула фон дер Лајен за состојбата со медиумите на балканските лидери?

October 15, 2025
Фотографија: Влада на РСМ

Мицкоски на средба со фон дер Лајен: Државата очекува од ЕУ јасна и конкретна посветеност

October 15, 2025

ИЗБОРНА ХРОНИКА: Три дена пред изборите – Кандидатите и политичките партии меѓу ветувања, судир на интереси и суптилната кинеска „мека моќ“

October 15, 2025
Панел-дискусијата “Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност - Предизвици и решенија“, 9 октомври 2025, Скопје (Фото: ЦИВИЛ)

Дебата на ЦИВИЛ: Интегритетот на изборните процеси и демократската отпорност – Предизвици и решенија

October 15, 2025

Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

October 15, 2025
Фото: Фејсбук

Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

October 15, 2025

ЦИВИЛ ја отвори дебатата за демократското назадување и улогата на граѓаните како чувари на демократските процеси

October 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Зацврстување на кинеската „мека моќ“ во Северна Македонија: Преку образованието, ИТ и TикToк до влијание врз изборите

October 15, 2025

Последни три дена од изборната кампања

October 15, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ТЕЖИШТЕ

Прашања и одговори

Знае ли премиерот дека мандатот го доби за да спроведе правда, а не за пазарење со оние што ја уништија правдата? Зошто премиерот не им даде одврзани раце на тие што имаат докази, да ги уапсат Али Ахмети, Муса Џафери, Сашо Мијалков и сите останати покрупни и поситни риби, во и вон неговата партија, за сите за кои постојат сознанија дека краделе и ја злоупотребиле својата моќ, познанства, а сега триумфално парадираат низ јавноста?

July 15, 2019 07:38
in СЛОБОДНА ЗОНА, ТЕЖИШТЕ
Share on FacebookShare on Twitter

пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Неодамна, решив да ги запишувам, на едно место, прашањата што ми ги поставуваат насекаде низ Северна Македонија. Денеска сакам да ги споделам со вас. Дел од овие прашања се поставени токму така, како што се пренесени овде, а дел се десетици прашања споени во едно. Прашањата ми ги поставија сосема различни луѓе, од различни места, од различни заедници, со најразлични професии и ниво на образование. Не се познаваат меѓусебно. Некои работат и во институциите на локално или државно ниво. Нема мои зборови во овие прашања, иако некои се како ехо на мои претходни “рафали”. Дел од изразите, сепак, морав да ги испуштам, бидејќи содржат погрдни зборови, особено на сметка на опозицијата. Повелете, ова се ваши прашања:

Зошто воопшто премиерот би се занимавал со оној (…) Мицкоски? Зошто мора да го поканува на преговарачка маса, кога знаеме дека е пион на кукавичкиот бегалец од правдата (се мисли на Груевски)? Зошто мора Мицкоски да се чека за СЈО и за ОЈО? Зошто Заев не го растури ДПМНЕ или барем да го смени Мицкоски?

Зошто премиерот со насмевка се сретна со рускиот амбасадор, а потоа отвори и објект на руска компанија што го поддржува Путин?

Зошто премиерот не им отиде на оние дивоградителите во Охрид и не ги поапси сите, сосе Рамиз Мерко?

Не може ли да се поапсат сите пратеници што се огрешиле од законот и да се заврши работата? Зошто се води дијалог со криминална банда за тоа како треба да изгледа македонското судство? Толку ли е тешко да се пикнат во затвор сите директори, министри, судии, заменици… сите познати и помалку познати експоненти на злото во политиката, бизнисот, криминалот, академијата и медиумите?

Не може ли да се спроведе правдата, решително, со тупаница, за еден ден?

Зошто премиерот преговара со криминалци, наместо да му издаде строга команда на системот да се пресмета со престапниците? Па судиите што не ја спроведуваат правдата, исто така, да завршат во Шутка?

Знае ли премиерот дека мандатот го доби за да спроведе правда, а не за пазарење со оние што ја уништија правдата? Зошто премиерот не им даде одврзани раце на тие што имаат докази, да ги уапсат Али Ахмети, Муса Џафери, Сашо Мијалков и сите останати покрупни и поситни риби, во и вон неговата партија, за сите за кои постојат сознанија дека краделе и ја злоупотребиле својата моќ, познанства, а сега триумфално парадираат низ јавноста?

Зошто Мицкоски не е под истрага за хидроцентралите?

Зошто Заев не ги пушти сите бомби?

Зошто медиумските слуги на Грујо не се под истрага за сите криминали, од финансиските до оние против правата, слободите и достоинството на луѓето? Зошто нивните газди и слугите што работат за нив господарат во македонскиот медиумски простор и понатаму?

Зошто премиерот дозволува да си играат со него како со играчка? Зошто Заев дозволи вемеровците, после падот, да зајакнат и да ги разбијат придобивките од отпорот „ко беба звечку“?

Зошто премиерот се согласи да преговара со Груевски во Пржино, летото, 2015 година?

Зошто Заев и неговиот тим му дозволуваат на Груевски да ја влече јавноста за нос и го оставаат да се брани со аргументите што, всушност, говорат против него (криењето на бруталното убиство на Мартин Нешковски, на пример)?

Зошто Заев своевремено не ги остави граѓан(к)ите сами да му пресудат на режимот, па што биде, нека биде?

Зошто премиерот го легитимира злосторничкото здружение со лидерски средби? Зошто не го тресне од земја секој што се обидува да згази на придобивките од граѓанскиот отпор што започна уште во 2011 година ( Стоп за полициската бруталност)?

Зошто премиерот им простува на тие што ѝ забиваат “долги ножеви” во грбот на Северна Македонија? Знае ли дека неговото простување треба да го претставува простувањето и на сите што настрадаа од режимот? Знае ли премиерот Заев дека, ако тој прости како христијанин и индивидуа, не мора да значи дека направил добро дело за демократијата и владеењето на правото?

Зошто премиерот, кого го запознавме како антинационалист, говори за обединување и иднина, дозволува националистите и меѓу Македонците и меѓу Албанците да ја влечат земјата наназад, кон мрачното минато? Па и пари и други придобивки им дава?

Зошто Заев дозволува да се шетаат на слобода функционери, судии, обвинители и слични ѕверки за кои има докази дека се виновни за сите крвави настани во земјава?

Зошто мора да ги моли сите да сработат нешто, наместо да ги отпушти и казни?

Ќе нѐ биде ли?

Сигурен сум дека има добри и помалку добри одговори на сите прашања. Јас престанав да се обидувам да ги одговорам. И онака не се однесуваат на мене, си велам понекогаш, иако знам дека тоа е, до некаде, погрешен став.

Но, на голем број од овие и вакви прашања не можам да одговарам најмногу затоа што тие веќе го содржат ПОГРЕШНИОТ ОДГОВОР во себе. И говорат за склоност на луѓето да размислуваат еднострано. Уште повеќе, ја открива нивната склоност кон авторитарност. Очекуваат за сѐ да биде повикан премиерот на одговорност, без оглед на ограничувањата и поделбите на моќта, ингеренциите и одговорноста – една личност, еден владетел… Меѓу другото, дел од овие прашања се сведоштво за отсуство на волја да се прифати сопствената одговорност, заедничка и индивидуална, граѓанска и гласачка. Многу од тие прашања се упатени на погрешна адреса. Да признаам, и јас (си) поставувам вакви и слични прашања, особено во настап на лутина и разочарување. Но, потоа, во потрагата по одговорите, сфаќам дека тие се потешки отколку што сум очекувал, без оглед на тоа колку јас самиот сакам да го прифатам тоа или не.

Да не речете дека денеска сум нешто особено фин, еве, ќе се изразам така како што чувствувам: Голем дел од овие прашања мора да ги одговори џганот со седиште во грдата палата (дивоградба). А на тоа можеме да ги натераме ние, секој од нас. А потоа да му ги поставиме вистинските, сѐ потешки, прашања и на тој од кого се бараат сите одговори, па и оние погрешните.

Последното прашање за тоа „дали ќе нѐ биде“ ми го постави еден граѓанин на Велес, во петокот. „Зависи од нас самите“ – му одговорив. Не беше задоволен од одговорот. Не бев ни јас.

 

 


Преземање на содржините e ЗАБРАНЕТО (!!!), освен со писмена дозвола од ЦИВИЛ и тоа исклучиво според Условите за користење, авторски права и заштита на приватноста. Повредата на авторските права е забранета со закон. Врз основа на договор за соработка, оваа содржина е достапна за Плусинфо и Слободен печат без ограничувања.

Print Friendly, PDF & Email
Share372Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Креирано со помош на ВИ

    Случајот со Тричковски повторно ја исфрли на површина селективноста на властите

    159 shares
    Share 64 Tweet 40
  • Колегите од Неврологија во одбрана на Кузмановски по скандалот со кокаин: „Наместо осуда – сочувство и достоинство“

    117 shares
    Share 47 Tweet 29
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • Ел Чека фрли „предизборна бомба“: Објавени снимки со компромитирачка содржина за кичевскиот градоначалник Фатмир Дехари

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Фотографии од Бранко Црвенковски со членови на ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ ја вжештија политичката клима пред избори

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ