• Latest

Османи: Кадровските промени значат нови политики за подобар стандард

July 17, 2019

Шефот на ОН предупредува дека силите за стабилизација во Газа мора да имаат меѓународен легитимитет

November 5, 2025
Скриншот од видео на
Baku TV | RU

Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

November 5, 2025

Ројтерс: Кина забранува странски чипови за вештачка интелигенција во центри за податоци финансирани од државата

November 5, 2025

До ДИК се поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 5, 2025

Координативното тело на Кодексот за однесува во онлајн просторот: 8 преставки за прекршувања на новинарски и политички етички стандарди во изборниот процес

November 5, 2025

Македонија меѓу амбицијата и застојот, Уставните измени – тест на зрелоста за европската иднина

November 5, 2025

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Османи: Кадровските промени значат нови политики за подобар стандард

July 17, 2019 12:29
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Вицепремиерот задолжен европски прашања Бујар Османи, изјави дека кадровските промени кои се очекуваат на денешната посебна владина седница се потребни за да се смени фокусот на дејствување на Владата и затоа се потребни промените во администрацијата.

„Има договор помеѓу коалициските партнери четиригодишниот мандат на оваа Влада да се дели на два дела. Во првиот дел да се затвораат политичките прашања и да се постигнат стратешки цели на државата во однос на НАТО и ЕУ и мислиме дека до крајот на годината ќе биде и НАТО и почеток на преговори со ЕУ. Остатокот од мандатот се разбира фокусот целосно ќе се префрли од политика во политики. А тоа значи политики за поголем животен стандард за подобра животна средина за повеќе работни места за повисоки плати итн.“, рече Османи.

Тој истакна дека е исполнет предусловот со затворањето на политичките теми.

„Затоа коалициските партнери одлучија секој во својот двор во својата партија да направи одредени реструктуирања, односно обнова на кадровските потенцијали што ги имаат партиите во раководењето на институциите. Очекуваме секоја партија да предложи до Владата одредени промени вклучувајќи ја тука и ДУИ, дел ќе бидат преместени од една институција во друга, зборам за нашите претставници, дел ќе бидат сменети со нови имиња“, рече Османи.

Вицепремиерот информира дека денеска ќе има само одлуки за разрешувања додека на наредни седници на Влада и да се назначуваат нови кадри. Според него, кадрите на ДУИ кои ќе бидат заменети ќе бидат помалку од 10.

Премиерот Зоран Заев, денеска на прес конференција ги соопшти имињата на носителите на функции кои се опфатени со „метлата“ најавена уште пред изборите.

Реконструкцијата овојпат опфати 50 директори, членови на управни и надзорни одбори.

Меѓу нив се директорите на МЕПСО и ЕЛЕМ, Сашо Василевски и Драган Миновски, директорот на Државниот архив, Кирил Петров, директорот на Агенцијата за лекови Ќахил Ибраими, директорката на Драмски театар, Викторија Рангелова, Вулнет Адеми директор на Агенција за странски инвестиции, директорот на Македонија пат, Гајур Кадриу, директорот на Здравствен дом Скопје, Злате Мемедовиќ.

Како што рече Заев, неговите предлози ќе бидат ставени на владината седница која ќе се одржи денеска. Заев им се заблагодари на сите разрешени функционери и додаде дека на некои од овие лица ќе им биде понуден нов ангажман, доколку се заинтересирани.

Премиерот најави дека од денеска ќе почне именувањето на новите.

М. И.

 

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ