Сојузот на стопански комори на Македонија денеска ќе има работна средба со претседателот на државата Стево Пендаровски.Претседателката на ССК, Данела Арсовска, претседателството и членови на Управниот одбор. на Пендаровски ќе му ги прзентираат трите клучни приоритети на деловната заедница, владеење на правото, борба против корупцијата, борба за елиминација на сивата економија и зајакнување на економската дипломатија.
Како што соопштија од ССК, дополнително на средбата ќе се дискутира за унапредување на јавно – приватниот дијалог, а во фокусот на средбата ќе биде и презентација на ингеренциите на претседателот во делот на економските политики.












