• Latest

Новиот закон за ЈО влегува во собраниска процедура

July 23, 2019
Протести во Франција (скриншот / France 24)

Протести во Франција: Образовната криза ги продлабочува судирите меѓу средношколците и власта

October 9, 2026

Банките доминираат на Берзата, каде е остатокот од економијата?

October 9, 2026
фото: ВИ

Државата повторно се задолжи за 150 милиони евра – сметката ќе ја плаќаат граѓаните

October 9, 2026
Ен Карсон (фото извор: Википедија)

Нобеловата награда за литература ја доби канадската писателка Ен Карсон

October 8, 2026
Доналд Трамп, 5 октомври 2026, Небраска

(ВИДЕО) Остри реакции на „поканата“ на Трамп до Иран: „Нека го уништат Лос Анџелес, нека го уништат Сан Диего“

October 8, 2026
Краматорск, 8 октомври 2026

Два дена, 52 загинати, убиени и пет деца – руски терор во Украина: Прилуки и Краматорск

October 8, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

Буџетот не е чекмеџе од кое само се вади, мора и да се става во него

October 8, 2026
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Фото: ЦИВИЛ Медиа

На зборови сите се „за“ повисок минималец – но никој не го зголемува

October 8, 2026
Апсење американска државјанка

Потресни податоци и стории: Над 500 американски државјани задржани во имиграциската офанзива на Трамп

October 7, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Новиот закон за ЈО влегува во собраниска процедура

July 23, 2019 09:27
in ВЕСТИ
Share on FacebookShare on Twitter

Предлог-закон за Јавно обвинителство, Владата денеска ќе го испрати во Собранието. Од Министерството за правда очекуваат пратениците своите ставови да ги кажат во законодавниот дом, а ако имаат забелешки и да поднесат амандмани.

Од Министерството за правда велат дека очекуваат поддршка од сите пратеници, но ги зачудува измената на ставот на ВМРО-ДПМНЕ во врска со предлогот Вилма Русковска да биде на чело на новото Јавно обвинителство за гонење криминал и висока корупција.

– Очекуваме поддршка од сите, особено што ВМРО-ДПМНЕ кога поднесе до Министерството амандмани на претходниот текст на законот предложи СЈО да биде дел од Јавното обвинителство за организиран криминал, а не предлагаше никакви кадровски промени во обвинителството за организиран криминал, што практично значи дека во новиот текст на законот е прифатен нивниот предлог Јавното обвинителство на чело со Русковска да ги води случаите на СЈО. Сега зачудува измената на нивниот став по ова прашање, истакнуваат од Министерството за правда.

За опозициската ВМРО – ДПМНЕ во моментов е неприфатливо новото обвинителство да го предводи актуелната шефица на Јавното обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска.

Лидерот на  ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски смета дека Предлог законот не е предлог за воспоставување на обвинителство кое ќе биде независно и кое ќе гони вистински криминал, туку намерата е воспоставување обвинителство што ќе биде по теркот на Заев и во функција на криминалниот октопод.

Портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов, пак изјави дека предлогот Специјалното јавно обвинителство да се интегрира во рамките на Јавното обвинителство е токму на ВМРО-ДПМНЕ.

– Предлогот обвинителката Вилма Рускоска да го води ново Јавно обвинителство за организиран криминал не е одлука на политичарите. Рускоска во моментов е прв човек на Основното јавно обвинителство за организиран криминал и корупција, вели Костадинов.

Премиерот Заев минатата недела посочи дека е потребно законот да се донесе летово, а најдобро е овој месец, бидејќи прашањето не смее да се пролонгира со оглед на тоа што очекуваме датум за преговори.

Законот за Јавно обвинителство и решавање на статсусот на СЈО, заедно со засилената борба против корупцијата е и едно од барањата на ЕУ за почеток на преговори за членство.

Коалицискиот партнер ДУИ дава јасна поддршка за предложеното решение, но велат кој ќе го води новоформираното обвинителство не треба да одлучуваат партиите, туку Советот на јавни обвинители.

Неизвесен е ставот на осумте независни пратеници што дадоа поддршка за уставните измени во контекст на Преспанскиот договор.

Од Алијансата за Албанците велат дека за нив прифатливо е само доколку на чело на новото обвинителство дојде човек назначен од Европската Унија.

Од Движењето БЕСА велат дека нема да го подржат новото законско решение, доколку не претрпи битни измени. Тие го условуваат поддржувањето на законот со претходен договор за предвремени избори.

Новиот закон за Јавно обвинителство е предложен, откако претходно немаше успех на средбите на работните групи на власта и опозицијата.

Со интегрирањето на СЈО и  Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, новото обвинителство ќе се именува во Јавно обвинителство за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување, кое одговара на сегашната позиција, а сепак е во хиерархија и субординација на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.

Сите обвинители од СЈО можат да продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат. Истото важи и за останатиот персонал, а архивата, опремата ќе бидат префрлени во новото обвинителство.

Јавното обвинителство за гонење криминал и висока корупција ќе биде надлежно за најсложените форми организиран криминал и висока корупција, позната како корупција на белите јаки, велат од Министерството за правда.

Со преодните одредби, предвидено е законот да отпочне да се применува на 15 септември.

Извор: МИА

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ