• Latest
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

October 8, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЕВРОПА ЕВРОПСКА УНИЈА

Муцунски и Петрова-Чамова во Софија: Што (не) може да се очекува?

Дијалог има, но засега нема сигнал дека Владата ќе го исполни условот за продолжување на преговорите

October 8, 2026 11:03
in АНАЛИЗИ, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Средба Муцунски и Петрова-Чамова, мај 2026 (фото: МНР)

Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска во Софија учествува на Меѓународната министерска конференција за Коридорот 8, на чии маргини е предвиден и разговор со бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова-Чамова. Бугарското МНР претходно ја опиша можната билатерална средба како дел од „редовниот дијалог“ меѓу двете земји.

Самото отворање директен канал е позитивно во дипломатска смисла. Но тој факт не треба да се претставува како деблокада на европскиот пат, ниту како замена за обврската што Северна Македонија ја презеде во рамката од 2022 година.

Иницијативата за средбата следеше по посетата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Скопје на 2 октомври. Според премиерот Христијан Мицкоски, таа го советувала Муцунски да побара разговор со бугарската страна во обид да се „врати патот на земјата кон преговорите со ЕУ“, по што до Софија веднаш била испратена дипломатска нота.

Но суштинската пречка не се решава со билатерална средба. Европската Унија ги отвори пристапните преговори со Северна Македонија во јули 2022 година и ја усвои преговарачката рамка. Во официјалната позиција на ЕУ е наведено дека следната меѓувладина конференција ќе се одржи без нова политичка одлука откако земјата ќе ја исполни преземената обврска за уставни измени. Европската комисија и подоцна остана на истиот став, а тоа е дека во Уставот треба да бидат вклучени и граѓаните што се дел од други народи, меѓу нив и Бугарите.

Тоа е поентата што често „испарува“ во политичките изјави. Северна Македонија не чека нов европски предлог за да продолжи процесот. Условот е познат, формално прифатен во 2022 година и досега не е исполнет.

ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Затоа, денешната средба во Софија може да биде корисна за намалување на тензиите, за директна комуникација и за спречување нови политички инциденти. Но засега нема сигнал дека Владата ја менува позицијата во однос на уставните измени или дека е подготвена да го направи чекорот што би овозможил отворање на првиот кластер.

Не помагаат ни провокативните изјави на премиерот, како онаа дадена само еден ден по заминувањето на Фон дер Лајен од Скопје. Напротив. Уште на самиот почеток, Мицкоски го постави дијалогот на стаклени нозе.

Дополнителен проблем е што дипломатската иницијатива се одвива паралелно со реторика што го отежнува градењето доверба. Само неколку дена по барањето за разговор, Мицкоски повторно отвори историски прашања, употреби формулација за „фашистичка Бугарија“ и го поврза Бледскиот договор со пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев, иако хронологијата покажува дека останките биле донесени во Скопје во 1946 година, речиси десет месеци пред Бледските спогодби.

Конференцијата за Коридорот 8, на која присуствува и еврокомесарката за проширување Марта Кос, има важно регионално, транспортно и безбедносно значење. Но за европските преговори клучното прашање останува многу попрозаично.

Дијалог со Софија има. Европската рамка исто така е јасна. Она што засега недостасува е политички сигнал од Владата дека е подготвена да го исполни условот од кој зависи следниот формален чекор во преговорите.

Редакција ЦИВИЛ МЕДИА

 


ЦИВИЛ МЕДИА


ПОДДРШКА ЗА ЦИВИЛ. ДОНИРАЈТЕ ДЕНЕСКА.

Ако го цените тоа што го прави ЦИВИЛ, поддржете ја нашата работа.

Вашата поддршка ни овозможува да известуваме, да ја одржуваме платформата за демократски дијалог, да објавуваме едукативни содржини, да се бориме против лагите и да ги браниме човековите права и слободата.

Поддржете го ЦИВИЛ. Донирајте ДЕНЕСКА.

Tags: ЕУМицкоскиМуцунскиПетрова-ЧамоваСофија
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ