• Latest

Охрид и Струга да испорачаат план и рокови за спроведување на препораките од УНЕСКО

July 24, 2019
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
Фото;Украинската амбасадорка Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Секој руски напад со ракети, авиобомби и дронови врз мирните украински жители е обид да се скрши Украина

November 6, 2025
Скриншот од видео на Al Jazeera Balkans

Додека Вучиќ и Радев си префрлаат за „српски“ и „бугарски свет“, Вулин провоцира: Бугарскиот окупатор да молчи и пали свеќи, не може да го запре „Српски свет“

November 6, 2025
Скриншот од видео на
7NEWS Australia

Трамп ја отвора вратата за нова ера на нуклеарни тестови

November 6, 2025

Поднесени 16 приговори за гласањето во вториот круг од локалните избори, рокот завршува во 16 и 30 часот

November 6, 2025

ЕУ со ладен туш за Скопје, економскиот раст е илузија без реформи!

November 6, 2025
Скриншот од видео на New York Post

„Граѓанска војна“ во Републиканската партија откако Такер Карлсон го угости белиот националист, обожавател на Хитлер и Сталин и негирач на Холокаустот – Ник Фуентес

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Охрид и Струга да испорачаат план и рокови за спроведување на препораките од УНЕСКО

July 24, 2019 10:59
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Двете општини на Охридското Езеро да прогласат мораториум на градежните активности до донесување на Планот за управување со природното и културно наследство, одлучи вчера Владата на седница и им препорача на Охрид и Струга за десет дена да подготват акциски план со рокови до кога ќе ги спроведат препораките на УНЕСКО, јавува МИА.

Утрово се огласи Општина Охрид со соопштение во кое се наведува дека по налог на градоначалникот Константин Георгиески во рок од 10 дена ќе биде изготвен Акциски план со роковник за спроведување на препораките од УНЕСКО и дека веднаш по изготвувањето тој ќе биде ставен на дневен ред на седница на Советот на Општина Охрид.

Иако невладини организации инсистираа Охридскиот Регион да биде впишан во листата на светско наследство во опасност, сметајќи дека на тој начин и самата светска организација на ОН за образование и култура ќе вклучи директно свои експерти во изработка на корективни мерки за да се дојде до посакуваната состојба, нејзиниот Комитет за светско наследство на 43-тата сесија која се одржа на почетокот на месецов во Баку одлучи да не го стави меѓу загрозените подрачја. Но ѝ даде рок на Република Северна Македонија до 1 февруари 2020 да достави извештај за напредокот во остварувањето на препораките на УНЕСКО, врз основа на кои се очекува УНЕСКО повторно да го разгледува случајот со Охридскиот Регион на следната седница на Комитетот, во јуни 2020 година.

На вчерашната седница Владата одлучи два дена откако ќе бидат усвоени акциските планови од советите на двете општини, да ги информираат министерствата за транспорт и врски, за култура и за животна средина и просторно планирање, а овие три министерства се задолжени да ја координираат меѓуинституционалната активност за спроведување на препораките на УНЕСКО и еднаш месечно да ја информираат Владата за напредокот.

Покрај мораториумот за градежни активности и обврските за акциски план со рокови за Охрид и Струга, Владата вчера одлучи и да го да го повлече Законот за управување со природното и културното наследство во Охридскиот Регион, за кој имаше реакции и од опозицијата, и од невладиниот сектор, дека текстот не е истиот со тој што бил презентиран на сесијата на Комитетот на УНЕСКО во Баку.

Според реакциите, предлагачите во него додале член кој уредува примена на Бадентерово (т.е. двојно) мнозинство при носење на препораките и мислењата на Советот за Охридскиот Регион. Од граѓански организации беше укажано дека таквиот начин на носење одлуки на Советот за Охридскиот Регион не е во согласност со Охридскиот рамковен договор, бидејќи Бадентеровиот принцип е воспоставен за да се избегне надгласувањето на помалите етнички заедници за сметка на мнозинството во претставничките тела, како Собранието и советите на локалната самоуправа, каде избрани претставници носат одлуки во името на граѓаните.

– Во конкретниот случај се работи за стручно тело со советодавна улога, чиј мандат е точно определен во членот 9 од Предлог-законот, односно тело кое дава мислења, препораки и предлози заради зачувување на природата и културното наследство на Охридскиот регион, но не донесува одлуки, пишуваше во реакцијата потпишана од дваесетина граѓански асоцијации.

Реакции имаше и по интервјуто на министерот за дијаспора Едмонд Адеми кој по враќањето од Баку, каде што ја предводеше македонската делегација, за Радио Слободна Европа изјави дека „на прстите од двете раце може да се избројат дивоградбите од типот на куќи, угостителски објекти или хотели во заштитениот појас во Охрид“.

-Најголем дел од 409 градби не се сите цврста градба, во смисла куќи, хотели, туку дел се гаражи, огради, дел се дополнителни скали, рече Адеми во интервјуто во кое, исто така, искажа увереност дека до февруари односно до дадениот рок од УНЕСКО, голем дел од дивоградбите ќе бидат отстранети.

Според Адеми, препораките и забелешките од УНЕСКО за Охрид не се од вчера, туку од 2009 година кога голем дел од тие дивоградби се легализирани со законот донесен во таа година. Нагласи и дека отстранувањето на дивоградбите не е  задача на Владата, туку на општината и зависи од нејзините капацитети и можности.

Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко пред неколку дена соопшти дека ѝ ги отстапува на Владата надлежностите на Општината во областа на урбанизмот во делот на издавање дозволи за градба, легализација на објекти, концесии како и во делот на спроведување на забелешките од страна на УНЕСКО.

Градоначалникот на Охрид Константин Георгиевски, пак, кој беше во македонската делегација на сесијата на Комитетот на УНЕСКО, по враќањето од Баку на прес-конференција соопшти дека почнуваат со активностите од препораките.

Рече дека  на средби со претставниците на земји членки на Комитетот ги претставил актуелните состојби и чекорите што биле преземени во изминатот период од Владата и Општина Охрид во однос на 19-те препораки на последната реактивна мисија за охридско-струшкиот регион од 2017 година.

-Ништо нема да се случи преку ноќ, ниту, пак, ќе биде едноставен овој процес. Битката за спас на Охрид  допрва ќе се интензивира. Сите да си го одработиме тоа за што сме одговорни, затоа што во залог не е само Охрид, туку и функционалноста на политичкиот систем во државата. Одговорност за сите. Отстапки за никого, порача охридскиот градоначалник на 8 јули.

Според амбасадорот на Европската Унија Самуел Жбогар, сега е моментот за вистинска соработка меѓу сите институции за да се исполнат препораките на УНЕСКО за Охрид.

– Секогаш верувам дека е подобро сами со сопствени сили да се справите со проблемите. Од 4 јули кога УНЕСКО ја даде препораката, до 1 февруари има 30 недели што можат да се искористат за да се реши проблемот. Од тогаш поминаа две недели и не гледаме никаков резултат, иако сметам дека навистина треба да се вложат сите напори за да дојде до тој резултат, изјави Жбогар при посетата на Охрид во четвртокот.

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО  на сесијата што ја одржа во престолнината на Азербејџан некои активности на нашата Влада ги смета за позитивни реформи, како укинување на плановите за ски-центар и експресен пат во Галичица, проектите за колекторскиот систем и пренасочувањето на реката Сатеска.

Комитетот на УНЕСКО во Баку донесе одлука и да се прошири границата на заштитеното добро, со што се вклучува и делот од Охридското Езеро во Република Албанија.

Охридското Езеро и градот Охрид се прогласени за светско културно наследство под заштита на УНЕСКО во 1980 година.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    189 shares
    Share 76 Tweet 47
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ