• Latest

Мрежата за заштита од дискриминација: Предлог Законот за основно образование има сериозни недостатоци

July 25, 2019
Фото: Фејсбук на Арбен Травари

Таравари си замина од владата на Мицкоски без испиено „сиктер кафе“

May 13, 2025

Денес: Вестминистерскиот сојуз за Украина се состанува во Лондон и онлајн за да ги зајакне демократското единство и поддршката за Украина

May 13, 2025

АНАЛИЗА: Внатрешниот долг за три месеци зголемен за 25,5 милиони евра

May 13, 2025
Фотомонтажа: Д. Мишев/ЦивилМедиа

Влатко Ѓорчев сега не го интересира изгор цената на црешите, важно краставиците да се евтини

May 13, 2025

Полска ќе му забрани влез на Додик

May 13, 2025

Нема да има реконструкција на Владата, ќе има само смена на министри

May 13, 2025

Јасна осуда на руската инвазија и дијалогот со Косово се клучни за европскиот пат на Србија, рече Кошта

May 13, 2025
Проф. д-р Љубомир Фрчкоски

(ДЕМАНТ) Фрчкоски: Срамен притисок врз критичарите на власта

May 13, 2025

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: Што мислите за излегувањето на Таравари од владата?

May 13, 2025
Фото: Скриншот Х

(ВИДЕО) Израел бомбардираше болница во Газа, „Хамас“ тврди дека меѓу убиените паценти е и новинарот Хасан Аслих

May 13, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Мрежата за заштита од дискриминација: Предлог Законот за основно образование има сериозни недостатоци

Овој Предлог-закон ги исклучува децата со оштетен вид од редовните училишта за кои единствено е потребна асистивна технологија и прилагодување на училишните објекти и не постои оправдување да не се вклучат во редовното образование, велат од Мрежата

July 25, 2019 11:03
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Мрежата за заштита од дискриминација иако ја поздравува заложбата на Министерството за образование и наука за надминување на сегргацијата на учениците со попреченост и нивно интегрирање во редовниот образовен процес, сепак сметаат дека има и многу недостатоци. „Потсетуваме дека посебните училишта претставуваат сегрегација, како форма на дискриминација која е забранета и со Законот за спречување и заштита од дискриминација. Сепак, би сакале да укажеме дека Предлог-законот за основно образование има сериозни недостатоци од аспект на гаранциите за вклучување на учениците со попреченост во редовниот образовен процес и начинот на кој тоа ќе се спроведе.

Најнапред, законот е донесен на нетранспарентен и неинклузивен начин. Министерството ги игнорираше барањата и сугестиите на граѓанските организации во однос на заштита од насилство, дискриминација и инклузија на децата со попреченост. Предлог-законот не содржи јасна одредба со која се предвидува дека децата со попреченост ќе се запишуваат во редовните училишта, па оттука, се остава простор оваа заложба да не се спроведе или пак, да се спроведува делумно. Неопходна е јасна и недвосмислена законска гаранција која ќе овозможи правна сигурност и конкретна заложба за надминување на сегрегацијата на учениците со попреченост.

Овој Предлог-закон ги исклучува децата со оштетен вид од редовните училишта за кои единствено е потребна асистивна технологија и прилагодување на училишните објекти и не постои оправдување да не се вклучат во редовното образование. Фокусот на посебните паралелки или т.н. центри за поддршка на учењето, во Предлог-законот е спротивен на заложбата за вклучување на децата со попреченост во редовните училишта со што се заменува една форма на сегрегација со друга.

Дополнително, Предлог-законот предвидува законска можност часот да трае пократко за децата со попреченост, доколку тоа е предвидено со индивидуалниот образовен план. Во одредени ситуации, може да биде оправдано пократкото траење на часот, но ова прашање не треба да се уреди со закон и да се третира како правило, наместо исклучок. Потребата за инклузија на децата со попреченост во редовното образование не се темели исклучиво на отстранувањето на физичката сегрегација, туку клучен дел од проблемот е што овие деца наместо да добиваат повеќе внимание и поддршка, образованието ги третира како помалку способни, не оставајќи им можност да го дадат најдоброто од себе и да станат конкурентни на пазарот на трудот. Апелираме до Собранието да спроведе транспарентен и инклузивен процес на носење на Законот преку организирање јавна расправа, да ги земе предвид забелешките на сите заинтересирани страни и да го унапреди ова законско решение преку амандмани.

По донесување на Законот за основно образование, бараме Министерството за образование и наука да го испланира соодветно процесот на инклузија со вклучување на сите засегнати страни, да обрне должно внимание на обезбедувањето на технички и човечки капацитети за да се овозможат услови за успешна инклузија преку инвестирање во образованието. Воедно апелираме до сите заинтересирани страни наместо да се противат на инклузијата, да ги искористат своите капацитети за унапредување на процесо“, се вели во реакцијата на Мрежата за заштита од дискриминација.

Print Friendly, PDF & Email
Share79Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Пандов љубител на костимирани настапи: ангелче, комита, моторџија, историчар, директор, а сега влезе и во мафијашки филм

    142 shares
    Share 57 Tweet 36
  • Зошто надворешната политика на владата на ДПМНЕ е антинационална и стана „тажната приказна“ на Балканот

    131 shares
    Share 52 Tweet 33
  • Тричковски: Медиумите се за граѓаните тоа што е златицата за компирите!

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мрежа за заштита на жените Ромки: Фемицидот врз Рамајана не е изолиран инцидент; 142 случаи на семејно насилство врз ромски жени регистрирани во 2024

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • ПОРТОКАЛОВА ГЛАВА НА ТЕГЕТ ОДЕЛО: Трамп, дрско и без почит, во потрага по внимание на погребот на Папата

    93 shares
    Share 37 Tweet 23

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ