• Latest

Институциите кревки во борбата со лажните вести и дезинформации…

July 25, 2019
Фото: Скриншот од видео на YouTube

Администрацијата на Трамп ќе проверува за „антиамериканизам“ во апликациите за имиграција, критичарите потегот го споредуваат со макартизам

August 20, 2025
Мигрантите депортирани од САД пристигнуваат во Хондурас. Фото: Скриншот од видео на
FRANCE 24 English

САД постигнаа договори за депортација на мигранти со Хондурас и Уганда

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел бара ослободување на сите заложници во Газа, фрлајќи сомнеж врз предлогот за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото; Скриншот од видео на YouTube каналот на British Army

Околу 10 европски сојузници се подготвени да испратат војници во Украина, се забрзуваат разговорите за безбедносните гаранции

August 20, 2025

Избирачкиот список се отвора во сабота за увид и запишување и бришење податоци

August 20, 2025
Фото: Телеграм канал АСТРА

Геј порно снимено во православна црква во Русија

August 19, 2025

24 ЧАСА: ДИК без консензус за бројот на советници на локалните избори; Секое украниско дете киднапирано од Русија мора да биде вратено-децидна фон дер Лајен; Жестоки протести во Србија

August 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Медијаторите чекаат одговор од Израел на новиот предлог за прекин на огнот во Газа

August 19, 2025
Фото: миа.мк

Ивановска по распитот во Обвинителство: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

August 19, 2025

ДИК не го донесе упатството за бројот на советници во советите на општините и Градот Скопје

August 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Институциите кревки во борбата со лажните вести и дезинформации…

Во борбата против лажните вести и дезинформации - Владата ќе формира Акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата, во која ќе бидат поканети да учествуваат претставници од канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ, Претседателот на РСМ, Собранието на РСМ, Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, МВР, MO, МНР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенција за разузнавање и други, чија задача ќе биде анализирање и следење на појавите на дезинформирање на јавноста и координирање на борбата против ширење на дезинформациите.

July 25, 2019 12:34
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Само шест отсто од граѓан(и)ите сметаат дека институциите успешно се сравуваат со дезинформациите, беше заклучокот од една онлајн анкета на ЦИВИЛ – Дали институциите успешно се справуваат со говорот на омразата и лажните вести на социјалните мрежи и во медиумите?

Прашањето беше поставено на почетокот на оваа година, пришто во текот на изминативе неколку месеци организацијата бележи засилено темпо на пласирање лажни вести и дезинформации во јавноста.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, со стара вест се обиде да ги дезинформира граѓаните за тоа кои земји се изјасниле против отпочнувањето на преговори со Северна Македонија за членство во Европската Унија. Ваков вид на одлука воопшто не е донесен, а ниту, пак, земјите членки на овој Совет гласале за или против отпочнувањето на преговорите на Северна Македонија со ЕУ. Она што е донесено како конкретна одлука за Северна Македонија е дека конечната одлука ќе биде донесена во септември.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија, на својот Твитер профил објави лажна фотографија со коментар дека новинарите Борјан Јовановски и Боби Христов се гости на отворање на контроверзен угостителски објект во Охрид. Оваа дезинформација беше со цел да им се наружи угледот на новинарите.

Истиот пратеник ширеше „патриотизам“ користејќи дезинформации, односно при посетата на Владата на ракометарите на „Вардар“, на една од фотографиите беше прикажана плакета што премиерот Зоран Заев од името на Владата на Република Северна Македонија им ја врачил на европските шампиони, Стевананџија објави „твит“ со фотографија од плакетата проследена со текст: „Не го зеле, им го оставиле во владината зграда“.

Во борбата против лажните вести и дезинформации – Владата ќе формира Акциска група за борба против дезинформации и напади на демократијата, во која ќе бидат поканети да учествуваат претставници од канцеларијата на Претседателот на Владата на РСМ, Претседателот на РСМ, Собранието на РСМ, Кабинетот на министерот задолжен за комуникации, транспарентност и отчетност, МВР, MO, МНР, Управата за безбедност и контраразузнавање, Агенција за разузнавање и други, чија задача ќе биде анализирање и следење на појавите на дезинформирање на јавноста и координирање на борбата против ширење на дезинформациите.

Во име на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за координација на оваа Акциска група ќе биде министерот за комуникации, транспарентност и отчетност Роберт Поповски, а од страна на Кабинетот на премиерот одговорен ќе биде посебниот советник за односи со јавност, Марјан Забрчанец.

Дехран Муратов

Print Friendly, PDF & Email
Share48Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Скриншот од видео на
TRT World

    САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ