• Latest

Лажните вести – главна причина за етнички тензии

July 25, 2019

ЕУ даде зелено светло: Украина и Молдавија го отвораат првиот преговарачки кластер во понеделник

June 13, 2026

Скопје домаќин на безбедносен форум за улогата на Западен Балкан во европската стабилност

June 13, 2026

Целата сторија за случајот „Мазут“ – што навистина се случувало во ТЕЦ Неготино?

June 13, 2026
Фото: ВИ

Спортот обединува, омразата разединува: Време е за навивање без говор на омраза, расизам и националистички провокации

June 12, 2026

Прашања без одговори: Зошто политичарите молчат пред клучните прашања?

June 12, 2026

Сиљановска-Давкова и Јотова: Софија бара исполнување на обврските, Скопје предупредува на нови услови

June 11, 2026
Фото: Скриншот, Јутјуб UNHCR

УНХЦР: Глобалното присилно раселување бележи прв пад по десет години, но бројките остануваат загрижувачки

June 11, 2026

Европа не нѐ сака, а ние ја сакаме ли?

June 11, 2026

Бранителите на човековите права од Западен Балкан се среќаваат во Приштина во услови на тешки закани и притисоци

June 11, 2026
Претседателот Зеленски на НБ8, 9 јуни 2026

Зеленски на Самитот Украина-НБ8: Европа е најсилна кога дејствува обединето, санкциите против Русија мора дополнително да се зајакнат

June 10, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Лажните вести – главна причина за етнички тензии

Целата кампања со фамозната „Тиранска платформа“ се водеше исклучително врз основа на лажни вести кои се потпираа врз јавните настапи на политичарите, како и врз реториката на улицата и на манипулираните граѓани, а маслото на огнот беа и „ексклузивните“ вести илустрирани со фото монтажи. Во оваа валкана кампања, со тешки последици по меѓуетничките односи, беа вклучени и национални телевизии и официјални портали кои имаат и потпишани автори.

July 25, 2019 14:19
in ВЕСТИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Лажните вести и дезинформациите, често имаат сериозно влијание и врз меѓуетничките односи во земјава, а, исто така, биле и причина за меѓуетнички и политички тензии врз етничка основа. Како последици од лажните вести имало и бура од интраетнички тензии, како што е примерот кај македонската етничка заедница со обвинувањата за предавство.

Целата кампања со фамозната „Тиранска платформа“ се водеше исклучително врз основа на лажни вести кои се потпираа врз јавните настапи на политичарите, како и врз реториката на улицата и на манипулираните граѓани, а маслото на огнот беа и „ексклузивните“ вести илустрирани со фото монтажи.

Во оваа валкана кампања, со тешки последици по меѓуетничките односи, беа вклучени и национални телевизии и официјални портали кои имаат и потпишани автори.

Во еден таков случај, ТВ Алфа објави прилог во кој се „анализираат“ ефектите на законот за употреба на јазиците. Во тој прилог се објавуваат целосни невистини и фотомонтажи придружени од тврдењата дека на банкнотите ќе има слики со двоглав орел и ликот на косовскиот основач на ОВК, Адем Јашари.

Сега може да се забележи дека телевизијата го повлекла прилогот од својата веб страница, но видео материјалот кружи низ многу страници по социјалните мрежи.

https://www.facebook.com/1VidiVidi/videos/517618325304349/?sfnsn=mo

Во друг текст, полн со дезинформации и илустрации со фотомонтажи, порталот Инфомакс објавува нови амблеми на безбедносните сили, каде што се објавува скандалозна лага околу Законот за употреба на јазиците. Во фотомонтажи на амблемите на полицијата и полициските единици, на делот на името на државата кое на албански јазик пишува „Федеративна Република Македонија“ што е целосно невистинито. Со оваа лажна вест се испраќа лажна порака дека Законот за јазици предвидува федерализација на земјава.

[envira-gallery id=”103502″]

Последиците од ваквите лажни вести можеше да бидат фатални за меѓуетничките и интраетничките односи. Како последица на ваква кампања, се создаде реакција кај македонското население. Овие реакции се манифестираа и преку агресивните протести и говорот на омразата против албанската заедница и против политичарите од владината коалиција. Реториката што се употребуваше по социјалните мрежи и меѓу младите кулминираше со тепачки и инциденти по улици и разни настани со сериозни последици.

Арбен Зеќири

Share12TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ