Лажните вести и дезинформациите, често имаат сериозно влијание и врз меѓуетничките односи во земјава, а, исто така, биле и причина за меѓуетнички и политички тензии врз етничка основа. Како последици од лажните вести имало и бура од интраетнички тензии, како што е примерот кај македонската етничка заедница со обвинувањата за предавство.
Целата кампања со фамозната „Тиранска платформа“ се водеше исклучително врз основа на лажни вести кои се потпираа врз јавните настапи на политичарите, како и врз реториката на улицата и на манипулираните граѓани, а маслото на огнот беа и „ексклузивните“ вести илустрирани со фото монтажи.
Во оваа валкана кампања, со тешки последици по меѓуетничките односи, беа вклучени и национални телевизии и официјални портали кои имаат и потпишани автори.
Во еден таков случај, ТВ Алфа објави прилог во кој се „анализираат“ ефектите на законот за употреба на јазиците. Во тој прилог се објавуваат целосни невистини и фотомонтажи придружени од тврдењата дека на банкнотите ќе има слики со двоглав орел и ликот на косовскиот основач на ОВК, Адем Јашари.
Сега може да се забележи дека телевизијата го повлекла прилогот од својата веб страница, но видео материјалот кружи низ многу страници по социјалните мрежи.
Двојазични униформи и македонски денар со албански симболи – законот предвидува и строги казни
Двојазични униформи и македонски денар со албански симболи – законот предвидува и строги казни11.01.2018 http://alfa.mk/News.aspx?id=128166#.WlhUwLynFdh Судовите, обвинителства, како и сите институции ќе бидат обврзани да овозможат користење и примена на албанскиот јазик. Униформите на специјалните единици на полицијата, пожарната и здравствените работници во Скопје и во другите градови каде Албанците се присутни со над 20 отсто од населението ќе бидат двојазични. На социјалните мрежи веќе се споделуваат фотографии за тоа како ќе изгледаат новите амблеми. Законот за употреба на јазиците кој денеска беше изгласан, предвидува основање на Агенција за примена на јазикот што го зборуваат 20 отсто од граѓаните, која ќе биде финансирана од државниот буџет. Предвидено е и формирање на Инспекторат за употреба на јазиците во рамки на Министерството за правда, а ќе се регулира со посебен закон.Ќе се менуваат и денарите – и книжните и кованите, како и поштенските марки. Законот предвидува тие да содржат симболи што го претставуваат културното наследство на граѓаните што го зборуваат македонскиот јазик и неговото кирилско писмо и јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните и неговото писмо односно Албанскиот.И додека новите коалициски партнери Заев и Ахмети во тајност ги држеа условите за коалиција, Бујар Османи во интервју на ТВ 24, потврди се што сега беше изгласано со Законот за употреба на јазиците.Изедначувањето на албанскиот со македонскиот јазик ќе значи и промена на Уставот, а за тоа постојано предупредуваше и професорската фела. Социјалдемократите за цело време стоеја на ставот дека Уставот не се прекршува и покрај тоа што по откривањето на деталите за Тиранската платформа и условите за коалицирање, огромен број граѓани со месеци ги полнеа улиците низ Македонија во знак на револт. Сегашниот премиер, тогаш во опозиција и пред албанската дијаспора пред две години отворено говореше за еднаквоста при употреба на јазиците. Обраќајки им се на гласачите Албанци Заев не ја исклучи намерата да се менува и Уставот.За да не биде воведена двојазичност гаранција побара и претседателот Иванов. По долги натегања мандатарот Заев ја донесе истата и се обврза дека ќе ја почитува, но тоа не се случи. Првиот човек на СДСМ досега веќе неколкупати јавно говореше за воведувањето на двојазичноста, па беа отворени и двојазични партиски штабови, а соопштенијата од партијата се испраќаа и на македонски и на албански.Законот за јазиците кој покрена бура од реакции во јавноста и беше носечкиот столб во Тиранската платформа како и услов за коалицирање во новата Влада. По 26 години од донесувањето на Првиот Устав на Македонија повторно се отвора пандорината кутија со употребата на јазиците во земјава. Иако при создавањето јасно било утврдено дека македонскиот е службен јазик во Република Македонија, по повеќе од две децении повторно се актуелизира ова прашање, па со изгласувањето на законот и албанскиот станува официјален јазик.Ивана Соколовиќ Најдова
Gepostet von Види Види am Donnerstag, 11. Januar 2018
Во друг текст, полн со дезинформации и илустрации со фотомонтажи, порталот Инфомакс објавува нови амблеми на безбедносните сили, каде што се објавува скандалозна лага околу Законот за употреба на јазиците. Во фотомонтажи на амблемите на полицијата и полициските единици, на делот на името на државата кое на албански јазик пишува „Федеративна Република Македонија“ што е целосно невистинито. Со оваа лажна вест се испраќа лажна порака дека Законот за јазици предвидува федерализација на земјава.
Последиците од ваквите лажни вести можеше да бидат фатални за меѓуетничките и интраетничките односи. Како последица на ваква кампања, се создаде реакција кај македонското население. Овие реакции се манифестираа и преку агресивните протести и говорот на омразата против албанската заедница и против политичарите од владината коалиција. Реториката што се употребуваше по социјалните мрежи и меѓу младите кулминираше со тепачки и инциденти по улици и разни настани со сериозни последици.
Арбен Зеќири