Коалицискиот партнер во владата, Демократската унија за интеграција, излезе со ново барање и дополнително ново очекување за законот за jавно oбвинителство, со кој се предвидува формирање на Јавното oбвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција.
Пратеникот на оваа партија, Артан Груби, побара новиот јавен обвинител на новото обвинителство да се бира со двојно мнозинство, или таканаречено Бадентерово мнозинство во Советот на Обвинители. Тој не крие дека очекуваат, исто така, новиот обвинител на местото на Катица Јанева, да биде Албанец.
„Немаме резерва кон ниту една личност, но работа на Советот на обвинители е да избира обвинител, не е работа на Ахмети, Груби, Џафери. Па зошто новиот обвинител да не е и Албанец?”, изјави Груби. Тој новото барање од парламентарната група на ДУИ го образложи дека се темели на првичното решение кога и Катица Јанева се избрала со Бадентерово мнозинство.
А. Зеќири