• Latest

26 јули: Филип Рикер во Скопје, 56 години од земјотресот во Скопје, Сенатот на САД го ратификува протоколот за НАТО…

July 26, 2019
Wikimedia Commons / Picture of USA Flag taken on 2013 Independence Day Celebration The U.S Embassy Ghana's July 4th Celebration at the Embassy in Accra.

Американските сили нема да бидат распоредени на палестинските територии за време на спроведувањето на планот за примирје меѓу Израел и Газа

October 11, 2025

Британски авиони летале во мисија со САД и НАТО близу руската граница

October 11, 2025
Фото: Скриншот од видео на
PBS NewsHour

Најмалку 60 лица загинаа во напад со беспилотно летало врз бегалски центар во Судан

October 11, 2025

Мицкоски: Да за ЕУ и гаранции од Европскиот совет, не за билатерални услови

October 11, 2025

Русија ја нападна енергетска и цивилна инфраструктура во регионот Одеса, едно лице е повредено

October 11, 2025

Литванија, Летонија и Естонија подготвуваат планови за масовна евакуација

October 11, 2025

Прекин на огнот во Газа: ОН ќе испорачаат 170.000 тони помош, се очекува ослободување на 48 заложници до понеделник

October 11, 2025
Илустрација ВИ

Засилена изборна кампања за локалните избори недела дена пред изборниот молк

October 11, 2025

Oдбележување на Денот на народното востание

October 11, 2025
Фото: МИА

САД ќе воведат нови дополнителни царини од 100 проценти на увозот од Кина,

October 11, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

26 јули: Филип Рикер во Скопје, 56 години од земјотресот во Скопје, Сенатот на САД го ратификува протоколот за НАТО…

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, ја почна серијата разговори со претставници на власта и на опозицијата. Тој утрово оствари средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров во МНР.

July 26, 2019 14:27
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Вест на денот: Филип Рикер во Скопје

Вршителот на должност помошник државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, ја почна серијата разговори со претставници на власта и на опозицијата. Тој утрово оствари средба со шефот на дипломатијата Никола Димитров во МНР.

Според агендата, по средбата со Димитров треба да се сретне со премиерот Зоран Заев, со кого ќе одржат заедничка прес-конференција, и потоа ќе замине за Тетово на средба со лидерот на ДУИ, Али Ахмети. Предвидено е во текот на денот Рикер да се сретне и со  претседателот на државата Стево Пендаровски, со претседателот на Собранието Талат Џафери и со други владини претставници, како и со пратениците од Независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“.

На прес – конференцијата Рикер ја повика опозицијата да покаже конструктивност за законот за јавно обвинителство, со кој треба да се реши идниот статус на Специјалното јавно обвинителство и порача дека времето за политички игри веќе е поминато. Северна Македонија, како што нагласи, се движи напред во исполнување на повеќедецениските цели во врска со евроатланските интеграции – да стане НАТО-сојузник и да ги почне преговорите за членство во Европската Унија.

Заев: Ќе се најдеме во непријатна состојба ако не се донесе законот за ЈО

За премиерот Зоран Заев, посакувано решение за законот за Јавно обвинителство е да биде донесен со консензус со опозицијата, зашто во спротивно, државата ќе биде во непријатна состојба да се изнаоѓаат други можни решенија. Премиерот појасни дека посакуван начин значи, како и досега во последните месеци што покажа РСМ, низ дебата утврдување на законско решение кое што никако нема да дозволи да се нарушат црвените линии, а тоа е владеење на правото, гарантирање на иднината на СЈО, но и создавање на Лекс специјалис – законот за јавно обвинителство кое навистина ќе ја гарантира правната држава и владеење на правото.

Протоколот за НАТО ратификуван во Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД

Комитетот за надворешни работи на Сенатот на САД го ратификуваше Протоколот за прием на Северна Македонија во НАТО.

Ратификацијата на Протоколот заеднички на Фејсбук ја објавија министерот за надворешни работи Никола Димитров и помошникот државен секретар на САД за Европа и Евро-Азија, Филип Рикер, кој престојува во посета на земјава.

Флеш вести

Алтернатива ја предлага Фатиме Фетаи за шефица на новото обвинителство

„Сега, кога треба да се избира новото име за управување со новото Обвинителство за гонење на организиран криминал и висока корупција, ја предлагаме обвинителката Фатиме Фетаи да раководи со него“, велат од партијата Алтернатива на Африм Гаши.

Хан: Никој не смее да биде амнестиран поради неспособноста да се исполнат одредени рокови

Еврокомесарот Јоханес Хан нагласи дека сите политички чинители треба да ја имаат предвид иднината и интересите на граѓаните и државата и апелираше до политичките партии што побрзо да дојдат до решение за законот за јавно обвинителство.

Мементо

Скопје се сеќава на катастрофалниот земјотрес од 1963 година

Денеска се навршуваат 56 години од катастрофалниот земјотрес што го погоди Скопје.

Во земјотресот во 1963 година животот го загубија 1.070 луѓе, а 3.000 беа повредени. Во неговата обнова се вклучија голем број држави поради што Скопје уште е познат и како „Град на солидарноста“.

Скопје секоја година го одбележува овој ден со низа манифестации. Денеска, официјални делегации и претставници на институции ќе положат цвеќе на Споменикот на жртвите од земјотресот на градските гробишта во Бутел, а традиционалната крводарителска акција ќе се спроведе од 9 до 17 часот во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“.

Д. Тахири

Print Friendly, PDF & Email
Share42Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ

    Андонов: Имаме многу необразовани членови во политичките партии, дел од тие стануваат и функционери

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украински дронови нападнаа повеќе воени и индустриски објекти низ Русија далеку од фронтот, експлозии во една од најголемите фабрики за експлозиви

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Украински дронови го погодија најголемиот нафтен терминал во окупираниот Крим, предизвикувајќи огромен пожар

    90 shares
    Share 36 Tweet 23
  • Грузиската полиција се судри со демонстранти кои се обидоа да влезат во претседателската палата во Тбилиси

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Вучиќ, со „нож во грбот“од Ердоган, го врти другиот образ: Од обнова на Отоманската империја до „пријатели и партнери“

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ