• Latest

„Зоки Поки“ ќе се екранизира

August 6, 2019
Креирано со помош на ВИ

Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Технички пропусти и култура на некомпетентност (3 дел)

November 8, 2025

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Избирачкиот список – хроничен извор на недоверба (2 дел)

November 8, 2025
Христијан Мицкоски, протестен собир против Европската рамка за преговори, јуни 2022 година (фото: Кирил Михаилов / ЦИВИЛ)

„Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

November 8, 2025
Скриншот од видео објавено од украинската амбасадорка Лариса Дир на Х

Амбасадорката Дир објави видео од спасувачките операции по ноќните напади на Русија врз Украина, меѓу повредените има деца

November 8, 2025
Скриншот од видео на
Diario AS

САД ѝ одобрија на Унгарија едногодишно изземање од санкциите за увоз на руска нафта и гас

November 8, 2025
Креирано со помош на OpenAI/ChatGPT

Локални избори 2025, прелиминарна оценка на ЦИВИЛ: Формален процес без суштински интегритет (1 дел)

November 8, 2025

САД одбија да учествуваат во ревизијата на ОН за човековите права

November 7, 2025
Мирослав Јовановиќ - Слободен печат, панел „Уставни измени - Исток или запад“, 29 јуни, 2023
фото: Д. Муратов

Каде го загубивме чувството за срам?

November 7, 2025

Данска планира да воведе минимална возраст за користење социјални мрежи

November 7, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

„Зоки Поки“ ќе се екранизира

August 6, 2019 14:17
in ВЕСТИ, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Во основното училиште „Петар Поп-Арсов“ во Карпош викендов почна снимањето на телевизиската серија „Зоки Поки“, модерна екранизација на лектирата од писателката Оливера Николова, објавена во 1963 година, јавува МИА.

ТВ-серијата за најпознатиот македонски детски лик ја режираат Александар Поповски и Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Во продукција е на „Кино око“ која соопшти дека е предвидено снимање десет епизоди според внимателно избрани теми и приказни од книгата со која имаат израснато многу генерации.

„Верувам дека спојот на она што мојата генерација го наследи од генерацијата на нашите родители ќе успееме да го пренесеме на нашите деца. Зоки Поки носи покрај забавен карактер и една длабоко хумана порака. Преточена во модерен јазик мислам дека една серија со приказни од животот на ова момче може да фрли едно топло светло врз телевизиската програма, изјави Александар Поповски“, режисер на серијалот.

На кастингот кој се одржа во мај се пријавиле повеќе од 200 кандидати за улогата на Зоки Поки и неговата дружина. Од продукцијата велат дека имале тежок предизвик, но се задоволни од направениот избор, а јавноста дополнително ќе ја информираат за актерите кои ќе ги толкуваат улогите на Зоки Поки, Лидија, Боки, Гоки и останатите ликови.

„Денешниот Зоки Поки ќе биде соодветен на времето во кое живееме по форма и естетика, но вредностите и пораките проткаени низ неговите авантури ќе останат чисти и недопрени, со верба дека ќе успеат да го пронајдат патот до срцата и на генерациите што доаѓаат“, велат од „Кино око“.

Продуцентот Роберт Насков изјави дека пред почетокот на снимањето претходеле неколку месеци подготовка. – Целата екипа е многу среќна што работи на оваа серија. Прекрасно е да се работи со деца. Верувам дека ќе направиме серија која ќе ја сакаат децата, но и родителите, додаде Насков.

Повеќе од половина век книгата „Зоки Поки“ на Оливера Николова е задолжителна лектира за учениците во македонските основни училишта. Преведена е на српски, романски, украински, чешки, италијански, словенечки, турски, албански и на германски јазик.

Режисерот Поповски и продуцентот  Насков решиле да направат  екранизација не само затоа што сметаат дека оваа лектира е релевантна за различни генерации, туку и поради недостиг на домашна ТВ-програма за деца.

Снимањето на десетте епизоди на „Зоки Поки“ ќе трае до 13 септември на повеќе локации во Скопје. Отворен е и хаштагот #ЗокиПоки и сите што ја имаат лектирата може да споделат фотографии.

Share34Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • (ФОТО) Како ќе изгледа документот за идентификацискиот број за граѓаните на „Отворен Балкан“

    113 shares
    Share 45 Tweet 28
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Последни часови од гласањето: Гласачите во клучните трки се незадоволни од Трамп и загрижени за економијата, покажуваат излезните анкети на CNN

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ