• Latest

6 август: Една година од Тимјаник, Нефи Усеини останува без тендери, три години од поплавите во Скопско…

August 6, 2019
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026

ЦИВИЛ: Не молчете пред насилството и неправдата – пријавете, документирајте, барајте одговорност!

November 22, 2026

Бламажа

November 22, 2026

Алта банка: Мицкоски слави спас, граѓаните ги чекаат своите пари – кој ќе ја плати цената на аферата?

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

6 август: Една година од Тимјаник, Нефи Усеини останува без тендери, три години од поплавите во Скопско…

August 6, 2019 15:32
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК
Share on FacebookShare on Twitter

Тимјаник, една година подоцна, пример за хумано општество

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, објави видео по повод една година од отворањето на групниот дом во Тимјаник во кој се згрижија деца од Специјалниот завод во Демир Капија.

https://www.facebook.com/carovska.mila/videos/424484371499827/

Со ова кратко видео сакаше да го покаже напредокот и прифаќањето на децата од локалното население, со оглед на протестите што претходеа минатата година. Тогаш жителите на Тимајник во страв и паника како ќе влијае присуството на децата со попреченост на нивните деца, со омраза и бурни реакции се обидоа да го спречат отворањето на домот.

 

[embedyt] https://www.youtube.com/watch?v=vWz7X0JCKcM[/embedyt]

 

Заев: На добар пат сме, зголемено учеството на извозот во БДП

Извозот на стоки во 2012 година учествувал во Бруто домашниот производ во Северна Македонија со 30,4%, а во 2018 година е зголемен за 50% и изнесувал 45,5%, според извештајот на Светската трговска организација. Нашата држава е на добар пат!“, напиша премиерот Зоран Заев на Фејсбук.

ЈП Комуналец – Охрид ги раскина договорите со Нефи Усеини

„Охридски комуналец“, јавното претпријатие на општина Охрид, по препорака на ДКСК ги раскина трите договори со контроверзниот советник од ДУИ, Нефи Усеини, на барање на Државната комисија за спречување корупција.

На денешната седница на УО на претпријатието е донесена одлука да бидат раскинати договорите со компанијата НИФИ ИК поради судир на интереси, а станува збор за набавка на градежни материјали, за одржување на депонијата Буково и користење на возило со кран дигалка за сечење на опасни дрва.

Намалување на довербата во ЕУ, 57 % од граѓаните во РСМ се за членство во Унијата

Довербата на граѓаните на Северна Македонија во ЕУ е 57 отсто и бележи намалување од шест отсто во однос на есента минатата година. Сепак, 68 отсто сметаат дека членството во ЕУ би било многу добро за земјата, наспроти 16 проценти кои имаат спротивен став. Дека земјата ќе има корист од зaчленувањето во ЕУ сметаат 72 отсто од граѓаните.

 

Ова го покажуваат податоците од стандардното истражување на Евробарометар спроведено по европските избори меѓу 7 јуни и 1 јули 2019 година во сите 28 земји членки на ЕУ и петте земји кандидати.

Флеш вести

Извршителите наплатиле околу 127 милиони од должници

За 20 дена се продадени околу 5000 електронски картички  и тагови за патарини

Денеска се навршуваат три години од невремето во Скопскиот регион, што предизвика поплави во кои загинаа 22 лица.

Попладнето на 6 август 2016, скопскиот регион беше погоден од обилни врнежи од дожд и силен ветер. Во текот на 24 часа на 6 август 2016 во Скопје наврнаа 92,9 литри на метар квадратен, а во текот на првите два часа од почетокот на невремето имало повеќе од 800 громови.

Д. Т. 

Share24TweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ